Пјер Лоти
Луј Мари-Жулиен Вио (француски: Pierre Loti, роден на 14 јануари 1850 во Рошфор - починал на 10 јуни 1923 во Андај[1]) — француски писател, кој е најмногу познат под псевдонимот Пјер Лоти .
Пјер Лоти | |
---|---|
Pierre Loti on the day of his reception at the Académie Française, 7 April 1892 | |
Роден/а | 14 јануари 1850 Рошфор, Франција |
Починат/а | 10 јуни 1923 Андај, Франција | (возр. 73)
Псевдоним | Луј Мари-Жулиен Вио |
Занимање | писател офицер |
Националност | Французин |
Потпис |
Биографија
уредиПјер Лоти е роден на 14 јануари 1850 година во Рошфор, Франција, во семејство на протестанти. Своето образование го започнал во своето родно место. На 17 години се запишал во поморскот училиште во Брест и студирал на Le Borda. Тој постепено го зголемил во својот ранг во професијата, постигнувајќи ранг на капетан на флота во 1906 година. Често тврдел дека никогаш не чита книги, но сведоштвата на неговите пријатели го докажале спротивното, исто како и неговата библиотека, од која голем дел е зачуван во својата куќа во Рошфор. Лоти често патувал до Блискиот и Далечниот Исток, од каде добил инспирација за многу од неговите дела. Во 1876 година, колегите го убедиле да ги состави во еден роман пасусите од својот дневник. Така во 1879 година анонимно ја објавил „Aziyadé“ („Цариград“) според неговите искуства и доживувања во градот.
Лоти во следниот период бил до Полинезија, како дел од својата поморска обука, каде во Тахити поминал два месеци во 1872 година. Неколку години подоцна тој го објавил романот од неговите доживувања во Полинезија, насловен како „Rarahu“ (1880), и која била преведена како „Le Mariage de Loti“. Ова било првото дело кое било познато од Лоти за пошироката јавност. Неговиот раскажувачот објаснува дека името Лоти било дададено од страна на домородците, за неговиот неточен изговор за зборот „Roti“ (црвен цвет).
Во 1881 година било објавено делото „Le Roman d'un spahi“ за авантурите на еден војник во Сенегал. Во 1882 година, Лоти издал збирка на четири пократки дела и три приказни, во рамките на општиот назив на „Fleurs d'ennui“. Во 1883 година Лоти го постигнал центарот на вниманието за пошироката јавност. Најпрвин, тој ја објавил критиката „Mon Frère Yves“, роман кој го опишува животот на еден француски поморски офицер. Додека бил во Тонкин (северниот дел на Виетнам), како поморски офицер на бродот на „Atalante“, Лоти објавил три статии во весникот Le Figaro во септември и октомври 1883 година во врска со злосторствата што се случиле за време на битката на Тунан Ан (20 август 1883), по нападот од страна на француските сили врз виетнамските. По неговата објава тој добил закана за суспензија. Во 1886 година Лоти го објавил романот „Pêcheur d'Islande“ кој Едмунд Гос го карактеризира како „најпопуларно и најдобро од сите негови дела.[2]
Во 1890 година Лоти го објавил „Au Maroc“ додека следната 1891 година го објавил делото „Le Livre de la pitié et de la mort“. Лоти бил во бродот на пристаништето во Алжир кога на 21 мај 1891 година пристигнала вест дека бил избран за член на Француската Академија. Во 1892 година тој го објавил романот „Fantôme d'orient“, краток роман кој претставувал еден вид продолжение на Aziyadé. Тој во неговите дела ја има опишано посетата на Светата земја во три тома, Пустина, Ерусалим и Галилеја, (1895-1896),а во 1897 година го напишал романот „Ramuntcho“. Во 1898 година, тој ги собрал неговите есеи во „Figures et Choses qui passaient“.
Во 1899 и 1900 Лоти ја посетил Британска Индија, со цел за да го опише она што го видел. Резултатот се појавил во 1903 година во делото „L'Inde (sans les anglais)“. Во текот на есента 1900 година тој патувал во Кина, како дел од меѓународна експедиција испратена да се бори против Боксерското востание. Тој го опишал она што го видел таму по опсадата на Пекинг во „Les Derniers Jours de Pékin“ во 1902 година.
Следни дела на Лоти се: „La Troisième jeunesse de Mme Prune“ кое било напишано во 1905 година по враќањето од Јапонија, „Les Désenchantée“ кое било напишано во 1906 година, „La Mort de Philae“ кое било напишано во 1908 година по посетата на Египет, „Judith Renaudin“ кое било напишано во 1908 година итн. За време на Првата балканска војна Пјер Лоти пишувал статии во поддршка на Отоманското Царство, во кои ја бранел доблеста и хуманоста на Турците и ја дефинирал војната како „предаторска“. Во одговор на тоа, бугарскиот поет Иван Вазов ја напишал песната „На Пјер Лоти“.
