Разговор со корисник:Тиверополник/Архива 1

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Добре дојде!

Здраво, Тиверополник, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Уредувањето на статии во википедија е доста едноставно. Потребно е мало искуство додека не се стекне вештина. За почеток можеш да погледнеш тука или да одиш на Википедија:Портал за повеќе информации. Исто така можеш да научиш како се уредува и со анализирање на веќе постоечките статии кои ги уредил некој друг, па да земеш она што тебе ти треба. Можеш да побараш помош од било кој поактивен корисник или од некој од администраторите. После секој интерпункциски знак (.,?;:) задолжително оставај едно празно место (тоа е стандардно правило за уредување на текст). Не е пожелно да се остава повеќе од едно празно место помеѓу два збора. Пишувај во енциклопедиски стил, обично во минато време. Твојот текст поткрепи го со наведување на извори од каде ги црпеш фактите. Ниту една статија не е ексклузивно право на било кога, така да внимавај да не влегуваш во уредувачка војна со останатите корисници. Не користи материјали кои се заштитени (copyright, ...), бидејќи истите ќе бидат избришани. Оставај кратки коментари после секое уредување на некоја статија за да може другите корисници полесно да селдат какви промени си направил. Поопширни коментари и дискусии прави во страниците за разговор на соодветната страница. Со секој корисник можеш да комуницираш ако оставиш порака на неговата страница за разговор. Не менувај ништо на корисничките страници на корисниците. Па твојата работа е добредојдена.--brest 15:02, 16 јули 2007 (UTC)

Само продолжи со креирање на статии за македонските револуционери. Обиди се на крајот да ги категоризираш со вметнување на [[Категорија:Македонски револуционери]]--brest 11:19, 19 јули 2007 (UTC)

Димитар Влахов

уреди

Ќе сакаш да ми објаснеш зошто ја промени од корен тековната верзија на статијата Димитар Влахов? Она што ти го додаде беше речиси минимално, а при тоа избриша некои податоци како и сите внатрешни врски што постоеја во статијата. Треба да знаеш дека таквото однесување се квалификува како вандализам и се казнува. Во иднина, ако сето тоа немаше задна намера, гледај да не ги бришеш придонесите на претходните корисници, туку да се надоврзуваш на нив. Мудроста не почнува со тебе (Zdravko 13:09, 23 јули 2007 (UTC))

Тиверополник, во ред е, само имај во иднина на ум да се надоврзуваш на статиите за кои имаш дополнителни информации. Така функционира Википедијата. Ако секој брише претходни верзии, бидејќи имал побројни информации, тогаш многу корисни информации се бришат. И почни да се запознаваш со „копчињата“ за уредување. Не е тешко да се совладаат. Поздрав и добредојде на македонската википедија и од мое име (Zdravko 10:53, 24 јули 2007 (UTC))

Борис Сарафов

уреди

Ја прегледав статијата и внесов одредени измени. Сепак, во глобала статијата е прифатлива. Велам прифатлива и мислам од неутрална гредна точка, а тоа е една од постулатите на Википедијата (види Википедија:Неутрална гледна точка). Неутралната гледна точка е еден од темелите на википедијата и мораш да се прилагодиш на неа. Ова е Македонска википедија, но не и Македонска националистичка википедија. Многу работи во нашата историја не се онакви како што се прикажуваат од гледна точка на македонскиот национализам. Поради тоа, нужно не мора статиите да бидат прифатливи од македонска националистичка („патриотска“) гледна точка. Непридржувањето кон истото се смета за вандализам и се казнува.

Ако имаш дополнувања или не се согласуваш со оценките во статијата, можеш да ги измениш, но имај го предвид ова што ти го кажав. Ако сметаш дека треба нешто радикално да се промени во вредносните судови во статијата, прво пиши во страницата за разговор, наместо директно да пишуваш во статијата (Zdravko 11:40, 24 јули 2007 (UTC))

Значи ова е википедија на македонски јазик (не македонска википедија), и како што рече Zdravko еден од основните постулати е Википедија:Неутрална гледна точка. Се разбира дека поголемиот број уредувачи ги застапуваат македонските интереси (од било кој аспект, па и патриотски и националистички) па во таа смисла е и македонска википедија.--brest 11:56, 24 јули 2007 (UTC

