Мис Стон (филм)
Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година, режиран од Жика Митровиќ, со Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко и Виктор Старчиќ во главните улоги.
„Мис Стон“ | |
---|---|
плакат | |
Режисер | Жика Митровиќ |
Сценарист | Ѓорѓи Абаџиев Трајче Попов |
Главни улоги | Олга Спиридоновиќ Илија Милчин Марија Тоциноски Илија Џувалековски Петар Прличко Драги Костовски Виктор Старчиќ Тодор Николовски Дарко Дамески |
Музика | Иван Рупник |
Кинематографија | Миленко Стојановиќ |
Монтажа | Воислав Бјењас |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1958 |
Времетраење | 96 минути |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Содржина
уредиДејствието на филмот е сместено во 1901 година и тоа е засновано врз вистински настан - грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета во Македонија.
За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се неопходни за набавка на оружје. Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа категорично одбива да го направи тоа, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се исполнети.
Награди
уредиНа Филмскиот фестивал во Пула во 1959 година, Олга Спиридоновиќ ја добива наградата „Златна арена“ за главна женска улога, а Петре Прличко се закитува со истото признание кај мажите. „Златна арена“ добива и Василие Поповиќ - Цицо за неговата работа со сценографијата. Филмот, исто така, добива почесни дипломи на фестивалите во Единбург, 1960 година и Њу Делхи во 1961 година.[1]
Белешки
уреди- ↑ „Мис Стон“. Македонски Информациски Филмски Центар. Архивирано од изворникот на 2009-06-14. Посетено на 2008-09-15.
Надворешни врски
уреди- "Six Months Among Brigands" спомените на Ellen M. Stone
- "Born among Brigands; Mrs Tsilka's story of her Baby" спомените на Катерина Цилка
- Мис Стон на МИФЦ.