Моизе Кен
Моизе Биоти Кен (роден на 28 февруари 2000 во Верчели) — италијански фудбалер, напаѓач на Фјорентина и на италијанската репрезентација
Моизе Кен | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 28 февруари 2000[1] | ||
Роден во | Верчели, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м[1] | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фјорентина | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
Торино | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2019 | Јувентус | 16 | (7) |
2017–2018 | → Верона | 19 | (4) |
2019– | Евертон | 32 | (2) |
2020–2021 | → Париз Сен Жермен | 26 | (13) |
2021–2024 | Јувентус | 79 | (11) |
2024– | Фјорентина | 8 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2015 | Италија 15 | 6 | (2) |
2015 | Италија 16 | 4 | (3) |
2015-2017 | Италија 17 | 17 | (8) |
2017-2018 | Италија 19 | 6 | (4) |
2018- | Италија 20 | 1 | (2) |
2018- | Италија 21 | 4 | (2) |
2018- | Италија | 17 | (5) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Биографија
уредиМоизе Биоти Кен е роден на 28 февруари 2000 во Верчели. Двајцата родители му се по потекло од Брегот на слоновата коска.[2] Неговото семејство се доселило во Верчели во 80-тите години; а потоа се преселиле во Асти во 2007 година.[3] Кен има тројца браќа и една сестра: Гилдас, роден во 1984 година, Инес Флора, родена во 1989 година, и Фадел и Џовани, родени во 1993 година. Двајца од неговите браќа Гилдас и Џовани се исто така фудбалери. Двајцата играат во Серија Д, иако почетокот на својата кариера го имале во младинските категории на Про Верчели.[3]
Кен е потпомогнат, од страна на агентот Мино Раиола.[4]
Клупска кариера
уредиЈувентус
уредиПочетоци и младинска кариера
уредиПо преселбата во Асти Кен бил забележан како игра фудбал на улица од страна на Ренато Бјази, кој го приклучил во младинските тимови на Асти пред да му го понуди на Торино.[5] Во 2010 година и покрај тоа што најпрво потпишал нов договор со Граната, подоцна се преселил во градскиот соперник Јувентус.[6][7]
Во текот на сезоната 2015-2016 играл за тимот на Јувентус под 17 години, меѓутоа во февруари 2016 бил приклучен во примавера тимот од страна на тренерот Фабио Гросо, дебитирајќи со само 15 години; Јувентус стигнал до финалето на Кампеонато Примавера каде загубиле на пенали од Рома. Следната сезона тој ја започнал како регуларен член на примавера тимот, играјќи многу силно со 5 постигнати гола во 8 настапи.
Деби за првиот тим и првиот гол
уредиКон крајот на октомври 2016 како резултат на кризата со повредени напаѓачи, Кен го добил својот прв повик во првиот тим на Јувентус за натпреварот против Сампдорија, меѓутоа останал неискористена замена. Своето деби за првиот тим на Јувентус го направил на 19 ноември 2016 во победата со 3-0 на домашен терен над Пескара, на возраст од само 16 години, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Марио Манџукиќ. Со тоа тој станал првиот играч роден од 2000 година па наваму кој дебитирал во некоја од четирите најсилни европски лиги. На 22 ноември, тој исто така станал првиот играч роден после 2000 година кој дебитирал во Лигата на шампионите, откако се појавил во игра во победата со 3-1 на гости против Севиља.
На 27 мај 2017, во последниот коло од сезоната 2016-2017 во Серија А, Кен го постигнал својот прв погодок за Јувентус и тој се покажал како победнички во успехот со 2-1 над Болоња. Тој станал првиот играч роден во или после 2000-тата година кој постигнал гол во некоја од петте најсилни европски лиги.[8]
Заемот во Верона
уредиНа 31 август 2017, откако го продолжил својот договор со Јувентус до 30 јуни 2020, Кен бил позајмен на Хелас Верона во договор за една година.[9][10] На 10 септември го направил своето деби за Верона во Серија А, влегувајќи како замена на местото на Алекс Ферари во 46-тата минута во поразот со 5–0 на домашен терен од Фјорентина.[11] На 1 октомври, Кен го постигнал својот прв гол за Џалоблу во 87-мата минута од натпреварот против Торино што завршил нерешено 2–2, во кој неговиот тим се вратил од 2-0 негатива со два гола во последните минути.[12] Својот втор гол за сезоната го постигнал во победата со 3-0 на домашен терен над Милан во декември 2017.