Еве така на пример... Статијата за Димитар Влахов ја променив барем 40%...(додадов нов текст). Дали можам сега целава статија да ја избришам па да ја вметнам новата верзија која од старата се разликува (како што кажав) по големината на текстот или пак да ја вметнам првин на “разговор“ ... Извинете однапред...Македонија е се што имаме(пораката не е националистичка)


Нова статија за Димитар Влахов

уреди

Во разговор ја пренесов новата статија за Димитар Влахов, сакам да ја разгледате па да ми кажете дали да ја преместам на главната страница за Димитар Влахов. Поздрав- Тиверополник

Пак ќе ти кажам дека начинот на функционирање на википедијата е на таков начин што статиите се надополнуваат, а не помалку целосните се заменуваат со поцелосни. Од проста причини што на таков начин се губат податоците што ги имало во претходната верзија. На пример, во твојата верзија го нема податокот дека Влахов членувал во Солунската социјалистичка федерација. Фалат и други податоци. Инаку, забележав напредок кај тебе во смисла на формирање внатрешни врски. Не мислам дека надополнувањето е толку тешко. Од друга страна е неизбежно и мораш да се прилагодиш на тоа. (Zdravko 11:20, 25 јули 2007 (UTC))

Надополнување

уреди

Дали сметаш дека сега е во ред статијата за Димитар Влахов. Поздрав

Има напредок, дефинитивно. Ама дуплираш податоци. Гледај да не го правиш тоа во иднина (Zdravko 15:53, 25 јули 2007 (UTC))

Ок, мило ми е што го кажа тоа.Поздрав и нели рековме човек ќе учи се додека е жив :)

Бришење и менување на содржини од страници за разговор

уреди

Сакам да те информирам дека бришење и менување на содржини од страници за разговор не е дозволено. Можно е да се избришат само во специјални случаи.--brest 11:13, 16 август 2007 (UTC)


Добро, по се изгледа дека малку се избрзав, но зошто да не е дозволено кога самата бугарска и српска википедија тоа го дозволуваат --Астрион 11:32, 16 август 2007 (UTC)Астрион

Повторно менуваш податоци во страници за разговор, пример во Разговор:ОМО Илинден - Пирин. Тоа е еден тип на вандализам. Погледни Модифицирање на кориснички коментари или Вандализам на страниците за дискусија. Не го прави тоа. --brest 10:33, 31 август 2007 (UTC)

Добро има ли некој овде на мене да ми објасни зошто ние Македонците сме толку „сурови“. Повторно повтрувам, како може да бришаат на бугарската и српската википедија па јас да не можам да ги бришам нивните глупости. На секоја втора статија ако не сте приметиле има бугарска пропаганда, што јас не велам да не дискутираме со нив но велам дека тие пишуваат она што им одговара...Нека си пишуваат на нивната ... поздрав--Астрион 09:13, 4 септември 2007 (UTC)

Герџиков

уреди

Герџиков беше и Бугарин по националност и учесник во македонското народно-ослободително движење. Поради тоа ја оставив категоријата македонски борци, а ја додадов категоријата Бугари. ОК е сега?

Патем, ако се работи за бришење на твојата страница за разговор, тоа никој не може да ти го забрани. Само што не е препорачливо. Особено ако се работи за ситуации кога си известен на страницата за разговор дека си блокиран. Ама, во твојот случај не се работи за тоа. Сепак, како што кажав, не е препорачливо да ја бришеш оваа страница. (Zdravko 14:39, 16 август 2007 (UTC))

Викиуредување

уреди

Здраво Тиверополник, прво честитам за силното ангажирање гледам барем денес помина голем број на стории. Само добронамерна сугестија, кога ги пишуваш сториите, би било добро да додеш и интервики и категоризација на статиите со цел да биде полесна навигацијата по нив за обичните корисници, а администраторите да не мора да трчаат и да ги дополнуваат сториите :) Поздрав LBakraceski 22:34, 4 октомври 2007 (UTC)

Фала за убавите зборови, само сакам да те прашам што е интервики и навигација. За жал не те разбрав најдобро. Одговори ми ако сакаш--Астрион 11:38, 5 октомври 2007 (UTC)(

Оки значи вака интервики значи поврзување на твојата сторија со идентични стории на останати јазици. Тоа можеш едноставно да го направиш со тоа што отидеш на некоја од другите верзии на Википедија, на пример во статијата Мојсеј, треба да додадеш и останати јазици. Најлесно би било да отидеш на англиската вики, да ја видиш статијата за Мојсеј (http://en.wikipedia.org/wiki/Moses) и откога ќе одбереш уреди, да ги ископираш јазиците кои се на крајот на сторијата во македонската вики, нормално во англиската притоа да ја додадеш и македонската верзија. Истото важи и за категориите. На пример Мојсеј за мене би бил во категорија религија, под категорија библиски ликови. Поздрав LBakraceski 12:16, 5 октомври 2007 (UTC)

Ok,ќе се потрудам. Фла на вниманието:--Астрион 16:17, 5 октомври 2007 (UTC))

Здебелени букви

уреди

Само да ти напоменам, не мора да биде задебелен текстот во сликите. Т.е. не би требало, освен ако не бара содржината така. Поздрав. Поречанец A? 19:57, 23 ноември 2007 (UTC)

Добто, како што ќе кажаш, поздрав--Астрион 20:04, 23 ноември 2007 (UTC)

Нов корисник кој што пишува со големи букви

уреди

Најверојатно имаме нов корисник кој што пишува со големи букви, нека малку вежба, после ќе превземеме соодветни мерки доколку не се поправи.--brest 17:18, 27 ноември 2007 (UTC)

Добро, во право си по се изгледа заборавив какви глупости правев на почетокот. Сакам да те прашам: дали има некаква организација помеѓу вас администраторите, кој на кое поле да дејствува, за што да се залага? Многу ме интересира како може бугариве да имат толку страници, можеби користат речник или... Дали постои таков македонски речник... Целта ми е како да помогнам повеќе.--Астрион 17:37, 27 ноември 2007 (UTC)
Нема некоја посебна организација помеѓу нас администраторите. Едноставно секој дава максимум од себе во дадениот момент. Одговорот на тоа зошто другите имаат повеќе статии може да се бара во повеќе причини. Пример бројот на регистрирани корисници на википедија на бугарски јазик изнесува околу 20.000 илјади. На википедија на српски јазик околу 13.000 илјади. Нормално побројна популација ги зборува овие јазици, некаде околу 8-10 милиони, и јасно имаме поголема база на потенцијални уредувачи. Од друга страна кај википедија на словенски јазик имаме регистрирани околу 13.000 уредувачи со популација по бројност приближна на македонската популација, ама википедија на словенски јазик има околу 55.000 статии, приближно колку википедија на српски јазик а нешто повеќе од википедија на бугарски јазик. Значи има уште некој друг фактор кој влијае на ситуацијата. Веројатно тоа е интернет пенетрацијата во опшеството. Има и други фактори, пример колку посветени екстремно активни уредувачи постојат. На википедија на македонски јазик имаме само еден уредувач со повеќе од 10.000 уредувања, што опфаќа 18% од вкупните уредувања. На википедија на српски јазик таквии уредувачи со повеќе од 10.000 уредувања ги имаме 8, што опфаќа 29% од вкупните уредувања. На википедија на бугарски јазик имаме 5 таквии уредувачи, со 24% од вкупните уредувања. Од друга страна имаме изданија на википедија од типот на Volapuk, Lombard и сл. кои имаат екстремно голем број на статии, а мал број на уредувачи. Поентата е во тоа што се користат т.н. ботови за креирање на статии. Во нашиот случај, википедија на македонски јазик, кај сите гореспомнати фактори имаме слабости. а се разбира има и други фактори кои влијаат на вкупниот број на статии и секако на квалитетот на самите статии. Во секој случај потребна е поголема, поинтензивна работа и подобра организација, работа на проекти, јакнење на свеста кај корисниците да дадат свој позитивен допринос во уредувањето, промоција на википедија и секако да се надеваме дека надворешните фактори ќе се променат на подобро.--brest 18:10, 27 ноември 2007 (UTC)
Е зошто да не се организирате, мислам дека секој човек е роден за некоја професија. Добро вие си знаете најдобро, ајде да не ви се мешам, јас како македонец што можам ќе помагам и колку ќе можам. Сакам само ако имаш време да те прашам, велиш“ботови за креирање на статии“. Што е тоа??? Некој автоматски преведувач од англиски??? --Астрион 18:27, 27 ноември 2007 (UTC)
Администраторите не се ништо многу повеќе од уредувачите, имаат само неколку дополнителни привилегии кои ги немаат уредувачите а овие привилегии во крајна линија во поглед на бројот на статии допринесуваат за намалување а не за зголемување на бројот на статии (привилегија за бришење, привилегија за блокирање на корисници вандали, ...). Се разбира овие привилегии позитивно влијаат на зголемување на квалитетот на википедија. Така да обичен уредувач практично има повеќе шанси да даде поголем допринос во зголемување на бројот на статиите отколку некој администратор со оглед на помалиот број обврски. На твоето прашање за ботовите (bots, wiki bots), би ти препорачал повеќе информации да најдеш на интернет. Во кратки црти тоа се програмчиња / програми / програмчишта кои вршат автоматско креирање на статии извлекувајќи податоци од некоја база на податоци, или вршат корекција на веќе постоечките статии, пример категоризација или пак вметнување на интервики линкови. Теоретски може да се креира бот кој автоматски би преведувал статии пример од англиски на македонски, но за тоа треба малку повеќе работа. Но сепак некој мора да напише статија. --brest 19:47, 27 ноември 2007 (UTC)

