Крпени
Крпени (грчки: Κρεπενή , Крепени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Крпени Κρεπενή | |
---|---|
Влезот на црквата Свети Никола | |
Координати: 40°29′N 21°19′E / 40.483° СГШ; 21.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Македон |
Надм. вис. | 618 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 210 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри од градот Костур на југоисточниот брег на Костурското Езеро во историско-географската област Корешта[3]. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.
Историја
уредиВо доцниот среден век крпа Крпени било во составот на Втората бугарска држава. Во селото биле пронајдени бугарски монети и печат, со сликите на двајца бугарски владетели[4][5].
Во османлиските даночни регистри од средината на XV век селото било споменато со 24 глави на семејства и двајца невенчани: Папас, Драјо, Михо, Петру, Димитри, Михос, Јорго, Тодор, Јано, Стам, Јован, Тодорос, Михо, Добри, Јано, Грубан, Димитри, Дабижив, Петру, Стефан, Андро, Јорго, Стојко, Васо, Тодор, Петру и Којо, и две вдовици Кала и Марија. Вкупниот приход за државата од селото била 1.622 акчиња.[6]. Османлиски дефтер од 1530 пишува дека во селото има 30 семејства, 7 неженети и 5 вдовици.[7]
Во текот на XVIII век во селото е изградена црквата „Свети Никола“[8]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крпени се состоело од 27 семејства со 75 жители Македонци[9][10] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крпени имало 70 жители Македонци[9][11].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карпени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[12]
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[9][13] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 гркомански семејства[14]
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[15]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба. Подоцна, на местото каде некогаш се наоѓало селото биле изградени колибарски куќи од жителите на Маврово, кои доаѓале во Крпени за да ги обработуваат своите земји.
Крпени постои до денес, но до 1981 година се водела како напуштена населба без жители[15].
Демографија
уредиВо 1981 година имало 61 жител, додека во 1991 година имало 115 жители[16]. Денеска, населението на селото е 145 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | 115 | 145 | 210 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κρεπενή
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-08-03. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Поповски, Търпо. Македонски дневник. Спомени на отец Търпо Поповски, Издателство Фама, София, 2006, стр. 36.
- ↑ Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 85
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 92.
- ↑ Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara,2006, стр. 113
- ↑ http://istorikakastorias.blogspot.mk/2010/12/1.html
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ 15,0 15,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς