Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали

Манастирот Свети Климент и Наум Охридски — православен манастир кој се наоѓа во Хамзали, Општина Босилово, во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 км. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски.

Свети Климент и Наум Охридски
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Хамзали
Општина Босилово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски Чудотворец
Изградба 2000
Завршено 2003
Архитектонски опис

На растојание на околу 500 m од оваа камена црква во византиски стил чиј иконостас ја следи традицијата на ранохристијанските базилики, во 2003 година бил подигнат монашкиот конак со внатрешен параклис посветен на големиот учител и покров на монасите исихасти, Григориј Палама.

Овде во 2004 година во неделата на Св. Григориј Палама започнало изградбата на новата монашка заедница, денес петчлено братство чиј старешина е свештеномонахот Георгиј. Во непосредна близина на конакот има манастирско трло во кое братството одгледува стадо од педесетина овци и кози. Монасите во Хамзали се занимаваат и со земјоделство, со изработка на икони и монашки ракоделија.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди