Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Петралинци
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ — католички храм кој се наоѓа во Петралинци, Општина Босилово.
Св. Кирил и Методиј | |
---|---|
Црква „Свети Кирил и Методиј“ | |
Место | Петралинци |
Земја | Македонија |
Вероисповед | Католицизам |
Мреж. место | petralinci.jimdo.com |
Архитектура | |
Завршена | 2010 |
Историја
уредиПочетоците на црквата датираат уште од самото доаѓање на т.н.бежанци на оваа локација во 1913 година, кои за време на Втората балканска војна напуштајќи ги нивните вековни огништа од Кукушко се населиле во селото.
До изградбата на првата црква во 1929 година во селото постоела жива христијанска заедница кои своите верски должности и потреби ги извршувале во најблиските католички цркви, пред сè во Радово и Струмица.
Правно црквата до 1960 била филијална црква на парохијата во Радово, а од тогаш до 2006 година е филијална црква на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица. На 29 октомври 2006 година филијалата била воздигната во парохија.
На 10 март 2009 година од страна на Киро Стојанов бил благословен камен-темелникот на новата црква, која на 7 март 2010 година била осветена.
Иконостас
уредиИконостасот во црквата е четворореден со комбинација на икони и резба. Во првиот ред од иконостасот се прикажани резби со мотиви од Стариот завет: Адам и Ева, Жртвата на Авраам, Десетте Заповеди и Избавувањето на Лот од Содом. Посебно внимание заслужува резбата од Тајната вечера, која е над царските двери, на која Јуда Искариот во еден редок приказ со кесето во раце бега од вечерата. На вториот ред од иконостасот се наоѓаат иконите според каноните на Црквата, третиот ред е со икони на светите апостоли, а четвртиот ред со празнични икони и завршува со распетието, под кое се наоѓаат Богородица и свети Јован Богослов.
Галерија
уреди-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Мермерен натпис во дворот на црквата
-
Чешма во дворот на црквата
-
Бунар во дворот на црквата
-
Поглед кон прозорците на црквата
-
Поглед кон портата на црквата
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Петралинци на Ризницата ?