КК Работнички сезона 2017/18

Сезоната 2017/18 на КК Работнички - 26. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 72. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак.

Сезона на КК Работнички 2017/18
Лига Прва лига мажи
Спорт кошарка
Прва лига мажи 2017/18
Сезони на КК Работнички

← 2016/17

2018/19 →

Преглед на сезоната

уреди

Претсезонски подготовки и промени

уреди

Разигрувачот од ланската сезона, Владо Илиевски, се пензионирал како кошаркар.[1] Исто така, центарот Ненад Мишановиќ го напуштил Работнички и се преселил во кипарското првенство.[2] Работнички се пријавил во ФИБА Лигата на Шампионите за престоечката сезона.[3] Веднаш потоа крилниот центар Бојан Крстевски станал старо-нов играч на клубот.[4] Откако Карпош Соколи добил право на учество во квалификациите, Работнички се пријавил за учество во ФИБА Европа Купот,[5][6] при што му било одобрено да учествува во квалификациите на ова натпреварување.[7] Во меѓувреме, клубот го напуштил Андреј Маслинко кој потпишал за МЗТ Аеродром.[8][9] На крајот на јули, Кирил Павловски го напуштил Работнички, селејќи се во новиот прволигаш Гостивар. Исто така, и Диме Тасовски во август се преселил во Гостивар.[10]

Од Работнички заминал Лука Петровски кој се преселил во второлигашот Вардар.[11]

Во средината на август, во клубот пристигнал Бугаринот Чавдар Костов, кој играл на позицијата бек.[12] На крајот на месецот, во екипата пристигнал Маркус Гинјард како крилен центар,[13] како и разигрувачот Кори Луциус.[14] За престојната сезона, Работнички ги задржал Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Петар Николиќ и Виктор Ефремовски.[13]

Септември

уреди

Во средината на септември пристигнал Србинот Дарко Чохадаревиќ за на позицијата центар.[15] Во првиот натпревар од првата квалификациска рунда на ФИБА Европа Купот, Работнички на гости загубил од руска Парма со 88:63. Истакнати играчи биле Чавдар Костов со 22 бода и шест скокови, и Кори Луциус со четири асистенции.[16]

Во вториот натпревар одигран во Вип арената Борис Трајковски, Работнички пак загубил од Парма со 73:95 и со тоа бил елиминиран. Маркус Гинјард завршил со 26 бода и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски остварил седум скокови.[17]

По двомечот со Парма, Кори Луциус го напуштил клубот по истекот на едномесечниот договор.[18]

Октомври

уреди

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на Куманово 2009 и го победил со 88:91 по продолженија. Чавдар Костов имал 30 бода и осум скокови, исто толку скокови имал Дарко Чохадаревиќ, додека Маркус Гинјард завршил со шест асистенции.[19]

Заради пополнување на позицијата 1 и 2, во Работнички пристигнал Расел Робинсон, кој последен пат играл во полски Шчеќин.[20]

Во второто коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 80:63. Најдобар бодтер и скокач бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода и осум скокови, а Петар Николиќ и Чавдар Костов имале шест асистенции.[21]

По натреварот со Фени, како што претходно било најавено, Дарко Чохадаревиќ го напуштил Работнички.[18]

Во третото коло Работнички на гости го победил Кожув со 53:94. Маркус Гинјард постигнал 27 бода и остварил осум скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[22]

Во четвртото коло Работнички дома го победил Пелистер со резултат 105:49. Маркус Гинјард бил најдобар бодтер со 28 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со осум скокови и пет асистенции, исто толку асистенции колку и Петар Николиќ.[23]

Ноември

уреди

Во петтото коло Работнички на гости славел против Шкупи со 85:103. Најистакнати играчи биле Маркус Гинјард со 37 бода, Ѓорѓи Чековски со 13 скокови и Расел Робинсон со шест асистенции.[24]

Во шестото коло Работнички дома ја совладал Блокотехна со 71:55. Чавдар Костов натпреварот го завршил со 15 бода и 14 скокови, а Димитар Мираковски стигнал до шест асистенции.[25]

Во седмото коло Работнички на гости го победил Гостивар со 76:78. Маркус Гинјард имал постигнато 18 бода и седум асистенции, а Бојан Крстевски остварил осум скокови.[26]

Центарот Кирил Николовски кој сезоната ја започнал во Карпош Соколи, се преселил во Работнички.[27][28][29]

Декември

уреди

Во осмото коло Работнички како гостин го победил МЗТ Аеродром со 71:76. Маркус Гинјард постигнал 20 бода, Кирил Николовски остварил 13 скокови, додека Чавдар Костов, Расел Робинсон и Димитар Мираковски завршиле со по четири асистенции.[30]

Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил АВ Охрид со 95:75. Истакнати играчи биле Бојан Крстевски со 19 бода, Чавдар Костов со девет скокови и Димитар Мираковски со осум додавања.[31]

Во десеттото коло Работнички како гостин во Градски Парк го победил Карпош Соколи 2000 со 61:99. Виктор Ефремовски бил најуспешен стрелец со 23 бода, Славчо Темелковски завршил со 15 скокови и Петар Николиќ остварил шест асистенции.[32]

Во единаесеттото коло Работнички дома ја победил Струмица со 108:57. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 26 бода, Ѓорѓи Чековски со десет скокови и Димитар Мираковски со седум додавања.[33]

Јануари

уреди

Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против Куманово 2009 со 81:77. Најдобар бодтер бил Маркус Гинјард со 19 бода, со девет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски и Чавдар Костов со седум додавања завршил како најдобар додавач.[34]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Фени Индустри со 55:74. Најистакнати кошаркари биле Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, и Ѓорѓи Чековски со девет скокови.[35]

Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен го поразил Кожув со 76:64. Расел Робинсон остварил 17 бода, Кирил Николовски имал 11 скокови, додека Ѓорѓи Чековски завршил со три асистенции.[36]

Февруари

уреди

Во петнаесеттото коло Работнички на гости го победил Пелистер со 57:106. Маркус Гинјард остварил 23 бода и шест скокови, исто скокови како и Бојан Крстевски, додека Расел Робинсон завршил со четири додавања.[37]

Во шестнаесеттото коло Работнички во Градски Парк го победил Шкупи со 113:62. Со 18 бода Чавдар Костов и Маркус Гинјард биле најдобри бодтери, Ѓорѓи Чековски имал 10 скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.[38]

Во средината на февруари Ангел Тасевски, дотогашниот тренер на Карпош Соколи 2000, станал извршен директор на Работнички.[39]

Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Јасмин во Кавадарци го победил Карпош Соколи 2000 со резултат 103:49. Маркус Гинјард остварил 21 бод и седум скокови, исто скокови како и Кирил Николовски, а најдобар додавач бил Димитар Мираковски со девет асистенции.[40]

Во полуфиналето, Работнички бил подобар од Куманово 2009 со 77:68. Кирил Николовски остварил 18 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[41]

Во финалето, Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со 67:76. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 24 бода, Чавдар Костов со 12 скокови и Расел Робинсон со пет асистенции.[42]

Март

уреди

Во седумнаесеттото коло Работнички на гостински терен ја поразил Блокотехна со 67:73. Науспешен кошаркар бил Кирил Николовски со 15 бода, десет скокови и три додавања, исто додавања како и Расел Робинсон.[43]

Во осумнаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 74:49. Чавдар Костов имал постигнато 20 бода, Маркус Гинјард остварил десет скокови и Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[44]

Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против МЗТ Аеродром со 100:84. Поради недолично однесување, натпреварот бил прекинат, оставен да се доигра следниот ден, без присуство на публика.[45] Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 31 бод и девет скокови, додека Димитар Мираковски имал девет додавања.[46]

Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил АВ Охрид со резултат 69:100. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 22 бода, Маркус Гинјард имал шест освоени топки, а Димитар Мираковски дошол до пет асистенции.[47]

Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Карпош Соколи 2000 со 96:59. Кирил Николовски имал 24 бода и седум скокови, а Расел Робинсон остварил шест асистенции.[48]

Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнал Димитар Караџовски кој се преселил од Куманово 2009.[49][50]

Управниот одбор на МКФ одлучил, поради навивачките инциденти и можноста да биде забрането играње во Градски Парк, дека Работнички може да продолжи да игра во домашната сала, со засилени безбедносни мерки.[51][52]

Во дваесет и второто коло Работнички ја победил Струмица на гостински терен со 77:103. Најдобар играч бил Кирил Николовски со 24 бода и 11 скокови, додека најдобар додавач бил Димитар Мираковски со седум асистенции.[53]

Како засилување на позицијата 2, во Работнички пристигнал Шон Евас кој играл за аргентинска Бока Јуниорс.[54][55]

Април

уреди

Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил АВ Охрид со 55:85. Маркус Гинјард имал 21 бод, најдобар скокач бил Чавдар Костов, додека Димитар Мираковски и Расел Робинсон завршиле со четири додавања.[56]

Во второто коло Работнички дома остварил победа против Гостивар со 71:57. Чавдар Костов имал 16 бода, Димитар Мираковски дошол до седум скокови и осум додавања, исто толку скокови како и Маркус Гинјард.[57]

Во третото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:82. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 20 бода, Бојан Крстевски со седум скокови и Расел Робинсон со пет додавања.[58]