На 28 јануари 2018, Кен за првпат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар во Серија А во победата со 4–1 на гостувањето кај Фјорентина, со што станал само вториот играч роден од 2000 година па наваму година кој го сторил тоа, после Пјетро Пелегри.[13][14][15] Вкупно за време на својот престој во Хелас Верона (сезоната 2017-2018), одиграл 20 натпревари за клубот (19 во првенството и еден во купот) и постигнал четири гола.[16]
Враќање во Јувентус
уредиЛетото 2018 година Кен се вратил во Јувентус. Иако имало голем број понуди за него да оди на нова позајмица или да направи постојан трансфер во некој друг клуб, сепак од Јувентус одлучиле да ги одбијат сите и да го задржат младиот напаѓач приклучувајќи го во првиот тим.[17] Својот прв настап во сезоната го имал на 2 октомври 2018, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Манџукиќ во победата со 3-0 над Јанг Бојс во Лигата на шампионите; нешто подоцна на 1 декември го забележал првиот настап во Серија А 2018-2019 во победата со 3-0 на гостувањето кај Фјорентина повторно заменувајќи го хрватскиот напаѓач. На 12 јануари 2019, Кен го постигнал својот прв гол за Јувентус во сезоната 2018-2019, во победата со 2-0 над Болоња во Купот на Италија.[18]
На 8 март 2019, тој постигнал два гола и врз него бил направен пенал за третиот гол во победата со 4-1 на домашен терен над Удинезе.[19] Кон крајот на истиот месец, на 30 март, влегол од клупата и го постигнал единствениот погодок на натпреварот со кој бјанконерите го победиле Емполи со 1-0.[20] На 2 април 2019 година, Кен го постигнал вториот гол за својот тим во победата со 2-0 против Каљари, при што бил предмет на расистички скандирања на дел од навивачите на сардинијците.[21] Веднаш по постигнувањето на голот тој го прославил така што застанал пред противничките навивачи со раширени раце, а неговиот соиграч Леонардо Бонучи остро го критикувал тој потег на Кен изјавувајќи дека со тоа тој делумно придонел за навивачите уште погласно расистички да скандираат до крајот на натпреварот.[22][23] Бонучи изјавил: "Ние сме професионалци мораме да претставуваме пример, а не да провоцираме некого".[23] Четири дена подоцна, Кен влегол од клупата за резерви и го постигнал победничкиот гол за Јувентус во победата со 2-1 во дербито против Милан.[24] На 20 април 2019, Кен го освоил своето второ скудето во кариерата со Јувентус, откако клубот од Торино по осми пат во низа станал шампион на Италија.
Евертон
уредиНа 4 август 2019, Кен потпишал петгодишен договор со Евертон во трансфер вреден 27.5 милиони евра плус 2.5 милиона евра во бонуси.[25][26] На 10 август, тој го направил своето деби за карамелите во ремито 0–0 против Кристал Палас во Премиер лигата, влегувајќи како замена од клупата на местото на Доминик Калверт-Луин.[27]
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 2 април 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2016-2017 | Јувентус | А | 3 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | СИ | 0 | 0 | 4 | 1 |
2017-2018 | Верона | А | 19 | 4 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 20 | 4 |
2018-2019 | Јувентус | А | 13 | 6 | КИ | 1 | 1 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 0 | 0 | 17 | 7 |
Вкупно Јувентус | 16 | 7 | 1 | 1 | 4 | 0 | 0 | 0 | 21 | 8 | |||||
2019-2020 | Евертон | ПЛ | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
Вкупно кариера | 36 | 11 | 2 | 1 | 4 | 0 | 0 | 0 | 41 | 12 |
Титули
уредиЈувентус
уреди- Серија А : 2
- Куп на Италија : 1
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ROSA JUVENTUS PRIMAVERA 2016/2017“. giovanibianconeri.it. 20 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-20. Посетено на 2016-11-22.
