Омер-паша Латас
Сердар Екрем Омер-паша Латас [1] (Јања Гора, 24 септември 1806 — Цариград, 18 април 1871) — отомански паша со српско [2] [3] [4] потекло, родум од Воена Краина во Хабсбуршката Монархија.[5] [6][7]
Омер-паша сердар Екрем Омер-паша Омер-паша Латас Omer-paša Latas | |
---|---|
Родено име | Михајло Латас |
Починал | 18 април 1871 Цариград, Османлиско Царство | (возр. 64)
Држава | Австриско Царство (до 1823) Османлиско Царство (до 1871) |
Род | Османлиска војска |
Служба | 1823 — 1869 |
Чин | Мушир |
Заповедал со | Командант на османлиските сили во Молдавија и Влашка |
Битки/војни | Албански бунт од 1843–1844 Курдски востанија
|
Сопружник/ци | Ида Ханим Адвије Ханим |
Животопис
уредиНеговото родено име било Михаило, а во младоста бил познат како „Миле Латас“.[8] Роден во 1806 година во Јања Гора кај Плашки, која во тоа време се наоѓала во Австрија, како син на помлад офицер во австриската армија. Учел во средно „воено“ училиште во Госпиќ и таму останал само една година, додека како одличен ученик не добил бесплатно питомско место во кадетското училиште во Задар. Како многу млад бил земен во војска; станал питомски стражмештер во штабната писарница во Госпиќ. Дури по завршувањето на кадетското училиште, поради семејни проблеми (татко му бил казнено пензиониран од војската поради поткрадување, што го чинело кариера), побегнал во 1827 година на Кастелски Гребља [1] во Босна и стигнал до Гламоч, од каде набрзо се преселил во Бања Лука, мачејќи се да заработи за преживување.
Во Бања Лука, по препорака на неговиот тогашен муслимански газда Хаџи Алија Бојиќ, преминал во ислам. За да се ослободи од австриската потера поради дезертирање, Миќо се „потурчил“, а по сунетисувањето го зел новото име Омер. Две години подоцна, во пресрет на немирите во Босна, „Омер ефенди“ отишол со писмо од својот шеф Али во Видин кај пријатели. Таму командантот на тврдината Ибрахим-паша го зел како учител по цртање за своите деца и задоволен од неговата работа го препорачал во Цариград. Омер се истакнувал со своите цртежи и планови и какот таков му се видел на неговиот заштитник способен и корисен за претстојните реформи на турската војска. Во Цариград го пречекал големиот везир Хусреф-паша, кому исто така му се допаднал. Со оваа препорака, тој најпрво станал учител по техничко цртање во Константинополската воена школа, а подоцна учител на престолонаследникот Абдул-Меџид и наскоро (1838) полковник во Царската армија.
Извесно време поминал во Србија[1], одејќи во Видин, за што сведочи Јован Ђ. Авакумовиќ во своите белешки.
„За време на првата влада на кнезот Милош, преминав во Србија како австриски воен бегалец. Ме примија одлично, добив учител во Груж. Јас тогаш би останал да им служам на Србија и на Србите, колку што би умеел и можел со мојата подготвеност и знаење. Но, по тоа кратко време во Србија, Австрија побара од Србија да ме предаде на Австрија. . . Кога Австрија така ме побара, кнезот Милош ме покани на својот двор во Крагуевац и ми рече: Сине, не можам да се борам со Австрија поради тебе, но нема нејзе да ѝ те предадам бидејќи сум информиран дека не си виновен, како што претставува Австрија, а и дека си воспитан во духот на српството. Ќе им наредам на моите власти да ти олеснат и да преминеш во Турција. Оди таму и влези во служба. Турција е оскудна во луѓе; според твојата подготвеност и способност сигурен сум дека далеку ќе стигнеш во турската служба...“
Кога Абдул Маџид дошол на престолот, Омер Латас станал паша. Одличен војник, Омер-паша се истакнал во 1840 година во Сирија против султановите одметници, 1842 година за време на задушувањето на бунтот во Албанија, 1845 година повторно во Сирија и во 1846 година во Курдистан, секогаш борејќи се со бунтовниците против централната власт. По овие успеси, уште многу млад, тој беше назначен за мушир. Во 1848/49 година со Русите ги окупирал дунавските кнежевства Влашка и Молдавија.
