Пјетро Пелегри
Пјетро Пелегри (роден на 17 март 2001 година во Џенова, Италија) — италијански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Торино како позајмен играч од ФК Монако, на позиција напад.
Пјетро Пелегри | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Пјетро Пелегри[1] | ||
Роден на | 17 март 2001 | ||
Роден во | Џенова, Италија | ||
Висина | 1.88 м[2] | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Торино | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Џенова | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2018 | Џенова | 9 | (3) |
2018–2022 | Монако | 22 | (2) |
2021–2022 | → Милан | 6 | (0) |
2022– | Торино | 28 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2015–2016 | Италија U15 | 4 | (0) |
2015–2016 | Италија U16 | 11 | (1) |
2016–2017 | Италија U17 | 13 | (1) |
2017 | Италија U19 | 1 | (0) |
2020– | Италија | 1 | (0) |
Во 2016 година, на возраст од 15 години и 280 дена, Пелегри станал најмладиот играч што се појавил во Серија А. Овој рекорд бил надминат од Висдом Амеј во мај 2021 година на возраст од 15 години и 274 дена[3].
Кариера
уредиКлупска
уредиРоден во Џенова, Пелегри е младински производ на младинската академија на ФК Џенова. На 22 декември 2016 година, тој дебитирал со сениорскиот тим во Серија А во поразот од 1–0 на гостувањето кај Торино, влегувајќи како замена за Томас Ринкон во 88 минута[4][5]. На возраст од 15 години и 280 дена, тој го израмнил рекордот како најмладиот дотогаш дебитант во Серија А, кој во тоа време го држел Амедео Амадеј од Рома од 1937 година[4][5][6]. Со тоа, тој исто така станал и првиот играч роден во 21 век што се појавил во Серија А, и вториот играч роден во 2000-тите, кој го имал своето деби во италијанското врвно првенство по Моизе Кен. На 28 мај, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во поразот од 3–2 на гости против Рома, и станал првиот играч роден во 21 век кој постигнал гол во Серија А[7], и трет најмлад стрелец во историјата.
На 17 септември 2017 година, тој станал првиот 16-годишник кој постигнал два гола во еден натпревар во некоја од големите европски лиги во поразот од Лацио со 3-2 на домашен терен[8][9].
Монако
уредиНа 27 јануари 2018 година, Пелегри потпишал со Монако за пријавена сума од 25 милиони евра[10], втора најголема трансферна сума за 16-годишник[11]. Тој го имал своето деби во Монако на 16 февруари во победата од 4:0 на домашен терен против Дижон во Лига 1, влегувајќи во последните четири минути на местото на Кеита Балде. Со 16 години, 10 месеци и 30 дена, тој станал најмладиот играч во историјата на клубот, соборувајќи го рекордот на Килијан Мбапе за единаесет дена и добивајќи честитки од францускиот напаѓач[12].
На 26 август, тој го постигнал својот прв гол за Монако во поразот од 2-1 од Бордо[13]. Како резултат на тоа, тој станал и првиот играч роден во 21 век кој постигнал гол во најсилната француска лига[14].
Позајмица во Милан
уредиНа 25 август 2021 година, Милан објавил дека потпишал со Пелегри привремена позајмица, со можност договорот да се направи постојан, што станува обврска доколку се исполнат одредени услови[15].
Клупска
уредиСо репрезентацијата на Италија до 17 години, Пелегри учествувал на Европското првенство за играчи до 17 години во 2017, постигнувајќи еден гол.
Тој го добил својот прв меѓународен повик за Италија во септември 2018 година, од менаџерот Роберто Манчини, за натпреварите во Лигата на нации против Полска и Португалија подоцна истиот месец[16]. Тој ги пропуштил натпреварите поради мала повреда[11].
Пелегри го имал своето деби за Италија на 11 ноември 2020 година, на возраст од 19 години, влегувајќи како замена на пријателскиот натпревар против Естонија во Фиренца[17].
