Многубоштво

верување во повеќе од еден бог

Многубоштво или политеизам — верување во повеќе божества, обично се собрани во пантеон на богови и божици, заедно со своите митологии и ритуали.

Египетските богови во Музеј Карнеги за природна историја

Многубоштвото било типичен облик на религија за време на бронзеното доба и железното доба, па сè до осното доба и постепениот развој на еднобоштвото (монотеизам) или пантеизмот, и атеизмот. Тоа е добро документирано во историските религии на антиката, а особено во грчкиот и римското многубоштво и по падот на класичното многубоштво во племенските религии како што се германското или словенското многубоштво. Тој продолжува во модерниот период во преданија како хиндуизмот, шинтото, кинеската народната религија итн., а е оживеан во струи на неопаганство во постхристијанскиот запад.

Многубоштвото е еден вид на теизам. Во рамките на теизмот, тој е во спротивност со еднобоштвото, верувањето во еден единствен бог. Многубошците не секогаш се поклонуваат на сите богови подеднакво, но може да се хенотеисти, специјализирајќи обожување на едно посебно божество. Други многубошци може да се катенотеисти, обожувајќи различни божества во различни периоди.

Терминологија

уреди

Терминот потекнува од грчкото πολύ поли („многу“) и θεός теос („бог“) и најпрво е измислен од еврејскиот писател Филон Александриски за да се расправа со Грците. Кога христијанството се проширило низ цела Европа и Средоземното море, нехристијаните биле само нарекувани незнабошци (термин што првично го користеле Евреите за да се однесуваат на не-Евреи) или пагани (мештани) или со видно пејоративниот израз идолопоклоници (обожавачи на „лажните“ богови). Современата употреба на терминот прво е обновена на француски јазик преку Bан Бодин во 1580 година, проследена со употребата на Самуел Пурчас на англиски јазик во 1614 година.[1]

Богови и божественост

уреди

Божествата во многубошките религии се причинители во митологијата, каде што се портретирани како комплексни личности со поголем или помал статус, со поединечни вештини, потреби, желби и истории. Овие богови често се гледаат како слични со луѓето (антропоморфни) во нивните лични особини, но со дополнителни поединечни моќи, способности, знаење или перцепции.

Многубоштвото не може јасно да се одвои од анимистичките верувања застапени во повеќето народни религии. Боговите на многубоштвото, се во голем број случаи највисокиот ред на континуумот на натприродни суштества или духови кои може да вклучуваат предци, демони, разни суштества и други. Во некои случаи, овие духови се поделени на небесни или хтонски класи и верувањето во постоењето на сите овие суштества не значи дека сите се обожувани.

Видови божества

уреди

Видови на божества што често се наоѓаат во многубоштвото:

 
Слегувањето на Северните богови

Митологија и религија

уреди

Во класичната ера, Салустиј (4 век н.е.) ја категоризирал митологијата на пет видови:

  1. Теолошка
  2. Физичка
  3. Психолошка
  4. Материјална
  5. Мешана
  • Теолошки митови се оние што не користат телесна форма, но размислуваат за суштината на боговите: на пример, Кронос ги голта своите деца. Бидејќи божественоста е интелектуална и целиот интелект се враќа во себеси, овој мит алегориски ја изразува суштината на божеството.
  • Митовите може да се сметаат за физички кога ги изразуваат активностите на боговите во светот.
  • Психолошки начин е да се гледаат (митовите како алегории на) активностите на душата сама по себе и / или дејствата на душата врз мислата.
  • Материјалниот е да се гледаат материјалните предмети како навистина да се богови, на пример: да се нарече земјата Геја, океанот Океан, или топлината Тифон.
  • Мешаниот вид на митови може да се види во многу случаи: на пример, велат дека на еден банкет на боговите, Ерида фрлила златно јаболко; божиците се натпреварувале за него и Зевс ги испратил кај Парис да им пресуди. Парис видел дека Афродита е прекрасна и ѝ го дал јаболкото. Овде банкетот ги означува хиперкосмичките моќи на боговите; затоа тие се сите заедно. Златното јаболко е светот, кој, формиран од спротивности, нормално се вели дека е „фрлен од страна на Ерида“ (или Раздорот). Различни богови го дарувале светот со разни подароци, и затоа се вели дека „се натпреварувале за јаболкото“. А душата која живее во согласност со чувството - тоа е она заради кое што Парис- не ги гледа останатите сили во светот, но само убавината, изјавува дека јаболкото ѝ припаѓа на Афродита.
 
