Црква „Св. Димитриј“ - Маврово (Костурско)

црква во селото Маврово, Костурско, Егејска Македонија

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Маврово, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
40°30′51″N 21°19′15″E / 40.51417° СГШ; 21.32083° ИГД / 40.51417; 21.32083
МестоМаврово, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1869
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Црквата е изградена во 1869 г. врз остатоците од постар храм во северниот дел на селото. Од старата црква зачувани се икона на Свети Димитриј со чудата, иконата на Свети Јован Претеча на иконостасот и икона на Свети Никола. Средината на иконостасот со два реда икони исто така е од постариот храм. На проскинитарот има многу стара икона на Свети Димитриј на престол. Во женската црква се чуваат три стари икони — на Христос, на Богородица, и на Архангел Михаил, како и евангелие опковано со сребро.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Τσαμίσης, Παντελής (1949). Η Καστοριά και τα μνημεία της (грчки). Αθήνα: Ι. Λ. Αλευρόπουλος. стр. 163. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)