Ситни совети

уреди

Еј, Струмчанц :) сакам да ти укажам на три ситни работи, со цел да се усовршиш.

  1. Првиот збор во статиите најчесто е и самото име на статијата, односно темата на статијата. Тоа треба да биде со здебелени букви (bold). Пр. Струмица е град во југоисточниот дел на Република Македонија...
  2. Текстот во сликите не треба да е со дебели букви, освен ако содржината на тој текст не наложува така (веќе ти го имам спомнато ова).
  3. Известен = познат :) Знам дека си бил во Бугарија долго време, обиди се да го запамтиш ова.

Само продолжи така брат, голем поздрав. Поречанец A? 20:21, 1 декември 2007 (UTC)

Е добро е што ме разбираш :( оти таа Бугарија мамата ми ја расплача, и сега не можам ни основниот МАКЕДОНСКИ да го пишувам. Уште еднаш ти се извинувам, ама да знаеш дека стварно се трудам ама потребно ми е време. Ајде поздрав, и само сакам едно формално прашање да те прашам: Дали е подобро да се направи една добра проширена статија или да се направат повеќе но тие да се никулски. Чекам твое мислење...--Астрион 14:54, 2 декември 2007 (UTC)
Еееј, нема зошто да се извинуваш, те молам! А прашањето... Прашањето е толку сложено и апстрактно, што може да се споредува со прашања од типот „Дали се простува да убиеш човек за да спасиш друг?“ :) Тоа е вечна дилема на Википедија и може да си ја одговори секој корисник за себе, нема некое општо мислење. Јас, лично, се трудам пред сѐ статиите да бидат квалитетни. Тоа значи дека сум задоволен и од никулец, ако е добро среден. А тоа дали ќе пишувам многу за некоја статија или само ќе направам неколку никулци, зависи од моменталното расположение. Ако сакам во моментот да напишам голема статија, ама ме мрзи, ќе направам неколку никулци, наместо да се исклучам и да правам нешто друго. Значи, сѐ зависи од тебе, но мој совет е, ако не правиш ништо друго, гледај барем да направиш неколку средени никулци :) Глуп совет :D -- Поречанец A? 16:13, 2 декември 2007 (UTC)
Според економската практика, за да едно прашање биде добро одговорено, тоа треба не само да биде и добро поставено туку да има и свој смисол, затоа твојот одговор беше супер. Ајде тоа не е ни важно, значи да си работам според расположение така??? Сакам да те прашам и за тоа каде можам да најдам шаблон за галерија со слики, бидејќи моментално ја уредувам статијата за градот Ерусалим па сакам да вметнам и повеќе слики а сум видел на друѓите википедии дека користат слики со шаблони галерии. Ај ако сакаш кажи ми--Астрион 16:28, 2 декември 2007 (UTC)
Пробај тури го текстов некаде :)