Статистика
уредиКлупска
уреди- Обновено на 3 октомври 2021[18]
Клуб | Сезона | Лига | Куп | Лига Куп | Европа | Останато | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | ||
Џенова | 2016–17 | Серија А | 3 | 1 | 0 | 0 | — | — | — | 3 | 1 | |||
2017–18 | 6 | 2 | 1 | 0 | — | — | — | 7 | 2 | |||||
Вкупно | 9 | 3 | 1 | 0 | — | — | — | 10 | 3 | |||||
Монако | 2017–18 | Лига 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 3 | 0 | ||
2018–19 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 1 | ||
2019–20 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||||
2020–21 | 16 | 1 | 1 | 0 | — | — | — | 17 | 1 | |||||
Вкупно | 22 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 23 | 2 | ||
Милан | 2021–22 | Серија А | 6 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 3 | 0 | |||
Вкупно | 34 | 5 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 36 | 5 |
Репрезентативна
уреди- Обновено на 11 ноември 2020[18]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Италија | 2020 | 1 | 0 |
Total | 1 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „Comunicato Ufficiale N. 61“ [Official Statement No. 61] (PDF) (италијански). Lega Serie A. 3 October 2017. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-29. Посетено на 29 August 2021.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 29 January 2018. Посетено на 29 January 2018.
- ↑ James Horncastle (7 October 2017). „Pietro Pellegri: The 'next Messi' who is breaking Serie A records“. BBC Sport. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ 4,0 4,1 Francesco Oddi (22 December 2016). „Genoa, Pellegri esordio record in Serie A: eguagliato il record di Amadei“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. Посетено на 23 December 2016.
- ↑ 5,0 5,1 „Genoa, esordio record per il 2001 Pellegri: debutto in A a 15 anni“. Goal.com (италијански). 22 December 2016.
- ↑ Ben Gladwell (23 December 2016). „Genoa's Pietro Pellegri makes debut aged 15, equals Serie A record“. ESPN FC. Посетено на 23 December 2016.
- ↑ „Roma 3–2 Genoa“. BBC Sport. 28 May 2017. Посетено на 28 May 2017.
- ↑ „Genoa's Pietro Pellegri sets Serie a record, sparking tears and transfer talk | Paolo Bandini“. 18 September 2017.
- ↑ Chris Wright (18 September 2017). „Pietro Pellegri's father cries in dugout after Genoa striker's brace vs. Lazio“. ESPN FC. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ „OFFICIAL: Pietro Pellegri signs with AS Monaco | IFD“. www.italianfootballdaily.com (англиски). Архивирано од изворникот на 28 January 2018. Посетено на 27 January 2018.
- ↑ 11,0 11,1 „Pietro Pellegri: Monaco's Italian striker in focus“. BBC Sport. 14 September 2018. Посетено на 14 September 2018.
- ↑ Borne, Fabien (16 February 2017). „AS Monaco : Kylian Mbappé félicite Pietro Pellegri pour son record de précocité“ (француски). Eurosport. Посетено на 14 September 2018.
- ↑ „Bordeaux vs. Monaco – 26 August 2018 – Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 26 August 2018.
- ↑ „Pellegri makes Ligue 1 history“. Football Italia. 26 August 2018. Посетено на 2 September 2018.
- ↑ „Official Statement: Pietro Pellegri“. AC Milan. Посетено на 25 August 2021.
- ↑ „Chiellini rejoins Italy squad; Pellegri called up“. www.sportsnet.ca. 1 September 2018. Посетено на 2 September 2018.
- ↑ „A Grifo brace and goals from Bernardeschi and Orsolini secure a comfortable win against Estonia“. www.figc.it. 11 November 2020. Посетено на 12 November 2020.
- ↑ 18,0 18,1 „P. Pellegri“. Soccerway. Посетено на 21 November 2017.