Маврово (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија

Ма̀врово (грчки: Μαυροχώρι, Маврохори, до 1928 Μαύροβο, Маврово)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Маврово
Μαυροχώρι
Маврово is located in Грција
Маврово
Маврово
Местоположба во областа
Маврово во рамките на Костур (општина)
Маврово
Местоположба на Маврово во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°31′N 21°20′E / 40.517° СГШ; 21.333° ИГД / 40.517; 21.333Координати: 40°31′N 21°20′E / 40.517° СГШ; 21.333° ИГД / 40.517; 21.333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаМакедон
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.287
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур на брегот од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.

Историја уреди

Во XV век во Маврово биле евидентирани 178 глави на домаќинства[3] Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Маврово е споменато со 108 глави на семејства и 10 неженети:

Вкупниот приход за царството од селото изнесувал 6.980 акчиња.[4]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маврово се состоело од 75 семејства со 250 жители Македонци[5][6] Во селото подолго време работела грчката пропаганда и го преобраќала населението. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Маврово имало 325 жители Македонци[5], 450 Турци и 230 „Грци“ (всушност погрчени Македонци)[7].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Маврово се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 180 куќи.[8]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 966 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[5][9][10]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 1200 Грци и 800 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 турски и 150 грчки семејства[11].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 854 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1062 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврохори.[13].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[14].

Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна.

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 1065 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 1272 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1177 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1244 жители, во 1971 година имало 1104 жители, во 1981 година имало 1372 жители, додека во 1991 година имало 1387 жители[16]. Денеска, населението на селото е 1409 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1272 1177 1244 1104 1372 1387 1409 1287
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Родови уреди

Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:

  • Кирјазовци (10 к.) доселени се од селото Крпени. Нивниот предок Кирјаз дошол како младо момче на почетокот од XIX век поради зулумите на Али-паша Јанински.
  • Папа-Ставровци (7 к.) доселени се исто така од селото Крпени. И од иста причина како и родот Кирјазовци.
  • Пардановци (2 к.) доселени се од селото Фотиништа. Основачот на родот се доселил во почетокот од XIX век, и од иста причина како и претходните родови.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Личности уреди

 
Хрисос Бивулас
Родени во Маврово

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μαυροχώρι
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 89, 90.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  10. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.[мртва врска]
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  12. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26.
  13. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
  17. Милојевиќ, Боривоје. Јужна Македонија.
  18. 18,0 18,1 18,2 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 633.