Данило I Петровиќ Његош
Данило I Петровиќ Његош (1670, Црна Гора, Османска империја — 1735, Манастир Подмаин, Венецијанска Република) бил цетински и црногорски владика, зачетник на борбата за ослободување на Црна Гора од османлиската власт, основач на црногорската династија Петровиќ-Његош и човекот кој поставил темелот на рускиот култ во Црна Гора. Тој е првиот Црногорец кој воспоставил политички врски со Руското царство, а воспоставувањето на врските со рускиот двор биле најважното надворешнополитичко случување за Црна Гора во овој период, случување кое имало одучувачка улога за понатамошниот политички и општествен живот на Црногорците.
Данило I Петровиќ Његош | |||||
---|---|---|---|---|---|
владика на Црна Гора | |||||
Данило I претставен во првото издание на Горски венец (всушност тоа е ликот на самиот Петар II Петровиќ Његош) | |||||
На престол | 1697-1735 | ||||
Наследник | Сава Петровиќ Његош | ||||
| |||||
Династија | Петровиќ-Његош | ||||
Татко | Шќепан Калуѓеров Петровиќ-Његош | ||||
Мајка | Сава |
Владиката Данило се појавил на црногорската историска сцена во еден особено значаен момент. Период во кој биле удрени основите за развој на политичкиот и друштвениот живот на Црна Гора во текот на целиот XVIII век. Данило бил инспиратор и организатор на т.н Истрага против потурчените (исламизирани Црногорци). Владиката Данило користејќи се со неограничената власт во Црна Гора, успеал да ги смири меѓуплеменските судири и да го одржи мирот со Османлиското Царство по склучувањето на Пожаревачкиот мир од 1718 година.
За време на владеењето на владиката Данило, борбата на Црногорците против Османлиското Царство, започната уште во 17 век, влегла во одлучувачка фаза за еманципација од османлиската власт.
Потекло
уредиВо периодот, помеѓу пропаѓањето на старите средновековни држави и воспоставувањето на Османлиското Царство, во Црна Гора и Балканскиот Полуостров се појавил вакуум кој создал услови за развој на сточарството од номадски и полуномадски тип. Сточарите со своите стада почнале да се населуваат од еден крај во друг.
Токму во овој период на миграција, според едно предание, Петровиќите се населиле во Црна Гора од местото Зеница, Босна. Има претпоставки дека тие се населиле за време на владеењето на Иван Црнојевиќ (1471-1490). По пристигнувањето во Црна Гора, Петровиќите за постојано се населиле во Катунската нахија, каде подоцна се создало племето Његоши.
За потеклото и животот на Петровиќите пред нивното доселување во Црна Гора, има многу малку оскудни информации. Освен преданието кое пренесува дека тие кратко време претојувале во Требиње, а потоа на планина Његош, кај местото Мужевиц.
Кое било нивното име пред населувањето во Црна Гора не е позната и најверојатно поминале три или четири генерации, сè додека не се родил Радул (кој кога станал калуѓер и го зел името Петар) по кое семејната куќа или братството го добило своето име Петровиќи. Во XVIII век, започнале да се формираат црногорските племиња. Внукот на овој Петар, Шќепан Калуѓеровиќ - татко на владиката Данило бил кнез на Његошите. Шќепан Калуѓеровиќ често заминувал во странство кај патријархот во Пеќ и поради својата правичност стекнал големо почитување меѓу народот.
Рани години
уредиВо 1683 година, кога Данило Шќепчевиќ имал 13 години, започнал последниот голем освојувачки поход на Османлиите. Тешките времиња низ кој минувал младиот Данило, оставиле траен печат во неговово искуство, овозможувајќи му на идниот владика објективно да ја согледа и проучи судбината на својот црногорски народ, што било пресудно за неговото изднигнување на рангот на црногорски владика и митрополит, како и за неговите успеси против Османлиското Царство и нејзиното влијани во Црна Гора.
Еден од најважните настани на кој петнаесетгодишниот Данило бил сведок, била Битката кај Вртијељци од 1685 година. Дваесет и две години подоцна, Данило во едно писмо, до црногорските кнезови и старешини, потсетил на овој настан:
„ | ... Како што ви е познато, колку само храбри Срби, Грци, Бугари, Унгарци, Германци загинале во Виенската војна... Претпоставувам дека многумина ќе ве прекоруваат, меѓутоа не грижете се за тоа и немојте на никому да одговарате, како племените и познати ајдуци кој загинаа... на Вртијељци... На Митров-ден, 25 - ти во месецот 1714 | “ |
Данило Шќепчевиќ во 1689 година за првпат во Цетиње го запознал пеќскиот патријарх Арсеније III Црнојевиќ, кога патријарх држел жестоки говори и го подигал моралот на црногорскиот народ, потикнувајќи ги самите Црногорци, во името на Христос да го прифатат оружјето, сите обединиети и со негов благослов да тргнат во војната против Османлиите, заканувајќи се со строга казна на екскомуникација, ако не го послушаат.