Акции во Босна и Херцеговина
уредиНа Балканот Омер-паша останал запаметен по тоа што го скршил отпорот на босанските бегови. Имало силно противење на реформите на султанот во Босна и Херцеговина уште од времето на Хусеин-бег Градашчевиќ. Едно време се чинело дека стивнува, но од револуционерната 1848 година избувнала со обновена енергија.
Во 1849 година избувнало востание против Османлиите во Босанска Краина, а босанскиот везир Тахир-паша не успеал да го совлада. Потоа слични движења се појавиле и на другите страни, а меѓу противниците на реформите беше и херцеговскиот везир Али-паша Ризванбеговиќ. Во мај 1850 година, султанот го испратил во Босна Омер-паша, да го задуши востанието. Тој пристигнал во август истата година и брзо и одлучно крваво го задушил бунтот, ги уапсил главните водачи, меѓу кои и Али-паша, кого бил убиен од стражар на 20 март 1851 година. Еден стар бег за него забележал: „К'сметот така сакаше, ние гостопримливо да го примиме и посвоиме овој син на нашите крвни непријатели, за подоцна да ни ја опусти земјата и засекогаш да ја скрши нашата стара сила.[9]
Околу 1.000 од најистакнатите аги и бегови биле затворени, а околу 400 од нив биле испратени оковани во Цариград. После тоа, Босна била мирна, а феудалниот став на беговите и агите засекогаш бил скршен. Затоа Омер-паша Латас во Босна е прогласен за „ѓаурпаша“ и најголем непријател на домашното благородништво.
Везирот Омер-паша Латас, не очекувајќи дека ќе се одобри возобновувањето на светата обител Глоговац, се налутил поради добиената дозвола за обнова, која пристигнала од Цариград. Наредил манастирот да се изгради на такво место од каде што нема да се слушаат црковните ѕвона, а светилиштето да не биде поголемо од крзно од волова кожа. Според легендата, мештаните се досетиле и направиле јаже од волова кожа, со што добиле во должина на темелот на црквата. Црквата е изградена од вагански камен во истата клисура на рекичката Глоговац, каде што некогаш постоел стар средновековен манастир.[10]
Други акции
уредиКога во 1852 година дошло до судир меѓу Порта и кнезот Данило, на Омер-паша му била доверена врховната команда над османлиската војска. Челичниот обрач околу Црна Гора почнал да се стега во јануари 1853 година, но понатамошната акција била спречена со посредство на Австрија и Русија.
Непосредно потоа, кога избила Кримската војна (есента 1853 година), Омер-паша бил назначен за командант на турската војска на дунавската линијата. Се држел многу добро и го добил чинот сердар-екрем. По повлекувањето на Русија од Дунав, Латас соработувал со англиските и француските сојузници за време на опсадата на Севастопол во Кримската војна, а подоцна и во борбите на Кавказ. Од 1857 до 1859 година Омер-паша Латасбил заповедник во Месопотамија, каде повторно ги задушил востанијата.
Поради својата острина извесно време бил во немилост, но повторно избил на чело во 1861 година, кога на повидок била војната со Црна Гора, по повод востанието на Лука Вукаловиќ. Во таа војна, Омер-паша Латас повторно бил врховен командант и ја довел Црна Гора во многу тешка положба од која повторно се извлекла само со заземање на големите сили. Последната воена мисија на Омер-паша била да го задуши грчкото востание на Крит во 1867 година. Овој пат воено ја завршил својата работа, но блокадата не можел да ја заврши поради лошата состојба на османлиската флота и залихите. Затоа, во 1868 година се повлекол, а подоцна како пензионер работел во Европа.
Награди
уредиКнижевност
уредиНобеловецот Иво Андриќ во својот роман „Омер-паша Латас“ се занимава со ликот и делото на Омер-паша, со дејството сместено за време на војната на Латас во Босна и Херцеговина.[12]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Босанска вила", Сарајево 1???