<gallery>
Слика:Jerusalem from mt olives.jpg|Ерусалим слика 1
Слика:Jerusalem Ugglan 1.jpg|Ерусалим слика 2
</gallery>
-- Поречанец A? 17:39, 2 декември 2007 (UTC) </nowiki>

Брат, колку-толку можев. Ако сакаш само ти да додадеш грб и знаме на Ерусалим и галерија нешто ако сакаш. Не можев нешто се изморив многу. Ајде поздрав--Астрион 18:42, 2 декември 2007 (UTC)
Еве, ја средив инфокутијата, интервикијата и некои други работи. Па одмори се малку де :) Поречанец A? 20:18, 2 декември 2007 (UTC)
Е ајде фала уште еднаш, нели сме тим де мора да си помагаме--Астрион 21:00, 2 декември 2007 (UTC)

Слики

уреди

Еј, Струмчанец, како е? Слушај (т.е. читај хаха), кога подигнуваш слики, внимавај на имињата. Гледам си подигнал некои слики што претходно си ги симнал од италијанската Википедија, арно ама, си ги симнал со 220px или слично. Кога ќе ја симнеш смалена, сликата се зачувува со име „220px-Слика.jpg“, наместо целото име. Внимавај кога ја симнуваш сликата, да ја симнеш во целосна резолуција, и кога ќе ја подигнеш кај нас, во името случајно да не има 220px или нешто слично. АКО ИМА, тогаш си ја симнал во помала резолуција од што требало, а тоа не ни треба ;) 220px е само пример, може и друго да биде. Поздрав. -Поречанец A? 22:04, 12 декември 2007 (UTC)

Добро,“няма нищо“,:) мислам оти се разбирам што сакаш да ме советуваш. Ајде сега кога сме кај сликуите и нивно симнување да те прашам: зошто на пример, некои слики од други википедии не ги прифаќа во нашата. На пример, сликата од папа Лав IX сакав да ја подигнам ( односно копирам) од една друга википедија (која беше за жал заборавив), со само copy и paste на името на сликата и тоа не ми успева(барем не на сите слики). Тоа е така бидејќи некои се заштитени или... Ајде поздрав, и да бркаме работа. Само многу статии нема на оваа википедија бре, незнам што и од каде да почнам да пишувам, понекогаш лудило ме фаќа. :( Позздрав--Астрион 09:17, 13 декември 2007 (UTC)
Хм, не сум сигурен што ме прашуваш, ама ај да се обидам. Секоја верзија на Википедија си има посебни слики. Односно, секоја слика што ја има на англиската, треба прво да ја зачуваш кај тебе на компљуктерот, па да ја подигнеш на нашата, инаку АКО ја нема истата кај нас, не можеш да ја користиш (ако ја има, се разбира можеш:D). Постои и една работа што се вика комонс (во превод „заеднички“), а таму има слики што можат да се користат од СИТЕ Википедии. Ова е многу битно да го разбереш, комонсот е многу убава работа. Ама на комонс може да се ставаат само слики што се слободни за користење и не подлежат на никакви авторски права (како на пример знамиња). Е сега, кога ќе видиш на англиската Википедија некоја слика што сакаш да ја ставиш кај нас, прво види дали е во комонс. Тоа се прави лесно: ако е во комонс, ќе пишува убаво, ќе боде очи една кутија што вика: „СЛИКАВА Е ВО КОМОНС“! Ако не е, тогаш ќе има некоја кутија што вика „сликава подлежи на авторски права, дрн-дрн...“. Таа слика прво ќе ја отвориш (ќе кликнеш на неа) за да ти се отвори во целосна големина, ќе ја зачуваш кај тебе на харддиско, па тогај ќе ја подигнеш кај нас. Ама како што кажав претходно, глеј пред името на сликата да не има нешто како 400px-Името.jpg или слично. Тоа значи дека не си ја зачувал во целосната големина, туку смалена на САМО 400 пиксели. Откако ќе ја подигнеш кај нас, те молам барем обиди се да ја поставиш соодветната лиценца. Лиценците ги имаш овде, пробуричкај. А за тоа што многу статии нема кај нас, е за тоа сме виновни само ние, односно останатио дел од нашио народ! Барем ние немаме грижа на совест, се трудиме да ја збогатиме! Многу се вадам од кожа кога ќе видам некој мој другар да зема некои податоци од хрватската или слично. Па нек чита чувеко на неговијо јазик бреј! Нели така’? :) Сепак, мислам дека добро ни оди, само така продолжи! Поречанец A? 20:17, 14 декември 2007 (UTC)

