Брама
Брама — еден од трите богови на хиндуистичкото свето тројство[1] (Брама, Вишну и Шива). Во согласност со Пураните, Брама е самосоздаден од лотус што расте од папокот на богот Вишну. Брама многу често може да биде помешан со „Браман“, назив кој Хиндуистите го користат за севишниот универзален космички дух. Според верувањата на Хиндусите, Брама е творецот, оној што го створил светот и сите живи суштества. Традиционално е опишан со четири глави и четири раце.
НаводиУреди
- ↑ Coulter, Charles Russell; Turner, Patricia (2013). Encyclopedia of Ancient Deities. Routledge. стр. 240. ISBN 978-1-135-96397-2.