- ↑ Okey 1986.
- ↑ Pavlowitch 2002.
- ↑ Takeyh & Gvosdev 2004.
- ↑ Sweetman 2001.
- ↑ The Ottoman Empire and Its Successors, 1801 -1927. CUP Archive. стр. 141. GGKEY:5L37WGKCT4N.
- ↑ „MuslimHeritage.com“. Архивирано од изворникот на 27 ноември 2010. Посетено на 8 декември 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ "Школски лист", Нови Сад 1866. године
- ↑ "Босанска вила", Сарајево 1???; по успоменама његовог личног лекара др Ј. Кечета.
- ↑ Српско коло, бр. 45, август 2019, Манастир Глоговац - чувар православља и традиције Јања. Београд. 2019. стр. 18. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 11,0 11,1 Список кавалерам российских императорских и царских орденов за 1849 г. Часть I. Санкт-Петербург, 1850.
- ↑ Omer Pasha Latas Архивирано на 1 октомври 2010 г., Посетено на 17. 4. 2013.
Литература
уреди- Muradbegović, Ahmed (1944). „Omer-paša Latas u Bosni, 1850-1852“. 42. Matica hrvatska. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Laurence Oliphant (1856). The Trans-Caucasian campaign of the Turkish army under Omer Pasha: a personal narrative. W. Blackwood and sons.
- Bessé, Alfred; Morris, Edward Joy (1855). The Turkish empire, embracing the religion, manners and customs of the people, with a memoir of the reigning sultan and Omer Pacha. s.n.
- Sweetman, John (2001). The Crimean War: 1854-1856. Osprey Publishing. ISBN 9781841761862.
- The Ottoman Empire and Its Successors, 1801-1927. CUP Archive.
- Ćirković, Sima M. (2004). The Serbs. Wiley-Blackwell. стр. 222. ISBN 0-631-20471-7.
- Chambers's biographical dictionary: the great of all times and nations by David Patrick, Francis Hindes Groome; W. & R. Chambers, limited, 1907 page 706
- The Near East in Modern Times: The Ottoman Empire and the Balkan States to 1900, by G. G. Arnakis, Wayne S. Vucinich; Pemberton Press, 1969 pages 207, 345
- Wars and Peace Treaties, 1816-1991 by Erik Goldstein; Routledge, 1992 page 24
- The encyclopedia of nineteenth-century land warfare: an illustrated world view by Byron Farwell; W. W. Norton & Company, 2001 page 613
- The Balkan Economies C. 1800-1914: Evolution Without Development by Michael R. Palairet; Contributors: Charles Feinstein, Patrick O'Brien, Barry Supple, Peter Temin, Gianni Toniolo; Cambridge University Press, 2004 page 133
- Religious separation and political intolerance in Bosnia-Herzegovina by Mitja Velikonja; Texas A&M University Press, 2003 pages 85–86
- History of the Balkans: Eighteenth and nineteenth centuries by Barbara Jelavich; Cambridge University Press, 1983 page 345
- An Ethnohistorical Dictionary of the Russian and Soviet Empires by James S. Olson, Lee Brigance Pappas, and Nicholas C.J. Pappas; Greenwood Press (March 30, 1994) page 8
- The Druzes And The Maronites Under The Turkish Rule From 1840 To 1860 by Charles Henry Churchill; Kessinger Publishing (June 30, 2004) pages 64, 72–74,77-79
- A military history of modern Egypt: from the Ottoman Conquest to the Ramadan War by Andrew James; Greenwood Publishing Group, 2006 p121-122
- The Turkish Empire; Its Historical, Statistical, and Religious Condition: Also Its Manners, Customs, Etc. by Alfred de Bessé, Edward Joy Morris, Contributors: John Fagan and Thomas S. Sinclair; Lindsay & Blakiston, 1854 pages 24–27
- The Reconstruction of Europe: A Sketch of the Diplomatic and Military History of Continental Europe, from the Rise to the Fall of the Second French Empire by Harold Murdock, John Fiske; Houghton, Mifflin and Company, 1889
Надворешни врски
уреди- Омер-паша Латас на Ризницата ?