Гозбата на Боговите од Франс Франкен Помладиот (II) [1581–1642]

Многубоштвото низ историјата

уреди
 
Логун Еде - ориша

Некои добро познати историски многубожечки пантеони ги вклучуваат сумерските и египетските богови и класичниот пантеон кој ја вклучува старогрчката религија и римската религија. Посткласичните многубожечки религии ги вклучуваат нордиските Аесир и Ванир, ориша на Јоруба, ацтечките богови и многу други.

Денес, повеќето историски многубожечки религии погрдно се нарекуваат „митологија“, иако приказните што културите ги раскажуваат за нивните богови треба да се разликуваат од нивното обожување или верска пракса. На пример, божествата портретирани во судир со митологијата сè уште би биле обожувани понекогаш во истиот храм рамо до рамо, илустрирајќи ја разликата меѓу митот и реалноста во умот на приврзаникот. Се шпекулира дека некогаш постоела една праиндоевропска религија, од која потекнуваат религиите на разни индоевропски народи и дека оваа религија во суштина била натуралистички нуменистичка. Еден пример за верски поим од ова заедничко минато е концептот на деус (*dyēus), кој е потврден во неколку различни религиски системи.

Во многу цивилизации, пантеоните имале тенденција да растат со текот на времето. Божествата најпрво обожувани како заштитници на градови или места се собирале заедно како што царствата се протегале на поголеми територии. Освојувањата можеле да доведат до потчинување на пантеонот од постарата култура на еден понов, како грчкиот Титаномахија, и најверојатно во случајот на Аесир и Ванир во нордиската митологија. Културната размена можела да доведе до тоа „истиот“ бог да се прочуе на две места под различни имиња, како што е со Грците, Етрурците, и Римјаните, а исто така и со воведување на елементи на „туѓата“ религијата во локалниот култ, како што е обожувањето на египетскиот Озирис донесен во Стара Грција.

Најстарите верски системи се држеле до тоа дека боговите влијаат на човечките животи. Сепак, грчкиот филозоф Епикур тврдел дека боговите се живи, неподмитливи, блажени суштества кои не се грижат за работите на смртниците, но кои би можеле да бидат умствено согледани, особено за време на спиење. Епикур верувал дека овие богови се материјални, човеколики и дека ги населуваат празните простори меѓу световите.

Хеленистичката религија сè уште може да се смета за многубожечка, но со силни монистички компоненти, а еднобоштвото конечно излегува надвор од хеленските преданија во доцната антика во форма на неоплатонизам и христијанска теологија.

Од бронзено доба до доцната антика
Од доцна антика до среден век
 
Статуа на Зевс, врховен олимписки бог, прикажан со молња во Паркот Астерикс

Древна Грција

уреди

Класичната шема во Стара Грција од дванаесеттемина Олимпијци (канонските Дванаесет востановени низ уметноста и поезијата) е следнава:[2][3] Зевс, Хера, Посејдон, Атина, Арес, Деметра, Аполон, Артемида, Хефест, Афродита, Хермес и Дионис ; Хестија се повлекла кога на Дионис му било понудено место на планината Олимп, а Ад[4] бил често исклучуван затоа што живеел во подземниот свет. Има, сепак, голема флуидност по однос на бројот на Избраните во Антиката.[5] Различни градови често се поклонуваат на исти божества, понекогаш со епитети што ги разликувале и ја определувале нивната локална природа.

Хеленското многубоштво се раширил надвор од копното на Грција до островите и крајбрежјата на Јонија во Мала Азија, до „Голема Грција“ (Сицилија и Јужна Италија), и до растурените грчки колонии во регионот на Западниот Медитеран, како што е Масалија (Марсеј). Грчката религија го искалила етрурскиот култ и верувања за да се формира голем дел од подоцнежната римска религија.

 
Посета на гробишта во чест на умрените

Народна религија

уреди

Народна религија е секоја етничка или културна религиозна практика што е надвор од доктрината на организирана религија. Врз основа на популарните верувања и понекогаш нареченa популарна или народна религија, овој израз се однесува на начинот на кој луѓето ја доживуваат и практикуваат религијата во нивниот секојдневен живот.[6]

Анимистичката природа на народните верувања е антрополошки културен универзал. Верувањето во духови и привиденија што го анимирало природниот свет и практиката на обожување на предците е универзално присутна во културите во светот и повторно се јавува во еднобожечките или материјалистички општества како „суеверие“, верување во демони, заштитнички светци, самовили или вонземјани.

