Анри Русо
Анри Русо (франц. Henri Rousseau; Лавал, 21 мај 1844 — Париз, 2 септември 1910)[1] бил француски постимпресионистички сликар на наивна или примитивна насока.[2][3] Познат е и како царински службеник по професија, па го викале и Анри Русо царинскиот службеник. За време на животот го навредувале, а подоцна е познат како самоук-гениј чија работа е висока уметничка вредност.[4][5]
Анри Русо | |
---|---|
Русо во 1907 година;
фотографија од Дорнак | |
Роден(а) | Анри Жулиен Феликс Русо 21 мај 1844 Лавал Мајен |
Починал(а) | 2 септември 1910 Париз, Франзија |
Националност | Французин |
Образование | самоук |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | постимпресионизам, наив арт, примитивизам |
Заднина
уредиРоден е во Лавал во долината Лаоре во водоинсталатерско семејство. Работел кај еден адвокат и изучувал право.[6] Меѓутоа по еден помало вероломство побегнал во војска, во која служел четири години почнувајќи од 1863 година. Татко му умрел истата година кога Русо се оженил. Русо се преселил во 1868 година во Париз, каде што се вработил како државен службеник. Од 1871 година работел како собирач на данок. Почнал да слика кога бил во 40тата година, а кога имал 49 години се пензионирал за да има време за уметноста. Подоцна често свирел виолина по улиците и работел други ситни работи, бидејќи имал мала пензија. Русо тврдел дека нема учител освен сам себе. Сепак признавал дека примал некакви совети од двајца академски сликари Феликс Огиста Клеман и Жан Леон Жером. Тој бил самоук и се смета за наивен сликар.
Слика
уредиНеговите најпознати слики покажуваат сцени од џунгла. Интересно е што тој никогаш не видел џунгла. Обожавателите на неговите слики рашириле невистинити приказни дека бил во француската експедиција, корпус во Мексико. Русо инспирацијата ја добивал од илустациони книги и од посета на ботаничкот двор во Париз. Сретнал војници кои служеле во Мексико и ги слушал нивните приказни.
Техника
уредиСликал во слоеви. Започнувал со небото во позадина, а завршувал со животни или луѓе во преден план. Дождот на сликата Тигар на тропско невреме, насликана во 1891 година ја постигнува на иновативен начин со тенки светлосиви потези на бои долж целото платно со лак или глазура. Кога би сликал Русо си сакал најнапред со една боја и нејзините нијанси. Потоа би употребил друга боја. На секоја слика би работел значително многу време. Во сликањето боите со понизок квалитет биле користени за финансиски ограничувања. На некои делови на некои подрачја не спроведувал коректна техничка процедура, па бојата му пукала.
Наводи
уреди- ↑ Henri Rousseau biography Архивирано на 24 октомври 2008 г. at the Guggenheim
- ↑ Artillerymen by Rousseau at the Guggenheim
- ↑ „Welcome to HenriRousseau.org – "Le Douanier" : The Life and Works of Henri Rousseau“. Henrirousseau.org. Архивирано од изворникот на 2020-11-14. Посетено на 2012-08-07.
- ↑ Rousseau Архивирано на 6 мај 2009 г. at the National Gallery of Art
- ↑ Henri Rousseau, 1844–1910 By Cornelia Stabenow pp. 7, 8
- ↑ Masterworks at the Albright-Knox Art Gallery, (1999), first published as 125 Masterpieces from the Collection of the Albright-Knox Art Gallery(1987), Karen Lee Spaulding, general editor, page 72
Надворешни врски
уреди„Анри Русо“ на Ризницата ? |
- Henrirousseau.org Архивирано на 14 ноември 2020 г., дела на Русо
- Анри Руси: Џунгла во Париз Архивирано на 2 септември 2016 г.
- Ten Dreams Galleries