Масакрот кај Ми Лај

(Пренасочено од Масакрот кај Мај Лаи)

Масакрот кај Ми Лај (16 март 1968) е масовно убиство на повеќе невооружени селани од страна на американските војници во селцето Ми Лај, за време на Виетнамската војна.

Масакрот кај Ми Лај
МестоСелото Сон Мај, област Сон Тин во Јужен Виетнам
Датум16 март 1968 година
ЦелМаалата Ми Лај 4 и Мај Хе 4
Вид нападМасакр
Мртви347 од страна на армијата на САД (тука не се броени убиствата од Мај Хе), други проценуваат на повеќе од 400 убиства, повредени непознато, а Виетнамската влада проценува на 504 убиства од Ми Лај и Мај Хе
СторителиТаск Форс од армијата на САД Американска дивизија
2ЛТ. Вилијам Кали (осуден, па пуштен)

Една група американски војници во мисија, во потрага по виетконговци, влегла во селцето, па иако таму не нашле вооружени виетконговци, ги убиле сите постари мажи, жени и деца што ги затекле во селото; само мал број селани преживеале. Инцидентот на почетокот бил прикриван од армиски офицер со висок чин, но подоцна излегол во јавноста од страна на поранешните војници. На претстојното воено судење, водачот на водот, поручникот Вилијам Кали бил обвинет за наредба за убивање со умисла и бил осуден на доживотен затвор; но претседателот Ричард Никсон интервенирал во негово име, па по три години бил ослободен. Масакрот и другите ѕверства откриени за време на судењето ја поделиле американската јавност и придонеле за зголемување на разочараноста од војната.[1]

Виетнамски жени и деца пред да бидат убиени

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедија Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 65