- ↑ „Moise Kean, il talento che sfida il tempo“. 19 ноември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Un vercellese tra Juve e United“. lastampaa.it. 19 ноември 2016.
- ↑ „Moise Kean“. transfermarkt.it. 19 ноември 2016.
- ↑ „MOISE KEAN / L'attaccante della Juventus sfida il tempo: potrebbe essere il primo classe 2000 a esordire in Serie A“. Архивирано од изворникот на 2017-09-17. Посетено на 2016-12-06.
- ↑ https://it.sports.yahoo.com/notizie/moise-kean-il-talento-che-sfida-il-tempo-il-092114271.html#comments
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-11-20. Посетено на 2016-12-06.
- ↑ „MOISE KEAN MAKES HISTORY, SEALS FINAL WIN FOR JUVENTUS“. beinsports.com. 27 May 2017. Посетено на 27 May 2017.
- ↑ „Official: Kean loaned to Verona“. Football Italia. 31 August 2017. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2017-09-01.
- ↑ „UFFICIALE: KEAN È GIALLOBLÙ, SANE ALLA JUVENTUS“. hellasverona.it. 31 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-09-01. Посетено на 2017-09-01.
- ↑ „Hellas Verona vs. Fiorentina - 10 September 2017 - Soccerway“. uk.soccerway.com (англиски). Посетено на 2017-10-14.
- ↑ „Torino vs. Hellas Verona - 1 October 2017 - Soccerway“. uk.soccerway.com (англиски). Посетено на 2017-10-14.
- ↑ „Moise Kean scores first Serie A brace | IFD“. www.italianfootballdaily.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-01-29. Посетено на 2018-01-28.
- ↑ Jordan Russell (28 January 2018). „Moise Kean: Raiola and Juventus' next star profiled“. www.calciomercato.com. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ „Napoli beat Bologna to leapfrog Juve in Serie A; Milan edge Lazio“. ESPN FC. 28 January 2018. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ „Games played by Moise Kean in 2017/2018“. Soccerbase. 18 July 2018. Посетено на 18 July 2018.
- ↑ Lorenzo Bettoni (1 септември 2018). „Kean resta alla Juve: tra Raiola e dirigenza, i motivi della scelta“.
- ↑ „Bologna 0–2 Juventus“. BBC Sport. 12 January 2019. Посетено на 14 January 2019.
- ↑ Emlyn Begley (8 March 2019). „Juventus v Udinese - teenager Kean scores twice“ (англиски). BBC Sport. Посетено на 8 March 2019.
- ↑ Ludovica Carlucci (30 март 2019). „La Juventus batte "di misura" l'Empoli: Moise Kean ancora decisivo!“. europacalcio.it. Посетено на 3 април 2019.
- ↑ „Juventus teenage forward Kean racially abused at Cagliari“ (англиски). BBC Sport. 2 April 2019. Посетено на 3 April 2019.
- ↑ „Bonucci stands by Kean comments“. Football Italia. 3 April 2019. Архивирано од изворникот на 2020-04-21. Посетено на 2019-04-03.
- ↑ 23,0 23,1 Denis Vuk (2 април 2019). „Bonucci:"Mi smo profesionalci, moramo postavljati primere"“. ju1897.net. Посетено на 3 април 2019.
- ↑ „Кен го матираше Милан, Јувентус на три бода до титулата (Видео)“. derbi.mk. 6 април 2019. Архивирано од изворникот на 2019-04-07. Посетено на 6 април 2019.
- ↑ Frost, Howard (4 August 2019). „Everton Sign Striker Kean“. Everton FC. Посетено на 4 August 2019.
- ↑ „Thank you Moise Kean, and good luck!“. Juventus FC. 4 August 2019. Посетено на 4 August 2019.
- ↑ Chowdhury, Saj (10 August 2019). „Crystal Palace 0-0 Everton: Jordan Pickford blocks earn 10-man Toffees point“. BBC Sport. Посетено на 11 August 2019.
Надворешни врски
уреди- Моизе Кен на soccerway