Арес (старогрчки: Ἀρης) бил бог на војната во старогрчката митологија. Арес бил син на Хера, која го родила без помош на машко семе[1], бил еден од дванаесетте главни римски богови. Тој бил врвен борец, кој воопшто не се грижел за интересите што ги бранел, менувајќи ги страните без никакви обѕири. Ја сакал борбата поради самата борба и уживал во крвавите колежи. Тој бил најомразен меѓу Олимписките божества.

Арес
Статуа на Арес од Адријановата вила
Бог на војната и насилството
ЖивеалиштеТракија, Олимп, Македонија и Спарта
Симболкопје, шлем, куче, двоколка, дива свиња
РодителиЗевс и Хера
Браќа/сестриХеба, Хефест, Енио, Херакле и Илитија
ДецаЕрос, Антерос, Фобос, Дејмос, Флегија, Хармонија и Адрестија
Римски панданМарс

Идентитет и карактер

уреди

Арес е важен Олимписки Бог во епската традиција во Илијада.

Неговата дива енергија

уреди

Арес бил бог на војната, а не бог на победата и неговата непретпазвлива жестокост често доведувала до повлекување. Тој бил целосна спротивност на Атина, божица на совладувањето и претпазливоста, и таа понекогаш знаела да го разоружа и да го спречи за се замеша во битките што не го засегнувале[2]. Таа непосредно се борела со него така што вооружила Диомед[3] и еднаш дури успеала да го собори, погодувајќи го со камен[4]. Арес бил добро запознаен со поразот, кога го нападнале Алоадите - От и Ефијалт, синови на Посејдон, кои го окоале и чувале 13 месеци затворен во бакарен сад[5]. Херакле, исто така, неколкупати го соборил и дури дошол толку далеку што му го одзел оружјето[6]. Се борел до целосна папсаност и понекогаш дури бил оставен како да е мртов. Потоа го носеле на Олимп, каде самиот Зевс се грижел за неговите рани: Бог не смее да умре.[7]

Машка сила

уреди

Таквата претерана жестокост не ги оставила другите рамнодушни. Ја освоил и самата Афродита, која била принудена да ја крие својата забранета врска со него [8]; според традицијата, од таа врска се родени Ерос и Пирјап. Арес во своите авантури со жените бил исто толку насилен како и во војните. Ја силувал Астиоха, која останала бремена и ги носела Аскалаф и Јалмен [9]. Ја силувал и Пирена, која му го родила Диомед Тракиски, Кикан и Ликаон [10]. Хирса му го родила Флегија[11]; Астинома му го родила Калидон; Алтеја ја родила [[Мелеагра][12]]; Перибеја го родила Тидеј [13]; Протогенија била мајка на Оксилов[14]; Харпина го родила Еномај[11] итн.

Култот на Арес

уреди

Тракија била земјата од каде што потекнувал Арес, па затоа дивите воини од таа област му посветиле култ. Оттаму култот се проширил во Теба, Атина и Спарта. Во Спарта двајца свештеници оделе пред војската и со запалени факли давале знак за почеток на борбата. Во Рим култот на Арес бил изедначен со култот на Марс, еден од најстарите и најобожаваните погови на полуостровот. Чест му укажувал хорот од угледни свештеници Салијци, кои се грижеле за дванаесетте запчести штитови, кои, според преданието, паднале од небото, а во посебни пригоди изведувале и воински танци. Се верувало дека Марс е татко на Ромул, основачот на Рим, и дека и помогнал на Римското Царство да стане најголема сила во светот.

Потекло на поимот

уреди

Етимологијата на неговото име е традиционално поврзата со Грчкиот збор ἀρἠ (аре) јонската форма од дорската ἀρἀ (ара) „Несреќа, Катастрова “. Има некаква врска и со Римскиот бог на војната Марс.

Епитетите на богот Арес

уреди
  • Brotoloigos (Βροτολοιγός, Уништувачот на луѓе)
  • Andreiphontês (Ανδρειφοντης, Убиецот на луѓе)
  • Miaiphonos (Μιαιφόνος, Оној кој е извалкан со крв)
  • Teikhesiplêtês (Τειχεσιπλήτης, Оној кој ги прескокнува ѕидините)
  • Maleros (Μαλερός, Брутален)

Аресов пандан во римската митологија е Марс.

Надворешни врски

уреди
  • Theoi Project, Ares Информации за Арес добиени од класичната литература и слики од уметнички грчки и римски дела. (англиски)
  • Greek Mythology Link, Ares Резиме на легендите за Арес (англиски)

Наводи

уреди
  1. „“
  2. „Илијада, XV, 110-142“
  3. ibid. V, 590 и натаму
  4. ibid. XXI, 391 и натаму
  5. ibid. V, 385 и натаму
  6. Хесоид, „Херкуловиот штит“, 359 и натаму
  7. „Илијада“, V, 590 и натаму
  8. „Илијада“, VIII, 266-366
  9. „Илијада“, II, 512
  10. Аполодор, II, 5-8
  11. 11,0 11,1 Павсанија, V, 22, 6
  12. Аполодор, I, 8, 2
  13. Диодор Сицилиски, IV, 35
  14. Аполодор, I, 7, 7