Дарко Ковачевиќ
Дарко Ковачевиќ (српски: Дарко Ковачевић) (роден на 18 ноември 1973 година во Ковин, Србија, СФР Југославија) — поранешен српски фудбалер. Тој е познат по своите периоди во Реал Сосиедад, каде неговото партнерство во нападот со Нихат Кавечи било еднo од најдобрите во Шпанија.[1] Неговите главни атрибути се неговата физичка сила и добрата игра со глава во воздухот. Исто така Ковачевиќ имал солидни периоди и во Јувентус и Олимпијакос.[2] Тој е сега спортски директор на Олимпијакос.[3]
Дарко Ковачевиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 8 мај 1981 | ||
Роден во | Ковин, СФРЈ | ||
Висина | м | 1,87||
Позиција | напаѓач | ||
Младинска кариера | |||
Раднички Ковин | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1992–1994 | Пролетер | 63 | (25) |
1994-1996 | Црвена Ѕвезда | 47 | (37) |
1996 | Шефилф Венздеј | 16 | (4) |
1996-1999 | Реал Сосиедад | 98 | (41) |
1999-2001 | Јувентус | 47 | (11) |
2001 | Лацио | 7 | (0) |
2001-2007 | Реал Сосиедад | 163 | (51) |
2007-2009 | Олимпијакос | 41 | (21) |
Репрезентација ‡ | |||
1994-2004 | Југославија | 58 | (10) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиСрбија-Пролетер и Црвена Ѕвезда
уредиКовачевиќ ја започнал неговата кариера во клубот од неговиот роден град Раднички Ковин, но наскоро се преселил во Зрењанин каде му се приклучил на прволигашот ФК Пролетер. Веќе по само една сезона во првиот тим на Пролетер станува јасно, дека овој млад играч на возраст од 19 години, ќе стане еден од најголемите некогаш напаѓачи во земјата. После две сезони со клубот, во кој Ковачевиќ успевал да постигне гол речиси во секој втор натпервар, тој бил брзо грабнат од страна на српскиот гигант Црвена Ѕвезда. Ковачевиќ блескал во белградскиот клуб, за да набрзо стане еден од најперспективните фудбалери во Европа, а заработил и повик во репрезентацијата на Југославија. Постигнувајќи неверојатни 37 гола во 47 натпревари, Ковачевиќ во декември 1995 година заминал во англискиот Премиер лигаш, Шефилд Венздеј за 2 милиони фунти.
Англија-Шефилд Венздеј
уредиУкажаната можност да ги покаже своите квалитети во една од најдобрите лиги во Европа, Ковачевиќ првично изгледал добро, импресивен во воздухот, и постигнал 2 гола во еден натпревар против Болтон во победата со 4-2. Веднаш по тој натпревар дошло до споредба од навивачите меѓу него и Лес Фердинанд, но во остатокот од сезона тој не оправдал ниту една марка која англискиот клуб ја платил за него. Трансферот на Ковачевиќ се претворил во катастрофа за Шефилд Венздеј откако напаѓачот успеал да постигне само 4 гола во првата половина од сезона со клубот. Неговиот трансфер во Венздеј од Црвена Ѕвезда во јули 2007 година бил именуван на 10. место На списокот на 50 најлоши трансфери во историјата на Премиер лигата според британскиот весник The Times.
Шпанија-Реал Сосиедад (првпат)
уредиНадевајќи се да се врати во топ-форма повторно, Ковачевиќ се преселил во Ла Лига потпишувајќи за Реал Сосиедад во 1996 година. Играјќи за шпанскиот клуб, Ковачевиќ ги покажува неговите најдобри перформанси и се претворил во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, повторно. Наскоро стигнал повик од поголеми клубови, но италијанскиот гигант Јувентус победил во трката и го ангажира србинот во 1999 година.
Италија-Јувентус и Лацио
уредиВо торинскиот клуб, Ковачевиќ влегол во голгетерска форма во Серија А и во натпреварите од Лигата на Шампионите и Купот на УЕФА и станал нивен водечки стрелец во евро-турнирите таа сезона. Сепак, раководството на Јувентус чувствувало дека Ковачевиќ бил под својте перформанси во неговата втора сезона и двете страни биле во потрага по трансфер на Ковачевиќ надвор од Италија, а меѓу најзаинтересираните клубови за услугите на напаѓачот бил шкотскиот Глазгов Ренџерс кој бил подготвен да понуди 12 милиони фунти. Сепак, Ковачевиќ решил да остане во Италија и во летото 2001 година се преселил накратко во Лацио (како дел од размената во трансферот на Марсело Салас во Јувентус) пред да се врати назад во Шпанија во средината на сезоната.
Шпанија-Реал Сосиедад (вторпат)
уредиВо 2001 година Ковачевиќ конечно се вратил во клубот каде што наишол на својот најголем успех во Реал Сосиедад. Ковачевиќ поминал уште 6 сезони во клубот, постигнувајќи 51 гол во својот втор престој со Сосиедад. Сезоната 2006-07 била последна сезона за Ковачевиќ во шпанскиот тим, завршувајќи ја со испаѓање на клубот во понизок ранг.
Наводи
уреди- ↑ Ковачевиќ повторно клучен за Сосиедад Архивирано на 4 март 2016 г.; преземено од Дневник (Број 2289 - сабота, 18 март 2006)
- ↑ Ковачевиќ се враќа да го освои „Деле Алпи" Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Утрински Весник (Број 1301 - понеделник, 16 октомври 2006)
- ↑ Олимпијакос во преговори со Јунајтед за голманот Кушчак Архивирано на 17 март 2016 г.; преземено од Спорт Инфо (17-12-2011)
Надворешни врски
уреди„Дарко Ковачевиќ“ на Ризницата ? |
- Дарко Ковачевиќ – Профил на службената страница на ФИФА
- Дарко Ковачевиќ на National-Football-Teams.com
- Профил на мрежното место на српската фудбалска репрезентација