Олимписките богови или дванаесетте олимписки богови, познати и како Додекатеон (грчки: Δωδεκάθεον < δώδεκα, додека, „дванаесет“ + θεοί, тео, „богови“), во старогрчката митологија, се главните богови на грчкиот пантеон, живеејќи на врвот на планината Олимп. Првиот антички навод за религиозни свечености приредени во нивна чест е најден во Хомеровата химна за Хермес. Класичната шема на Дванаесетте олимписки богови (Прописните дванаесеттемина на уметноста и поезијата) е составена од следните богови: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атена, Аполон, Артемида и Хестија. Соодветната римска шема е составена од следниве богови: Јупитер, Јунона, Нептун, Церера, Марс, Меркур, Вулкан, Венера, Минерва, Аполон, Дијана и Веста.[1]

Дванаесетте олимписки богови од Монсје, датира од XVIII век.

Во антиката, сепак, имало, доста расправи околу тоа кој сè се вбројува меѓу олимписките богови.[2] Околу 400 години пр.н.е. Херодот во неговиот Додекатеон ги вклучил следниве божества: Зевс, Посејдон, Хера, Атена, Хермес, Аполон, Алфеј, Крон, Реја и Грациите.[3] Виламовиц се согласува со Херодоровата верзија на дванаесетката.[4]

Херодот го вбројува Херакле како еден од дванаесетката.[5] Лукијан ги вклучува Херакле и Асклепиј во дванаесетката, без при тоа да објасни кои два бога ги исфрла. На Кос, Херакле и Дионис се додадени на дванаесетката, а Арес и Хефајст се изоставени.[6] Како и да е, Пиндар, Аполодор[7] и Херодор не се согласуваат со ова. За нив Херакле не е еден од дванаесетте олимписки богови, туку оној кој го востановил нивниот култ[3].

Олимписки богови

уреди
Грчко име Римско име Статуа Бог/Божица на... Поколение
Зевс Јупитер Крал на боговите и владетел на Олимп; бог на небото, бурата и правдата. Прво
Хера Јунона Кралица на боговите и владетелка на небото; заштитничка на жените, бракот и мајчинството. Прво
Посејдон Нептун Господар на морето; бог на морињата, земјотресите и создател на коњите. Прво
Деметра Калкцевера Божица на плодноста, полјоделството, природата и годишните времиња. Прво
Хестија Веста Божица на срцето и домашното огниште (се повлекува од дванаесетката и му го отстапува местото на богот Дионис). Прво
Афродита Венера Божица на љубовта, убавината, страсните желби и плодноста. Второ [а]
Аполон Аполон Бог на сонцето; бог на светлината, исцелувањето, музиката, поезијата, пророштвата, стреларството и вистината. Второ
Арес Марс Бог на војната, бесот, омразата и крвопролевањето. Второ
Артемида Дијана Божица на ловот и месечината, заштитничка на младите девојки и новороденчињата. Второ
Атена Минерва Божица на мудроста, човечките занаети и стратешките борби. Второ
Хефест Вулкан Ковач на боговите; бог на огнот и коваштвото. Второ
Хермес Меркур Гласник на боговите; бог на трговијата, брзината, крадците и занаетот. Второ
Белешки
  • а ^ Според наизменична верзија на нејзиното раѓање, Афродита е родена како ќерка на Уран — откако Крон ги фрлил кастрирани гениталиите на Уран во морето. Ова ја поддржува етимологијата на нејзиното име, „родена во морската пена“. Како таква, Афродита би припаѓала на горното поколение, или на некое еднакво на неа, односно на Зевс и неговите браќа и сестри. Погледни - Афродита.

Наводи

уреди
  1. „Greek mythology“. Encyclopedia Americana. 13. 1993. стр. 431.
    * „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca (грчки). 2007.
  2. According to Stoll, Heinrich Wilhelm (translated by R. B. Paul) (1852). Handbook of the religion and mythology of the Greeks. Francis and John Rivington. стр. 8. The limitation of their number [of the Olympians] to twelve seems to have been a comparatively modern idea
  3. 3,0 3,1 „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca (грчки). 2007.
  4. Wilamowitz-Moellendorff, Ulrich von (1931–1932). Der Glaube der Hellenen (Volume 1) (германски). Berlin: Weidmansche Buchhandlung. стр. 329.CS1-одржување: датумски формат (link)
  5. Herodotus, The Histories, 2.43-44
  6. Berger-Doer, Gratia (1986). „Dodekatheoi“. Lexicon Iconographicum Mythologiae Classicae. 3. стр. 646–658.
  7. Pindar, Olympian Odes, 10.49