Мира Алечковиќ
Мира Алечковиќ (српски: Мира Алечковић), (Нови Сад, 2 февруари 1924 - Белград, 27 февруари 2008) — српска книжевница и поетеса.
Мира Алечковиќ Мира Алечковић | |
---|---|
Мира Алечковиќ | |
Роден/а | 2 февруари 1924 Нови Сад, Кралство СХС |
Починат/а | 27 февруари 2008 Белград, Србија | (возр. 84)
Почивалиште | Белград, Србија |
Занимање | поетеса и писателка |
Потпис |
Животопис
уредиРодена е на 2 февруари 1924 година во Нови Сад (крстена е во Николаевската црква како: Мирослава, но никој така не ја викал, туку само - Мира) како дете на Машан Алечковиќ, новинар родум од Требиње (од Засад, на патот кон Дубровничките Врати) и новосаѓанката Драгица Трпинац, која била инспектор во пошта и втора жена во безжичната телеграфија во Кралството СХС и Кралството Југославија. Мира Алечковиќ била прво женско дете кое се родило во ова српско херцеговско семејство Алечковиќ.
Во детството секое лето го поминувала на Косово кај сестрата на мајка ѝ Јелена, учитека, која ѝ ја пренела љубовта кон српската народна поезија (епска и лирска), каде се играла покрај реките Ситница и Лаба. Била една од најдобрите ученички на Десанка Максимовиќ и нејзина блиска пријателка, до крајот на нејзиниот живот, а Бранко Ќопиќ и бил венчален кум. По завршување на гимназијата патријархот Варнава ѝ укажал голема чест и ѝ понудил да ѝ биде покровител во нејѕиното понатамошно школување во странство на трошок на Српската православна црква, но тие планови ги спречила неговата ненадејна смрт. Студирала и завршила општа книжевност и славистика во Белград, како најдобра студентка во класата на поѕнатиот српски јазичар, професор на Белградскиот универзитет и академик Александар Белиќ, а потоа и виша Фушеова школа на Сорбона. Била полиглот и зборувала дури десет (10) странски јазика: француски, германски, англиски, руски, италијански, полски, чешки, македонски, словенечки и словачки.
Била изразит хуманист, а пријателства и културни врски воспоставувала низ целиот свет, можеби најмногу со руски и француски писатели и интелектуалци, но и со творци од голем број на земји од сите континенти. Имала три деца, две ќерки и син.
Мира Алечковиќ умрела на 27 февруари 2008 година во Белград, во 85-ата година од животот. Погребана е на 3 март, со воени почести, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта.
Дело
уредиТворечкиот опус на Мира Алечковиќ го претставуваат 53 книги за деца и возрасни (околу 30 книги за деца, и околу 20 книги за возрасни) — поезија и проза. Нејзината поезија е длабока, мисловна и впечатлива, во која се занимава со прашањата за смислата, за животот и смртта, као и секогаш неизбежната љубов. Книгите поезија за возрасни содржат лирски песни кои се неоправдано заборавени и се запоставен дел од нејзиното богато творештво.
Го уредила првиот број на списанието „Пионер“ (српски: „Пионир“), кој во текот на војната е издаван илегално. По војната поетесата продолжила со општествената и книжевната работа. Ги уредувала првите повоени списанија и листови за млади: „Младина“ (српски: „Омладина“), „Младост“, „Полетарец“ (српски: „Полетарац“), и „Змеј“ (српски: „Змај“). Повеќе од четириесет години била главен и одговорен уредник на „Змеј“ (српски: „Змај“).
Поетското творештво на Мира Алечковиќ се појавува непосредно пред почетокот на Втората светска војна, а својата прва збирка песни „Ѕвездени балади“ („Звездане баладе“) ја издава по завршување на војната во 1946 година. Објавила уште дваесетина книги за деца и дваесетина дела поезија и проза за возрасни. И нејзината поезија и нејзината проза преведени се на повеќе од 20 јазика (руски, бугарски, романски, унгарски, полски, чешки, монголски, италијански, и на сите јазици на народите и народностите на СФРЈ.
Поетските дела на Мира Алечковиќ припаѓат на традиционалниот тек на поезијата која се верзува за Јован Јовановиќ-Змај, Гвидо Тартаља, Десанка Максимовиќ и Бранко Ќопиќ. Нејзината лирика се засновува на едноставност и искреност, пишувана е со едноставен јазик близок на децата. Со неа таа кај младите пробудува племенитост и секогаш е проткаена со хуманост, хуманизам и човекољубие. Посебно внимание посветува на љубовта помеѓу родителите и децата, а паралелно се бори и за почит кон детската личност. Сепак, најмногу има родољубиви мотиви, а најдобра илустрација на ова тврдење е збирката „Ѕвездени балади“ („Звездане баладе“).
За својата работа Мира Алечковиќ вели: Творење за деца за мене значи враќање кон самата себе, светот на детството, почист од светот на возрасните. Тоа е вечно барање на убавината, добрината и љубовта, потрага за засолниште кога ќе нè изневери светот на возрасните.
Збирки песни
уреди- 1946 Ѕвездени балади (Звездане баладе)
- 1949 Денови разиграни (Дани разиграни)
- 1949 Три пролети (Три пролећа)
- 1952 Траги без стапки (Трагови без стопа)
- 1955 Пионерска пролет (Пионирско пролеће)
- 1956 Пријатели (Пријатељи)
- 1957 Ластовица (Ластавица)
- 1963 Сребрен воз (Сребрни воз)
- 1970 Сончани солитери (Сунчани солитери)
- 1972 Животот да биде љубов (Да живот буде љубав)
- 1975 Сонувач (Сањалица)
- 1980 Не можам без соништа (Не могу без снова)
- 1981 Затечена во љубов (Затечена у љубави)
- 1982 Патека со сребро извезена (Стаза сребром извезена)
- 1989 Ѕвездени балади (Звездане баладе)