Присуството на целосна многубожечка религија комплетирана со ритуален култ, спроведен од страна на свештеничка каста, бара повисоко ниво на организација и не е присутна во секоја култура. Изречното многубоштво во современата народна религија се наоѓа во африканската традиционална религија, како и во африканските дијаспорни религии.

Современи светски религии

уреди

Хиндуизам

уреди

Религискиот хиндуизам е поширока категорија која опфаќа и еднобожечки и многубожечки тенденции и варијации на или мешавина од двете структури. Општото обожување во голема мера е многубожечко, додека хинду филозофите и теолозите расправале за трансцендентна метафизичка структура со единствена божествена суштина ("Sarva Dharma Samaan hai"/"Сите религии се исти"). Оваа божествена суштина обично е позната како Брама или Атман, но разбирањето на природата на оваа апсолутна божествена суштина е линијата која ги дефинира многу хинду филозофски преданија како Веданта.

Многу Хиндуси веруваат во различни божества кои потекнуваат од Брама и мнозинството продолжува да се поклонува на божеството како прашање од лично убедување или предание како претстава на ова врховно битие.

Во хиндуистичкиот назив Смарта, филозофијата на Адваита изложена од Шанкара дозволува почитување на бројни божества со сфаќање дека сите од нив се само манифестации на една безлична божествена моќ, Брама. Затоа, според различни учења на Веданта вклучувајќи го и она на Шанкара, кое е едно од највлијателните и најважните хинду теолошки преданија, постојат голем број божества во хиндуизмот, како што се Вишну, Шива, Ганеша, Хануман, Лакшми и Кали, но тие се суштински различни облици на истото „Битие“. Сепак, многу Веданта филозофи исто така тврдат дека сите лица биле обединети од страна на истата безлична, божествена моќ во форма на Атман.

 
Скулптури на антички хинду богови на ридовите Унакоти, место во Трипура, Индија, издлабени на карпи.

Во Веданта, Врховната апсолутна вистина е Багаван, познат под многу имиња: Харе, Вишну, Нарајана, Кришна, Говинда, Рама. Сите тие зборови се однесуваат на Врховната божја личност. Постојат 8 400 000 материјални тела кои душата може да ги добие на која било од 14-те материјални планети во материјалниот свет, а некои од тие планети се материјални небесни планети каде што живеат полубогови. Меѓу нив Индра е главен полубог. Но, сите тие полубогови самите се приврзаници на оваа „Супер-душа“ што е во нивните срца - приврзаници на Апсолутната личност позната како Брама, Параматма и Багаван. Ведите јасно наведуваат дека оној кој мисли дека Вишну е на исто ниво како полубоговите како што се Брама и/или Шива и/или други - тој се смета за прекршител. Така, кој било концепт дека хиндуизмот или ведската религија, санатана (варнасрама-, багавата-) дарма - е многубоштво е неточен. Ведите укажуваат на посветено служење на апсолутната Вистина лично - Багаван, иако прифаќа многу негови претставници, духовни господари на пет ваишнава сампрадаи - Чаитанја, Лакшми, Четирите Кумараси, Брама и Шива. Таа што сега е позната како хиндуизам треба да се однесува на обожување на Врховната божја личност, но не на поклонување на полубогови одделно од нивната „Супер-душа“, Вишну. Тоа е правилно разбирање на положбата на полубоговите (devatas) во Ведите - како подредени на Багаван, Врховната божја личност.

 
Голема статуа на Гаутама Буда во паркот Буда

Будизам и Шинто

уреди

Во будизмот постојат виши суштества обично именувани (или назначени) за богови, деви; меѓутоа, будизмот, во основа, не учи на поимот за молитва, ниту на обожување на Девите или кој/и било бог(ови).

Девите, воопшто, се суштества кои имале повеќе позитивна карма во нивните минати животи отколку луѓето. Нивниот животен век на крајот завршува. Кога нивните животи ќе завршат, тие ќе се преродат како деви или како други суштества. Кога тие акумулираат негативна карма, тие се преродуваат или како човек или како било кое од останатите пониски суштества. Луѓето и другите битија, исто така, може да се преродат како деви во нивната следна преродба, ако тие акумулираат многу позитивна карма.

Будизмот процветал во различни земји (види. Будизмот во Русија, Бутан, Сингапур, Индија...), а некои од тие земји имаат многубожечки народни религии. Будизмот лесно се синкретизирал со другите религии. Така, будизмот се измешал со народните религии и изникнал во многубожечки како и во нетеистички варијанти. На пример, во Јапонија, будизмот измешан со Шинто, кај што се обожуваат божества наречени „ками“ или „камигами“ (множинската форма на ками), создал предание која се моли на божествата на Шинтоизмот во форма на Буда. Така, може да има елементи на обожување на богови во некои облици на подоцнежниот будизам.

 
Свети Јован и Павле, Венеција. Црква на Светото Тројство - Слика: Троица од Леандро Басано.

Христијанство

уреди

Иако христијанството официјално се смета за монотеистичка религија[7][8], понекогаш се тврди дека христијанството не е навистина монотеистичко поради неговото учење за Светото Тројство[9] кое верува во Бог откриен во три различни лица, имено Отецот, Синот и Светиот Дух. Ова е ставот на некои Евреи и муслимани кои тврдат дека поради усвојувањето на Троична концепција за божество, христијанството е всушност форма на тритеизам или политеизам,[10][11] на пример, види Шитуф или Тевхид. Сепак, централната доктрина на христијанството е дека „еден Бог постои во Три лица и една супстанца“.[12] Строго кажано, доктрината е откриена мистерија која иако е над разумот не е во спротивност со неа. Зборот „личност“ е несовршен превод на оригиналниот термин „хипостаза“. Во секојдневниот говор „личност“ означува посебна рационална и морална единка, поседувана самосвест и свесна за поединечниот идентитет и покрај промените. Човечката личност е посебна поединечна суштина во која се индивидуализира човечката природа. Но, во Бог нема три поединци заедно, и одделени од едни од други, туку само лични саморазградувања во рамките на божествената суштина, што не само што е видовно туку и бројчено, едно. Иако доктрината за Тројството не била дефинитивно формулирана пред Првиот собор на Цариград во 381 година, доктрината за еден Бог, наследена од јудаизмот секогаш била несомнена премиса на верата на Црквата.[13]

Мормонство

уреди
 
Гравура од 1893 година, дело на Едвард Стивенсон. Ангел му ги доставува Златните плочи на Џозеф Смит во 1827 година.

Џозеф Смит, основачот на мормонското движење, верувал во „плуралноста на боговите“, велејќи „Јас секогаш го прогласував Бог за посебна личност, Исус Христос за посебна и посебна личност од Бог Отецот и дека Светиот Духот бил посебна личност: и овие тројца сочинуваат три посебни лица и тројца Богови “.[14] Мормонизмот, исто така, го потврдува постоењето на Небесната мајка[15], како и идејата дека луѓето можат да станат како бог во задгробниот живот[15], а преовладува мислењето меѓу мормоните дека Отецот Бог некогаш бил човек кој живеел на планета со свој висок Бог и кој станал совршен откако го следел овој повисок Бог.[16][17] Некои критичари на мормонизмот тврдат дека изјавите во Книгата на Мормоните опишуваат троитарна концепција за Бог (на пр. 2 Нефи 31:21; Алма 11:44), но биле заменети со подоцнежните откритија.[18]

Мормоните учат дека библиските изјави за единството на Отецот, Синот и Светиот Дух претставуваат единственост на целта, а не на суштината.[19] Тие веруваат дека ранохристијанската црква не ја карактеризирала божественоста во смисла на нематеријална, безоблична заедничка супстанција сè додека постопостолските теолози не започнале да ги вметнуваат грчките метафизички филозофии (како што е неоплатонизмот) во христијанската доктрина.[20][21] Мормоните веруваат дека вистината за Божјата природа е обновена преку современото откровение, кое го врати оригиналниот јудео-христијански концепт за природен, телесен, бесмртен Бог,[22] кој е буквално Отец на духовите на луѓето. Само на оваа личност мормоните се молат, како што тој е и секогаш ќе биде нивниот небесен Татко, врховниот „Бог на боговите“ (Второзаконие 10:17). Во смисла дека Мормоните се поклонуваат само на Бог Отецот, тие се сметаат себеси за монотеисти. Како и да е, Мормоните се придржуваат до Христовото учење дека оние кои ја примаат Божјата реч можат да добијат титула „богови“ (Јован 10: 33–36), затоа што како буквални Божји деца можат да ги земат своите Божји атрибути.[23] Мормоните учат дека „Славата Божја е интелигенција“ (Доктрина и завет 93:36) и дека со споделување на совршеното разбирање на Таткото за сè, и Исус Христос и Светиот Дух се исто така божествени.[24]

 
Пагански храм под дрво

Неопаганство

уреди

Неопаганството, исто така познато како модерно паганство и современе паганство, се група на современи религиозни движења под влијание или за кои се тврди дека потекнуваат од различните историски пагански убедувања на претсовремена Европа. Иако тие навистина имаат заеднички одлики, современите пагански религиозни движења се разновидни и сите не споделуваат единствен сет на верувања, практики или текстови.