Данило бил сведок на уште еден политички настан, измамата на Венецијанците од 1692 година. Црногорците ја прифатиле власта на Венецијанската Република во име на заедничката борба против Османлиското Царство. Меѓутоа, Црногорците биле поразнеи од османлиските сили, а Венецијанците и нивниот водач Џовани Антониј Болица се повлекле, пртеходно тие тајно го минирале и срамниле со земја најголемото црногорско светилиште - Цетинскиот манастир. Манстирот бил најстариот објект во Цетиње, кој бил изграден од страна на Иван Црнојевиќ во 1484 година. Манстирот бил свето место за Црногорците и брдските племиња. Оваа политика на Венецијанската Република, придонела кај идниот владика Данило да се создаде една недоверба кон Венецијанците.
Владика
уредиДанило многу млад ја напуштил својата куќа и се замонашил. Во 1692 година, пред протерувањето на гувернадурот Болиц и неговата војска, починал владиката Висарион Бориловиќ Бајица, сојузник на Венецијанците. По неговата смрт се поставило прашањето за пополнување на владичкото место.
Венецијанската Република имала повеќе кандидати, сите од нејзината територија, од Бока Которска т.н Венецијанска Албанија. Меѓутоа никој од венецијанските кандидадти немал голем углед и влијание меѓу Црногорците. Во еден момент била разгледувана опцијата за не пополнување на влаадичката функција, за да можат Венецијанците послесно да ја контролираат Црна Гора, а во игра била и можноста владичкото место да му биде доделено на некој од приврзаниците на Ватикан, но тоа било тешко прифатливо за патријахалните Црногорци. Последен и најсериозен венецијански кандидат бил поранешниот белградски митрополит Хаџи-Симеон, но и тој не поминал.
Од османлиска страна, преку пеќскиот патријарх Калиник, фанариот, бил предложен кандидат кој не бил прифатен. Во 1694 година, црногорското општо собрание за црногорски владика го избрало Саватије-Сава Калуѓеровиќ, кандидат на протераниот патријарх Арсениј III Црнојевиќ. Меѓутоа, Саватије-Сава Калуѓеровиќ владикувал само три години и со неговата смрт повторно се отворило прашањето за цетинскиот владика.
Данило Шчепчевиќ на свој двесетиседум години, бил новиот кандидат на Арсениј III. Во 1697 година, црногорското општо собрание го избрал Данило за нов верски поглавар на Цетинската митрополија. Данило бил првиот владика од куќата Петровиќ Његош кој бил избран од црногорското собрание, а воедно и последен владика кој бил избран од претставниците на Црногорците. По неговата смрт, станало традиција цетинските владици да бидат поставувани од куќата Петровиќ Његош. Во 1700 година, Данило заминал за Унгарија, каде бил хиротонисан од страна на Арсениј III Црнојевиќ. Данило со протераниот патријарх имал пријателски односи.
Бадникарска ноќ
уредиДанило бил организатор и инспиратор на борбата против потурчените и исламизирани Црногорци, кој претставувале реална закана за самостојноста на Црна Гора. Според традицијата, истрагата се именува како Бадникарска ноќ (Бадњим вечером) и била спроведена меѓу цетињаните и чеклиќите, а во неа учествувале осум лица. Самата истрага е спорна и не може точно да се датира. Борбата против исламизираното население во Црна Гора, била долготраен и контитнуиран процес во текот на XVIII век.
Борби помеѓу христијанското и муслиманското население во Црна Гора се воделе уште во времето пред владиката Данило, најчесто врз племенска основа, меѓутоа, Данило успеал на борбата да ѝ даде општцрногорски карактер. Петар Петровиќ - Његош во својот Горски венец пишува:
Види ѓаол со седум биниши, со два меча а со двене круни, Турковиот премнук со коранот! а по него тиќе неброено, да заоусти земја до краина, како поле скакулци што пустат... Малу му е Азија, кај кукна, да закопа и Грци и Срби... На престол седиш со кривина земен, се гордееш со скиптер скрвавен, улиш Бога од светиот олтар, над крстот здробен минаре се виши!... Црна Гора не се покорува, баш никако, да е сосем моја: со нив вака треба да се чини, та зафати врашкиот месија слач на лажна вера да им дава. Бог ве убил, погани изроди, турска вера муѓу нас зошто е?... Штом го смислив денешниот зговор, ме згоруваат од ужас пламења: брат со брат ќе се исколиме, а крвникот силен и песосан ќе ни сотре семе од порода...
