Леон (Никарагва)
Леон (шпански: León, полно име Santiago de los Caballeros de León) — град во западниот дел на средноамериканската држава Никарагва. Седиште е и на истоимениот департман. Според податоците од 2005 во градот живееле околу 175,000 жители. По ова Леон е втор по големи на град во земјата по Манагва.
Леон | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Катедралата „Успение на Марија“ | |||
| |||
Координати: 12°26′0″N 86°53′12″W / 12.43333°N 86.88667°W | |||
Држава | Никарагва | ||
Департман | Леон | ||
Надм. вис. | 86 м | ||
Население (2005) | |||
• Вкупно | 175,000 | ||
Час. појас | CST (UTC-6) |
Леон се наоѓа на реката Чикито, 93 километри северозападно од Манагва и 17 километри источно од брегот на Тихиот Океан.
Леон во 1524 бил основан од страна на конкистадорот Франсиско Ернандес де Кордоба. Првобитниот (стар) Леон (León Viejo) се наоѓал на околу 30 километри од денешниот град. По ерупцијата на вулканот Момотомбо во 1610 година, градот тешко страдал, па бил одново изграден во близина на домородската населба Субтијаба. Универзитетот во Леон е основан во 1813 година. Рушевините од стариот Леон во 2000 се прогласени за дел од светското наследство на УНЕСКО.
Кога Никарагва во 1839 се повлекла од Обединетите покраини на Средна Америка, Леон станал нејзин главен град. Со договорот од 1858 година било одлучено главниот град на Никарагва да биде Манагвa.
Надворешни врски
уреди„Леон (Никарагва)“ на Ризницата ? |
- www.alcaldiadeleon.org Архивирано на 14 август 2011 г. Градска интернет презентација
- www.leononline.net Архивирано на 12 мај 2008 г. Туристички информации