Во четвртото коло играл во салата Младост во Гостивар како домашна екипа бидејќи семафорот за 24 секунди не работел во салата Градски Парк.[59][60] Во тој натпревар Работнички победил против МЗТ Аеродром со 92:74. Најдобар играч бил Шон Еванс со 19 бода и 12 скокови, а најуспешен додавач бил Расел Робинсон со осум асистенции.[61]

Во петтото коло Работнички во гости ја победил Блокотехна НБ со 86:93. Димитар Мираковски имал 17 бода, Шон Еванс 11 скокови, а Димитар Караџовски бил со шест додавања.[62]

Во шестото коло Работнички дома го победил АВ Охрид со резултат 100:64. Најистакнати кошаркари биле Бојан Крстевски со 15 бода, Ѓорѓи Чековски со шест скокови и Димитар Мираковски со пет додавања.[63]

Во седмото коло Работнички на гости победил против Гостивар со 69:74. Најистакнат стрелец бил Чавдар Костов со 13 бода, Шон Еванс завршил со шест скокови, а Димитар Мираковски и Расел Робинсон заедно имале по пет додавања.[64]

Во осмото коло Работнички дома го поразил Куманово 2009 со 109:76. Чавдар Костов имал 24 бода, најдобар скокач бил Кирил Николовски, а Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[65]

Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од МЗТ Аеродром со 80:76. Најдобар стрелец бил Чавдар Костов со 29 бода, Шон Еванс бил со девет скокови, а Димитар Мираковски имал пет додавања.[66]

Во десеттото коло Работнички дома победил против Блокотехна НБ со 78:65. Наистакнат бодтер бил Кирил Николовски со 16 бода, Маркус Гинјард завршил со седум скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до пет додавања.[67]

Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички дома го победил Куманово 2009 со 101:72. Најдобри стрелци биле Расел Робинсон и Шон Еванс со 19 бода, најдобар скокач бил Еванс со десет скокови, и Ѓорѓи Чековски остварил четири додавања.[68]

Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен го победил Куманово 2009 со 68:82. Најдобар бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 20 бода и шест скокови, а најуспешен додавач бил Ѓорѓи Чековски со пет асистенции.[69]

Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 81:65 повторно победил и со 3:0 во победи го елиминирал Куманово 2009. Најдобри стрелци биле Шон Еванс и Маркус Гинјард со 17 бода, најуспешни скокачи биле Бојан Крстевски и Еванс со девет скокови, додека најистакнат додавач со три додавања бил Ѓорѓи Чековски.[70]

Во првиот натпревар од финалето, Работнички во Градски Парк го победил МЗТ Аеродром со 86:77. Чавдар Костов имал 21 бод, Шон Еванс завршил со 12 скокови, а Расел Робинсон остварил шест додавања.[71]

Во вториот натпревар од финалето, Работнички во гости го поразил МЗТ Аеродром со 75:76. Најдобар играч бил Расел Робинсон со 22 бода и седум додавања, а најдобар скокач бил Шон Еванс со девет скокови.[72]

Во третиот натпревар Работнички дома го победил МЗТ Аеродром со 87:84 и со 3:0 во победи станал првак на Првенството. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Расел Робинсон завршил со пет додавања.[73]

Состав и стручен штаб

уреди

Играчки состав

уреди

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
10 Маркус Гинјард 196 Крилен центар
/ Бек
31   САД 2017 Чарни  
7 Шон Еванс 203 Крилен центар 29   САД 2018 Бока Јуниорс  
20 Чавдар Костов 195 Бек 30   Бугарија 2017 Кимис  
1 Кирил Николовски 210 Крилен центар
/ Центар
29   Македонија 2017 Карпош Соколи
14 Бојан Крстевски 206 Крилен центар
/ Центар
28   Македонија 2017 Кожув
5 Димитар Мираковски (К) 177 Разигрувач 37   Македонија 2014 Кожув
15 Расел Робинсон 185 Бек 32   САД 2017 Шчеќин  
9 Ѓорѓи Чековски 203 Крилен центар 38   Македонија 2015 Приштина  
6 Димитар Караџовски 190 Бек 33   Македонија
  Бугарија
2018 Куманово 2009
25 Виктор Ефремовски 191 Крило 19   Македонија 2015 Вардар
8 Петар Николиќ 189 Бек 24   Македонија
  Србија
2015 Водњански Лисици
6 Дамјан Крстевски 193 Бек 18   Македонија 2014 Младински состав
Повремени играчи од младинските погони на Работнички
12 Славчо Темелковски 199 Центар 17   Македонија 2016 Младински состав
7 Андреа Деолски 188 Бек 18   Македонија 2016 Младински состав
4 Андреј Јордановски 183 Разигрувач 18   Македонија 2017 Вардар
Максим Митевски 18   Македонија 2017 Младински состав