Еј, исто така внимавај на -ич и -иќ. Српските презимиња (оние на -ић) на македонски се транскрибираат -иќ, не ич (како на бугарски). Обиди се да запомниш, а ако можеш, поправи ја и статијата за Аркан Србовиќ (да не го пцујам сега...) :) Поздрав. --Поречанец A? 21:08, 17 декември 2007 (UTC)

Добро е што ништо не те разбрав за “поправи ја и статијата за Аркан Србовиќ (да не го пцујам сега...) :)“. Не знам зажал како се прави тоа од веќе постоечка статија да го поправам нејзиното име (мислам оти тоа ме прашуваш нели?) Ајде младичу, помагајјјјј, ако не е младината за каде сме ние кои сме учеле и во српско и во бугарско време.:) Поздрав--Астрион 21:32, 17 декември 2007 (UTC)
Не, статијата јас веќе ја преместив во Жељко Ражнатовиќ. Мислев ти да го поправиш името низ статијата. Бидејќи сега пишува „Жељко РажнатовиЧ е роден ...бла бла бла...“. ;) --Поречанец A? 15:00, 18 декември 2007 (UTC)
Епа ајде кажи ми де како се поправа името на некоја ВЕЌЕ постоечка статија--Астрион 18:59, 18 декември 2007 (UTC)
Ее, тоа е многу лесно, ич да не се нервираш! Само стисни „премести“ (тоа ти е еден од табовите над страницата, до статија, разговор, уреди, историја и набљудувај, знаеш за кои зборам) и пиши го новото име. Читај ги инструкциите што ти се појавуваат. Тука може да се јави само еден вообичаен проблем: ако новото име што сакаш да ѝ го дадеш на статијата е веќе во употреба, односно постои таква статија. Во тој случај, само ископирај го цел текст од првата статија во втората статија и направи првата статија да пренасочува кон втората со #redirect [[]]. Треба малку да го прочачкаш и да го испробаш за да го сфатиш. Ако ти е уште нејасно, кажи поконкретно што е проблемот. --Поречанец A? 19:18, 18 декември 2007 (UTC)

Христо Узунов

уреди

Статиите треба да се форматирани, треба да има линкови и забелешки за секоја секција... добра статија треба да изгледа вака. Поздрав. Фрајтнер Разговор 14:56, 28 декември 2007 (UTC)

Па шаблонот значи само тоа, 'статијата треба да е форматирана'. Фрајтнер Разговор 15:20, 28 декември 2007 (UTC)
За кој статии мислиш? Зборуваш ли за статиите на Христо Узунов и другите македонски револуционери? Фрајтнер Разговор 14:54, 5 јануари 2008 (UTC)
Сфаќам, направи ја статијата Категорија:Портите во стариот град без текстови, само со слична категорија како Категорија:Ерусалим... тоа се :) Подрав Фрајтнер Разговор 15:23, 5 јануари 2008 (UTC)

Temple Mount

уреди

Кога ја започнував статијата за Ерусалим и јас наидов на проблемот со преводот на овој дел од Ерусалим. Го преведов со Рид на храмовите, откако консултирав преку Гугл како кој превел во Македонија и во околните јазици. Се уште мислам дека ова е најдобриот превод, макар што ја оставам можноста дека има и подобар превод (Zdravko 11:58, 12 јануари 2008 (UTC))

Златна тегла ајвар!