— Владика Данило, Горски Венец[1]
Надворешна политика
уредиВо 1707 година, Данило имал средба со венецијанскиот провидер за Далмација и Венецијанска Албанија - Густав де Рив. Тој имал намера во Бока да ги собере Грбљаните, Мајините, Поборите, Белопавлиќите, Никшиќите, Кучите, Озриниќите, Цетињаните и сите преостанати народи (племиња) од Горните Брда, со цел да го зацврсти своето влијание. Меѓутоа, Данило имал недоверба кон Венецијанската Република. Венецијанците се стремел да го зацврстат своето влијание во Црна Гора на сметка на Османлиското Царство, отпутајќи плати и пензии за црногорските старешини, меѓутоа Венецијанците не се грижеле за интересите на Црногорците и нивната борба за самостојност.
Данило се стремел, и успеал, да воспостави контакти и добри односи со Руската Империја, единствената слободна православна држава и со нејзина помош да го намали влијаниети на Венецијанците и Османлиите во Црна Гора. Владиката Данило е првиот Црногорец кој воспоставил политички врски со Русија, а воспоставувањето на врските со рускиот двор бил еден од најважните надворешни случувања, кој влијаел врз развојот на целокупниот општествен и политички живот на црногорскиот народ сè до првите децении на XX век.
Борби со Османлиите
уредиБорбата против Османлиите била сведена на непалаќање на харачот, што значело негирање на османлиската власт. Османлиското Царство ја третирала Црна Гора за своја провинција. Општата борба на црногорските, брдските и херцеговските племиња ја разнишале османлиската власт на една поголема територија. Османлиите презеле разни мерки за смирување на бунтовничките племиња. Била утврдена линијата Скадар-Гацко. Тогаш биле подигнати три дврдини од каде Османлиите можеле од три прваци да навлезат во Црна Гора. Меѓутоа, Османлиите неуспешно се обидувале да го наплатат харачот, а ајдучките напади на Црногорците достигнале големи размери што османските власти морале да преземат воени акции и посебни мерки.
Кај Високата порта, под притисок на постојаните обвиненија од сите страни, созреала идејата за раселување на Црногорците. Оваа задача му била доверена на скадарскиот паша. Во 1706 година, Османлиите со значајни сили уапднале во Црна Гора, меѓутоа благодарени на посреднишвото на некои од албанските првенци, Црногорците биле поштедени од раселувањето. Но, Црногорците биле прунудени да прифатат плаќање на харачот и давање на заложници, како и ветување дека нема да ги напаѓаат османлиските поданици. Меѓутоа, црногорските племиња не ги исполниле своите обврски, а нивните ајдучки напади продолжиле.
Во 1710 година, Руската Империја влегла во војна со Османлиите, а Петар Велики ги повикал балканските христијани да се кренат против османлиската власт. Во 1711 година, во црна Гора пристигнале двајца руски емисари полковникот Михајло Милорадовиќ и капетанот Иван Лукачевиќ. Тие донеле царска грамота, малку пари и ветување за руска помош. Владиката Данило, заедно со Милорадовиќ бргу ја организирале борбата против Османлиите. Борбата на црногорските, бртските и херцеговските племиња достигнеле невидени размери. Востаниците ги нападнале Никшиќ, Гацко и Спуж, меѓутоа не успале да ги освојат. Венецијанската и Дубровничката Република плашеќи се за своите интереси ги блокирале Црна Гора и Херцеговина. Османлиите со ангажирање на поголеми сили, успеале да се одржат во Херцеговина, но Црна Гора останала слободна.
Султанот издал ферман за казнување на црногорските и бртските племиња, како и фаќање на организаторите на отпорот - владиката Данило и Милорадовиќ. Во 1712 година, 20 000 османлиски војници под команда на Ахмед Паша навлегле во Црна Гора. Владиката Данило и Милорадовиќ со 500 души, преку венецијанската територија се префрлиле во Херцеговина. Ахмед Паша успеал да се пробие до Цетиње, каде што го разрушил манастирот, а некој од околните племиња ја признале неговата власт. Меѓутоа, Ахмед Паша не можел долго да се задржи и се повлекол. Походот бил неуспешен, а следната година Црногорците ја возобновиле својата ајдучка дејност.