Англиската окултистка Дион Форчн била една од главните популаризатори на мекото многубоштво. Во својот роман „Свештеничката на морето[25], таа пишува: „Сите богови се еден бог, а сите божици се една божица и постои еден зачетник.“ Оваа фраза е многу популарна меѓу некои неопагани (имено, виканите). Сепак, Форчн, всушност, цитира антички извор - латинскиот роман Златното магаре на Апулеј. Форчновиот мек многубожечки компромис меѓу еднобоштвото и многубоштвото е опишан како пантеизам (грчки: πάν pan 'сите' и θεός theos 'бог'). Пантеизмот има подолга историја на употреба да се однесува на поглед на една сеопфатна иманентна божественост.

Неопаганството често ги меша многубоштвото со пантеизмот или панентеизмот. Заблуда е дека тврдите многубошци сметаат дека боговите на сите култури се подеднакво реални, а тоа е теолошки став поточно наречен интеграциско многубоштво или омнитеизам.

 
Симбол на Вика

Вика

уреди

Вика е пантеистичка, дуотеистичка и многубожечката вера создадена од Џералд Гарднер.[26][27][28] Тоа е ортопраксична мистериозна религија која бара иницијатива за свештенството за да се смета себеси за Виканец[27][28][29]. Виканците конкретно ги обожаваат Господ и Дама на Островите (нивните имиња се заколнати)[27][28][30][31] Таа го гледа универзумот како опфатен од божественото Битие (познато под разни имиња), но поделен на спротивните поларизации на Богот и Божицата. Секое од овие божества може да се подели на многу различни многубожечки божества, кои се аспекти на Богот и Божицата. Вика е толерантна во разбирањето на божеството, но нагласува рамнотежа и рамноправност меѓу машките и женските божества, додека другите многубожечки вери често ги поставуваат машките божества на врвот на хиерархијата. Вика ја нагласува двојноста и циклусот на природата.[27][28][32]