Односот кон Турците
уредиПјер Лоти го посетил Истанбул на неколкупати, најпрвин во 1876 година, како офицер на француски брод. Лоти бил под големо влијание на отоманскиот стил на живот и ова се одразило во неговите романи. Тој се сретнал во Цариград со жената според која го нарекол и романот „Aziyadé“. Тој живеел во Ејуп. Тој секогаш се квалификувал како пријател на Турците. Во книгата што ја напишал во 1913 година, „La Turquie Agonisante“, ги критикувал западните политики. Истата година тој заминал во Турција, како гостин на државата и бил пречекан со голема церемонија во Топхане. Султанот Мехмед V му бил домаќин во неговата палата. За време на Балканските војни, Првата светска војна и потоа, тој секогаш ги бранел Турците против европските сили во нивната окупација на Анадолија. Со својата поддршка на отпорот во Анадолија тој ги добил симпатиите на турскиот народ. Како одговор на поддршката на Пјер Лоти за Турската војна за независност, Советот на министри му испратил порака на благодарност. Тој исто така бил прогласен и за почесен граѓанин на Истанбул во 1920 година.[3], и една населба била именувана по него[4], исто како и едно кафуле во Ејуп и една улица во Диванјолу.
Дела
уреди- 1879 – Aziyadé
- 1881 – Le Roman d'un spahi
- 1882 – Le Mariage de Loti (Rarahu)
- 1883 – Trois journées de guerre en Annam
- 1883 – Mon frère Yves
- 1886 – Pêcheur d'Islande
- 1887 – Madame Chrysanthème
- 1890 – Au Maroc и Le Roman d'un enfant,[5]
- 1892 – Fantôme d’Orient
- 1897 – Ramuntcho –
- 1906 – Les Désenchantées
- 1918 – L'Horreur allemande, Les Massacres d'Arménie
- 1919 – Prime jeunesse [6]
- 1920 – La Mort de notre chère France en Orient
Наводи
уреди- ↑ www.encyclopedia.com
- ↑ Оваа статија е главно изведена од написот „Пјер Лоти“ од Едмунд Госе единаесеттото издание на Енциклопедијата Британика. Освен ако не е поинаку наведено, тој е изворот што се користи насекаде, со цитати направени за конкретни цитати од Госе.
- ↑ Cultural Ministry of Turkey (Turkish)
- ↑ ^ a b AnaBritannica Ansiklopedisi, c.14, s.601.
- ↑ „Текст на Le Roman d'un enfant“. fr.wikisource. Посетено на 2008-09-02.
- ↑ „Текст на Prime jeunesse“. inlibroveritas.net. Архивирано од изворникот на 2008-09-14. Посетено на 2008-09-02.
Надворешни врски
уреди„Пјер Лоти“ на Ризницата ? |
Official
- Official site of Maison Pierre Loti Архивирано на 26 февруари 2012 г., house museum in Rochefort, in French.
Sources
- Дела од Pierre Loti на проектот „Гутенберг“
- Предлошка:Семрежен архив author
- Предлошка:Семрежен архив author
- Дела од Пјер Лоти на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
Commentary
- René Doumic. Contemporary French Novelists. New York, Boston : T. Y. Crowell & company. 1899. Biography and critical summary of Loti. From Семрежен архив.
- Edmund Gosse. French Profiles. New York : Dodd, Mead and company. 1905. Collected reviews of Loti's works, by literary critic Edmund Gosse. From Семрежен архив.
- Albert Leon Guerard. Five Masters of French Romance: Anatole France, Pierre Loti, Paul Bourget, Maurice Barrès, Romain Rolland. London T. Fisher Unwin. 1916. Biography and literary survey of major works. From Семрежен архив.
- Frank Harris. Contemporary portraits. Second series. New York. 1919. Personal recollections of Loti. From Семрежен архив.
- Henry James, ed. Impressions. Westminster : A. Constable and Co. 1898. Introduction by Henry James about Loti's life and works. From Семрежен архив.
- Winifred (Stephens) Whale. French Novelists of To-day. London : John Lane; New York, John Lane company. 1908; see chapter "Pierre Loti", biography and literary survey. From Семрежен архив.
- Easter Island Foundation Архивирано на 16 мај 2008 г. sells an English translation of Loti's account of his visit to Easter Island, along with those of Eugène Eyraud, Hippolyte Roussel and Alphonse Pinart, under the title Early Visitors to Easter Island 1864–1877.
- Pierre Lotis' Madame Chrysanthème Архивирано на 19 јули 2011 г.