Дервенска Клисура
Дервенска Клисура — клисура покрај реката Вардар. Се протега од утоката на Беловишка Река до селото Рашче во должина од 21,5 км. Всечена е во тријаските варовници на Жеден од десната страна и Градиште и Долги Рид од левата страна на Вардар. Ги поврзува Полошката Котлина на северозапад и Скопската Котлина на југоисток[1]. Во клисурата постојат три теснини и две ерозивни проширувања. Во првото проширување се селата Дворце и Долно Орашје, а во второто селото Радуша и рудничката колонија. Преку клисурата води железничка пруга од нормален колосек изградена во 1952 година.[2]