Високата порта подготвила нов поход. Во 1714 година, босанскиот везир Нуман Паша Ќуприли со 30 000 луѓе ја нападнал Црна Гора. Во текот на походот на Нуман Паша, Венецијанците повторно ја блокирале Црна Гора. Црногорците се обиделе да дадат отпор, но поради бројноста на османлиските сили биле потиснати кон венецијанската граница. Походот на Нуман Паша се одликувал со жестокост. Црна Гора била опустошена и ограбена, а најмногу Катунска нахија. Меѓутоа, Османлиите повторно не успеале да го заробат владиката Данило и војводата Вукот Вукашиновиќ кој со своите приврзаници сè уште се борел. Владиката Данило на време успеал да се засолни и заминал за Русија за да побара помош. На венецијанска територија се засолниле 2 300 души, Османлиите побарале тие да им бидат предадени од страна на венецијанската власт, но барањето не било исполнето. Венецијснкото одбивање и псолужило како повод на Османлиското Царство да им објави војна на Венецијанците на 10 декември 1714 година.
Во текот на 1715 година, претставниците на црногорските племиња воделе преговори со Венецијанците за зедничка борба против Османлиското Царство но не бил постигнат никаков договор. Во почетокот на април 1716 година, владиката Данило севратил во Црна Гора. Од рускиот двор добил 2 700 дукати и 13 400 рубљи. Неговото враќање од Русија се поклопило со вклучувањето на Хабсбуршката монархија во војната против Османлиите. Данило воспоставил политички врски во виенскиот двор, сметајќи дека од Виена ќе добие поголема помош отколку од Венецијанците, кој пак од своја страна се стремеле да ги вовлечат Црногорците во војната против Османлиите. Меѓутоа, Данило спроведувал политика на исчекување и кординација со виенскиот двор. Владиката Данило од страна на Венецијанците бил осуден на смрт со труење, поради неговите политички врски со Хабсбурговците. Меѓутоа, најголемиот дел од црногорските старешни се залагале за соработка со Венецијанската Република, која ветувала голема и брза помош.
Во 1717 година во Венеција пристигнале црногорски претставници кој започнале преговори со Венецијанците. Бил постигнат договор според кој Црна Гора требало да биде протекторат на Венецијанската Република во замена за самоуправа и црковна самостојност. По постигнувањето на договорот, владиката Данило се обидел да го попречи неговото спроведување, но неуспеал во тоа и им се придружил на Венецијанците. Во септември 1717 година бил утврден воениот план за заедничо дејствување. Во октомври 1 200 Црногорци во соработка со Венецијанците го нападнале Бар, но не го освоиле. Во летото 1718 година, Црногорците го нападнале Улцин, меѓутоа повторно не постигнале успех.
Пожаревачки мир
уредиНа 21 јули 1718 година бил потпишан Пожаревачкиот мир [2][3]. Со овој договор Црна Гора повеќе не бил протекторат на Венецијанската Република. Владиката Данило неуспешно се обидел да ги придобие Венецијанците да застанат зад интересите на Црна Гора.
Со овој мир, четири црногорски општини: Грбаљ, Маини, Побор и Браиќ им припаднале на Венецијанците. Владиката Данило и понатаму, сепак со одредени ограничувања, бил третиран како црковен поглавар на овие општини, како и на неколку населби во Бока Которска. Со Пожаревачкиот мир, меѓународната положба на Црна Гора не се изменила. Османлиите и понатаму ја третирале за своја провинција, но харачот не можеле да го наплатат.
Наследство
уредиНа Црногорците им било потребно подолго време да се опорават од походот на Нума Паша Ќуприли. Владиката Данило користејќи ја неограничената власт, успеал да ги смири судирите помеѓу племињата и да го одржува мирот со Османлиите. Неговата активност во тој правец престанала по 1725 година. Ајдучкото дејствување на Црногорците не било прекратено, меѓутоа го изгубило свото поранешно значање. Таа состојба останала сè до смрта на Данило во 1735 година.
Дејствувањето на Данило се одвивало во еден преоден период во историјата на Црна Гора. Ослободителната борба на Црногорците која започнала во 17 век со потпора на Венецијанската Република, влегла во една одлучувачка фаза во почетокот на XVIII век.
Владиката Данило бил основач на династија Петровиќ-Његош, која со Црна Гора управувала повеќе од два века. Неговиот подоцнежен неследник, Петар II Петровиќ - Његош го опеал во своето дело Горски венец.
Извори
уреди- ↑ П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988
- ↑ Encyclopædia Britannica - Treaty of Passarowitz
- ↑ Текста на договорот
Литература
уреди- Владалачка кућа Петровић-Његош, Цетиње, 1910. године (део садржаја је преузет са Njegos.org: Династија Петровић-Његош)
- Александар Младеновић, „Владика Данило и владика Сава - Писма“, Књижевност Црне Горе од XII до XIX вијека, „Обод“, Цетиње, 1996.
- Растислав В. Петровић, „Владика Данило и владика Сава (1697-1781)“, „Стручна књига“ Београд 1997.