Орашко Кале

археолошко наоѓалиште во Македонија
Орашко Кале

Остатоци од Орашкото Кале

Карта

Местоположба 42°06′28″N 21°09′14″E / 42.10778° СГШ; 21.15389° ИГД / 42.10778; 21.15389
Основни податоци
Место Орашје
Општина Јегуновце
Тип

 утврдена населба  црква  некропола

Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Град(иште) Собри (или Орашко Кале) — рударска и гранична тврдина и регионално средиште во атарот на селото Орашје, Тетовско.[1][2][3][4][5][6]

Реконструкција на тврдината Собри, Орашје, доцноантичка рударска и гранична тврдина, обновена и во доцниот среден век

Местоположба

уреди

Месноста лежи на највисокиот дел од еден долг и тесен огранок што од планинскиот масив на Шара се спушта кон Вардар. Јужниот дел на огранокот завршува во Дервенската Клисура, затворајќи ја од северната страна. Градиште е оддалечено 1 кмод Вардар и 3 кмјугоисточно од Орашје и се издига 110 м високо над реката. Двете страни му се многу стрмни и паѓаат во длабоките бразди на Љуботенска Река и на еден поток. Има лесен пристап од север и југ. На падините источно од Градиште лежат стари рудници на железо и сребро и денешните копови на рудникот Радуша (хром). Низ Дервенската Клисура водел стариот пат од Скопје кон Полозите и кај Градиште се одвојувал од него патот кон преминот Вратница на север, водејќи кон Качаник, Косово и Призрен.

Најстари остатоци

уреди

Во доцноантичко време на Градиште било изградено обѕидие во цврста малтерна техника, кое опкружувало 3 простори:

  • Акрополата зафаќала простор од 0,8 ха, а ѕидот и бил зајакнат со повеќе кули, два челни бастиони, предѕидови и ровови пред овие, всечени во карпеста почва. Долж акрополата по средина водела широка улица трасирана на гола карпа, а од двете нејзини страни се гледаат основи на повеќе куќи со по неколку правоаголни простории, сложени во еден до два реда. Куќите се вклопени во правилна урбана шема и носат рановизантиски белези, иако е веројатно дека биле обновени и користени и во доцниот среден век.
  • Западното подградие се простирало на падината западно од акрополата, потпирајќи се на неа по целата должина. Зафаќало површина од 1,5 ха. Обѕидието (со малтер) било зајакнато со кули и потпорки а на северната страна и со предѕид. И тука се наѕираат темели од куќи.
  • Северното подградие било изградено на сртот пред акрополата, големо 0,5 ха и со обѕидие како и претходното. Во една подоцнежна фаза на североисточната кула бил дограден нов ѕид кон североисток, со кој е укрепен и просторот источно од неа. Од надвор, на дистанца од 20—40 м пред обѕидието бил насипан силен бедем од камен и земја, што служел како предѕид на целата тврдина. Внатрешниот простор е исто така исполнет со куќи во правилни и паралелни шеми.

Северно од крепоста, на зарамнетиот срт на ридот, на просторот до 3 ха се протегала неукрепена населба. Наоди во крепоста: керамика, повеќе монети од IVVI век, многу парчиња ситни предмети ковани од железо или лиени од бронза и сребро. Крепоста ја контролирала границата меѓу провинциите Превалитана и Дарданија, што била повлечена преку овој цотег. Воедно ги штитела гореспоменатите блиски рудници, а преработката на металите во неа претставувала стопански основ на населението во и околу неа.

Средновековни остатоци

уреди
 
Наоди од XIII-XIV век

На обѕидието на акрополата се гледаат големи обновувања во доцниот среден век: била доградена северната кула-бастион и ѕидниот потег југозападно од неа, со полукула на западниот крај и сложен премин со скали и рампи пред него. Тука се следат дури две или три накнадни преправки.

Јужното чело на акрополата било изградено целосно и денес е запазено во височина од 9—11 м. Тоа остава впечаток на вонредна монументалност и атрактивност, со што го вбројува градот Собри меѓу нашите најдобро запазени крепости од средниот век. Челото е повлечено во права линија запад — исток, долго е вкупно 30 м, а една од двете кули на него има белези на донжон (од XIIIXIV век). До неа од внатрешната страна стоела голема правоаголна градба — трпезарија или коњушница (?), чиишто горни катови служеле несомнено за живеење.

Во доцниот среден век покрај акрополата биле населени и двете подградија и неукрепената варош северно од нив, на чиј северен дел лежат урнатините од една средновековна црква. Црквата е делумно откопана од Р. Грујиќ (во 1939 г., необјавено). На целиот простор се среќаваат парчиња од средновековна грнчарија и предмети исковани од железо (ножеви, врвови од стрели со средновековни форми, алатки, шарки и кламфи, токи, делови од брави, клинци и др.). Една мамуза од железо со специфична форма упатува на IX-X век а турските акчиња во XV век, ја претставуваат временската рамка во која егзистирала крепоста.

Крепоста Собри имала функција речиси иста како и доцноантичката: ги чувала двете спомнати патишта и премините на СЗ граница на Византија кон полунезависните српски земји преку Шара, а ги контролирала и обновените рудници во околината. Своето монументално утврдување градот Собри го добил несомнено по српските освојувања на Полог и по уривањето на византискиот центар Лешок (во 1190 г.). Потоа Собри станало главна крепост во овој регион, а несомнено и стопанско средиште благодарение на рудниците и металургијата. Не само во крепоста и населбата до неа, туку и во целата околина лежат бројни згуришта и трагите од обработката, пржењето и топењето на железо, бакар и сребро. Во тој регион и денес се наоѓаат коповите на рудниците Јегуновце и Радуша.

По cѐ изгледа дека и Турците ги користеле овие рудници некое време, а поради нив и тврдината Собри. Можно е последните преправки во тврдината да потекнуваат токму од турско време. Во пописниот дефтер од 1467/68 г. покрај селото Собри (кое тогаш броело 73 куќи) е спомната и тврдината Собри (В. Кравари 1989, 221).

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Цвииќ Ј., 1911
  2. Дероко А., 1950
  3. Алексова Б., 1959, 217
  4. Томоски Т., 1976
  5. Трифуноски Ј., 1976
  6. Микулчиќ И., 1982 б, 135-138

Надворешни врски

уреди