Турија — река во Македонија, десна и најголема притока на реката Струмица[1]. Долга е 44,7 километри, зафаќа сливна површина од 263 км2 и има релативен пад од 19 ‰ (промили)[1]. Во горниот дел се формира од два крака - Широки Дол којшто извира на Плачковица на надморска височина од 1065 метри и тече кон југоисток и Безгаштевска Река која што извира на иста надморска височина на планината Огражден и тече кон северозапад[1]. Тие се спојуваат меѓу Грамадик и Малинска Планина и оттука настанува реката Турија која што тече кон југ и во средниот тек е позната под името Нивичанска Река[1]. На овој потег во 1972 година е изградена вештачката акумулација Турија со зафатнина од 48 милиони м3 вода. Недалеку од селото Доброшинци ја напушта тесната планинска долина и навлегува во пространиот рамничарски дел на Струмичкото Поле, каде што претставува главна водна артерија на неговиот северен дел. Во реката Струмица се влева кај селото Турново на кота од 215 метри[1].

Турија
Местоположба
Физички особености
УстиеСтрумица
 • надм. вис.
215
Должина44,7
Особености на сливот

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 185.