Категат (дански: Kattegat, шведски: Kattegatt) — морска површина и мореуз помеѓу полуостровот Јитланд и островското подрачје на Данска на запад и југ и покраините Вестерјетланд, Сканија, Халанд и Бохуслен во Шведска на исток. Во него се слива Балтичкото Море преку протокот Ересунд и данските протоци. Категат е продолжение на Скагерак и може да се смета за залив на Балтичкото или на Северното Море, иако во Скандинавија не се смета за ниедно од наведените.

Категат и Скагерак

Географија

уреди

Според спогодбата од 1932 потпишана од Данска, Норвешка и Шведска, северната граница помеѓу Категат и Скагерак се наоѓа на најсеверниот дел на ‘ртот Скаген (на Јитланд), а јужната граница кон Ересунд е на врвот на полуостровот Кулен во Сканија.[1]

Во Категат се влева реката Јета (кај Гетеборг), заедно со Лаган, Нисан, Етран и Вискан од покраината Халанд во Шведска и реката Гудено од Јитланд во Данска.

Поважни острови во Категат се Самсе, Лесе и Анхолт.

Околу Категат постојат неколку забележителни крајбрежни подрачја како природниот резерват Кулаберг во Сканија (со ретки видови и значајно карпесто крајбрежје), гратчето Меле (со живописно пристаниште и поглед) и ‘ртот Скаген на северниот крај на Данска.

Граници

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Категат (збирно определено како „Категат, Ересунд и Големиот и Малиот Појас“) ги има следниве граници:[2]

На север. Линија од Скаген и островчето Патерностер (57°54′N 11°27′E / 57.900° СГШ; 11.450° ИГД / 57.900; 11.450), а оттаму на северозапад преку песочните насипи до островот Шерн.

На југ. Границите на Балтичкото Море во појасите (Голем и Мал Појас) и протокот Ересунд:

* Во Малиот Појас. Линија од Фалшефт (54°47′N 9°57.5′E / 54.783° СГШ; 9.9583° ИГД / 54.783; 9.9583) до Вејснес Неке (54°49′N 10°26′E / 54.817° СГШ; 10.433° ИГД / 54.817; 10.433).

* Во Големиот Појас. Линија од Гулстав (јужниот крај на островот Лагеланд) до Капел Кирке (54°46′N 11°01′E / 54.767° СГШ; 11.017° ИГД / 54.767; 11.017) на островот Лоланд.

* Во Ересунд. Линија од светилникот на Стевнс (55°17′N 12°27′E / 55.283° СГШ; 12.450° ИГД / 55.283; 12.450) до ‘ртот Фалстербу (55°23′N 12°49′E / 55.383° СГШ; 12.817° ИГД / 55.383; 12.817).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Спогодба бр. 3210 Архивирано на 25 февруари 2009 г. - Договори во Лигата на народите, Низа 199, 1933 (англиски)
  2. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)

56°55′42″N 11°25′41″E / 56.92833° СГШ; 11.42806° ИГД / 56.92833; 11.42806