Серер

уреди

Во Африка, многубоштвото во религијата Серер датира уште од неолитската ера (можеби порано) кога античките предци на народот Серер го претставувале својот Пангул на Тасили аџер.[33] Врховното божество-творец во религијата Серер е Руг. Сепак, во религијата Серер има многу богови[34] и Пангул (еднина: Фангул, застапниците со божественото)[33]. Секој има своја цел и служи во име на Руг на Земјата.[34] Меѓу говорителите на Кангин, под-група на Серер, Руг е познат како Кукс.[35]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Schmidt, Francis (1987). The Inconceivable Polytheism: Studies in Religious Historiography. New York: Gordon & Breach Science Publishers. стр. 10. ISBN 978-3718603671.
  2. „Greek mythology“. Encyclopedia Americana. 13. 1993. стр. 431. Не се допушта закосување или задебелување во: |encyclopedia= (help)
  3. „Dodekatheon“. Papyrus Larousse Britannica (грчки). 2007. Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)
  4. George Edward Rines, уред. (1919). Encyclopedia Americana Vol. 13. Americana Corp. стр. 408–411. Занемарен непознатиот параметар |vol= (се препорачува |volume=) (help)
  5. Stoll, Heinrich Wilhelm (R.B. Paul trans.) (1852). Handbook of the religion and mythology of the Greeks. Francis and John Rivington. стр. 8. Ограничувањето [на бројот на Олимпијци] на дванаесет се чини како некоја модерна идеја
  6. B. S., Political Science. „What Is Folk Religion?“. Learn Religions (англиски). Посетено на 2020-09-16.
  7. Woodhead, Linda (2005-09-01). Christianity. Oxford University Press. стр. 71–88. ISBN 978-0-19-280322-1.
  8. Understanding FACTS. IEEE. 2009. ISBN 978-0-470-54680-2.
  9. Vermes, Geza (1974-10-01). „The Oxford Dictionary of the Christian Church, 2nd ed“. Journal of Jewish Studies. 25 (3): 468–468. doi:10.18647/732/jjs-1974. ISSN 0022-2097.
  10. Persecution, Polemic, and Dialogue. Boston, USA: Academic Studies Press. 2019-12-31. стр. 312–332. ISBN 978-1-61811-061-9.
  11. Do-Hyun Kim (2018-05). „Quantum Trinitarianism: An Attempt to Understand the Holy Trinity“. Theology and Philosophy. null (32): 5–41. doi:10.16936/theoph..32.201805.5. ISSN 1229-8972. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Charry, Ellen T. (2011-10-27). „The Doctrine of God in Jewish-Christian Dialogue“. The Oxford Handbook of the Trinity. Oxford University Press: 558–572. ISBN 978-0-19-955781-3.
  13. Early Christian Doctrines. Bloomsbury Academic. ISBN 978-0-8264-5252-8.
  14. Ludlow, Daniel H. (1992). Encyclopedia of Mormonism. New York: Macmillan. ISBN 0-02-904040-X. OCLC 24502140.
  15. 15,0 15,1 Bowman, Matthew (2016-03-03). „Mormonism“. Oxford Research Encyclopedia of American History. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-932917-5.
  16. Bigger, Stephen (1989-01). „TEACHING ABOUT GOD: BUILDING A FRAMEWORK“. Journal of Beliefs & Values. 10 (1): 1–15. doi:10.1080/1361767890100101. ISSN 1361-7672. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. Riess, Jana. (2005). Mormonism for dummies. Hoboken, NJ: Wiley Pub. ISBN 0-7645-7195-8. OCLC 57200862.
  18. Hoekema, Anthony A., 1913- (1969, ©1963). The four major cults : Christian Science, Jehovah's Witnesses, Mormonism, Seventh-Day Adventism. Exeter, England: Paternoster Press. ISBN 0-85364-094-7. OCLC 12735425. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  19. The Person of Jesus Christ. Bloomsbury T&T Clark. ISBN 978-1-4725-4995-2.
  20. Lourié, Basil (2008-03-30). „DOES GOD HAVE A BODY“. Scrinium. 4 (1): 435–441. doi:10.1163/18177565-90000198. ISSN 1817-7530.
  21. Draper, Richard R. (April 1994), "The Reality of the Resurrection", Ensign
  22. Webb, Stephen H. (2011-12-16). Jesus Christ, Eternal GodHeavenly Flesh and the Metaphysics of Matter. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-982795-4.
  23. Lindsay, Jeff (ed.). "Relationships Between Man, Christ, and God". LDS FAQ: Mormon Answers. If you believe the Father and the Son are separate beings, doesn't that make you polytheistic?. Archived from the original on 2014-11-12.
  24. „Glory of God“. Religion Past and Present. Посетено на 2020-09-16.
  25. Fortune, Dion. (2003). The sea priestess. Boston, MA: Weiser Books. ISBN 1-57863-290-0. OCLC 53971750.
  26. Gardner, Gerald (1982). The Meaning of Witchcraft. Llewellyn Pubns. стр. 165–166. ISBN 0939708027.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 Lamond, Frederic (2005). Fifty Years of Wicca. Green Magic. ISBN 0954723015.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Hutton, Ronald (2003). The Triumph of the Moon: A History of Modern Pagan Witchcraft. Oxford Paperbacks. ISBN 0192854496.
  29. Gardner, Gerald (1982). The Meaning of Witchcraft. Llewellyn Pubns. стр. 21–22, 28–29, 69, 116. ISBN 0939708027.
  30. Bracelin, J (1999). Gerald Gardner: Witch. Pentacle Enterprises. стр. 199. ISBN 1872189083.
  31. Gardner, Gerald (1982). The Meaning of Witchcraft. Llewellyn Pubns. стр. 260–261. ISBN 0939708027.
  32. Gardner, Gerald (1982). The Meaning of Witchcraft. Llewellyn Pubns. ISBN 0939708027.
  33. 33,0 33,1 (француски) Gravrand, Henry, "La civilisation SereerPangool", Les Nouvelles Editions Africaines du Senegal, (1990), ISBN 2-7236-1055-1. pp 9, 20, 77
  34. 34,0 34,1 (англиски) Kellog, Day Otis, and Smith, William Robertson, "The Encyclopædia Britannica: latest edition. A dictionary of arts, sciences and general literature", Volume 25, p 64, Werner (1902)
  35. (француски) Ndiaye, Ousmane Sémou, "Diversité et unicité sérères : l’exemple de la région de Thiès", Éthiopiques, no. 54, vol. 7, 2e semestre 1991 [1] Архивирано на 30 јуни 2020 г.

Надворешни врски

уреди