уреди
За исклучителни придонеси на Википедија на македонски јазик

Браво Тивериополник за се што имаш до сега направено за македонската вики. Само храбро напред! Поздрав! LBakraceski 17:36, 3 февруари 2008 (UTC)

Предлози за избрана статија

уреди

Гласање за избрана статија

уреди

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (  ), {{против}} (  ) или {{воздржан}} (  ), како и свое мислење преку {{коментар}} (  ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.--brest 22:20, 10 февруари 2008 (UTC)

Струмица

уреди

Здраво, Тивериополник. Околу бројот на Албанци во Струмица. Не можев да проверам дали е податокот точен, но во статијата пишува еден. Види ако можеш дали е исправен. Зашто мене ми изгледа малку смешно. --Виктор Јованоски 22:49, 17 февруари 2008 (UTC)

Фала многу за информацијата. Поздрав и уште многу избрани статии, --Виктор Јованоски 14:39, 18 февруари 2008 (UTC)

Понтиј Пилат

уреди

Струмичáнец, јас ќе ти кажам: види на англиската како е :D Е, и фала за добредојдето ;) --Поречанец A? 21:32, 19 февруари 2008 (UTC)

Во разговорот кон статиjата за овоj истакнат револуционер си прашал дали имам некои оригинални негови текстови. Ако се интересираш, овде може да прочиташ некои негови статии и документи, поврзани со делото му. Биди поздравен! --Boban Krumeski 19:52, 20 февруари 2008 (UTC)

Помина долго време, повеќето од тоа што сум читал и пишувал не ме занима. Сепак, фала ти, кога ќе бидам расположен за оваа тема ќе прочитам. Поздрав--Астрион 14:51, 21 февруари 2008 (UTC)

Ништо посебно за средувањето на предлогот - само можеби треба да се продолжи за уште една или две реченици. Само тоа дури кога ќе се избере (што сум прилично сигурен дека ќе се случи). Така што, не се секирај, ништо важно. Поздрав, --Виктор Јованоски 20:45, 3 март 2008 (UTC)

Слики без лиценца

уреди

Во последните уредувања имате користено слики на фудбалери без да наведете лиценци. Доколку не биде наведена лиценца истите ќе бидат избришани.--brest 17:11, 5 март 2008 (UTC)

mk интервики на en заклучени статии

уреди

Во страницата за разговор пиши баш вака: „{{editprotected}} Please add an interwiki link for the [[:mk:СТАТИЈА|Macedonian version]]. Thank you.“ (без наводниците) :D Другото тие ќе го средат ;) --Поречанец A? 18:16, 8 март 2008 (UTC)

Кошаркарски клубови

уреди

Логоата на кош. клубови веќе се подигнати, не ги подигнувајте по втор пат. Видете ги имињата на сликите од шаблонот {{Кошаркарска прва лига}} за поточно.

--Guitardemon666 15:46, 11 март 2008 (UTC)

наградичка

уреди
Податотека:Shahterskaya Slava 1st Degree.jpg
Специјален руски орден за статии за Русија на Македонската Википедија за Тиверополник од  Рашо  (Раз) 18:25, 25 март 2008 (UTC)

крстоносни војни

уреди

Еве вака изгледа. Сега преведуј ги категориите и слично. Би го направил и јас тоа но моментално сум на англиската и се борам до смрт :) . Брест ке се обиде на среди со сокриј и покажи. Ти во меѓувреме преведуј ги насловите и категориите. Нема проблем ако ги работиш на мојата страница тука Корисник:Raso mk/за правење. позз--Raso mk 21:03, 14 април 2008 (UTC)

Песни

уреди

Здраво Астрион/Тиверополник. Ти имаш речено на разговор:Македонско девојче нешто за песните "Една мисла имаме" и "Блгарија цела да е". Фактот е дека Војо Стојановски ја напишал "Една мисла имаме"; Бугарската страна чисто ја крадела. Исто така е и "Зајди зајди" - гледај на англиската википедија тука. Немам ништо против бугари како луѓе, тие ни се братучеди :), но има неколку будали корисници тука и на англиската. Балканец Да? 05:17, 19 април 2008 (UTC)

Балканец, јас со се се согласувам со тебе, исто и за братурчедите како србите, бугарите, хрватите..., Фала шо ме потсети за песната од Војо--Астрион 11:16, 19 април 2008 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Тиверополник/Архива 1“.