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација[мртва врска] eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната

уреди

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб заминал
во (година)
следен клуб
11 Кори Луциус 180 Разигрувач 27   САД 2017 Монктон Меџик   2017
45 Дарко Чохадаревиќ 205 Центар /
Крилен центар
31   Србија 2017 Каен   2017

Стручен штаб

уреди

име функција
Марин Докузовски тренер
Перо Блажевски помошник тренер
Марко Докузовски помошник тренер
Александар Петровски службен претставник
технички раководител
лекар
физиотерапевт

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација[мртва врска]

Статистика

уреди
Прва лига мажи 2017/18 Куп 2018
Прва лига Супер лига Разигрување
О П З Бод Поз О П З Бод Поз О П З Поз
22 22 0 44 1. 10 8 2 18 1. 6 6 0 П ВП

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загуби
  • Пое = Бодови
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ИНТЕРВЈУ – ВЛАДО ИЛИЕВСКИ: Дојде време да и кажам збогум на кошарката!“. ekipa.mk. 9 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
  2. „„Градски парк" остана без „џинот": Мишановиќ си замина од Работнички“. gol.mk. 15 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
  3. „И Работнички со пријава за Лигата на Шампионите“. sportmedia.mk. 21 јуни 2017. Посетено на 24 јуни 2017.
  4. „НАЈТРОФЕЈНИОТ СЕ ЗАСИЛУВА: Бојан Крстевски е нов играч на Работнички“. sportmedia.mk. 22 јуни 2017. Посетено на 24 јуни 2017.
  5. „Работнички e еден од десетте клуба кои не „поминаа". sportmedia.mk. 29 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
  6. „Работнички не се откажува од Европа – нова апликација до ФИБА“. ekipa.mk. 29 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
  7. „Работнички ќе се проба во ФИБА Европа Купот“. sportmedia.mk. 14 јули 2017. Посетено на 15 јули 2017.
  8. „Нов бран на репрезентативци во МЗТ“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 7 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-10. Посетено на 4 август 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „МЗТ со две засилувања – Бојан Трајковски и Андреј Маслинко“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 август 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-11. Посетено на 4 август 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Диме Тасовски потпиша за Гостивар!“. ekipa.mk. 10 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  11. „Список на одобрени играчи и службени лица - сезона 2017/18 - Втора лига мажи - КК Вардар“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација. 18 август 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-31. Посетено на 27 октомври 2017.
  12. „Костов го избра Работнички пред Лукоил, доаѓа во „Градски парк". ekipa.mk. 15 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  13. 13,0 13,1 „Американец во „Градски парк": Гинјард потпиша за Работнички“. ekipa.mk. 22 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  14. „Луциус е новиот плејмејкер на Работнички“. ekipa.mk. 26 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  15. „Докузовски во Ботевград го „тестираше" Чохадаревиќ“. sportmedia.mk. 15 септември 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  16. „BC Parmа-BC Rabotnicki 88:63“. fiba.basketball. 21 септември 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  17. „BC Rabotnicki-BC Parmа 73:95“. fiba.basketball. 27 септември 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  18. 18,0 18,1 „Докузовски: Чохадаревиќ и Лусиус си заминуваат од „Градски парк". ekipa.mk. 27 септември 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  19. „Куманово 2009-Работнички 88:91“. fibalivestats.com. 7 октомври 2017. Посетено на 16 октомври 2017.
  20. „Робинсон е „добитната комбинација" на плеј за Работнички“. sportmedia.mk. 13 октомври 2017. Посетено на 16 октомври 2017.
  21. „Работнички-Фени Индустри 80:63“. fibalivestats.com. 14 октомври 2017. Посетено на 16 октомври 2017.
  22. „Кожув-Работнички 53:94“. fibalivestats.com. 24 октомври 2017. Посетено на 24 октомври 2017.
  23. „Работнички-Пелистер 105:49“. fibalivestats.com. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
  24. „Шкупи-Работнички 85:103“. fibalivestats.com. 5 ноември 2017. Посетено на 5 ноември 2017.
  25. „Работнички-Блокотехна 71:55“. fibalivestats.com. 11 ноември 2017. Посетено на 12 ноември 2017.
  26. „Гостивар-Работнички 76:78“. fibalivestats.com. 19 ноември 2017. Посетено на 19 ноември 2017.
  27. „Николовски потпиша: Сакам титула со Работнички“. ekipa.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 22 ноември 2017.
  28. „Работнички го договори Николовски, ќе дебитира против МЗТ“. gol.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 22 ноември 2017.
  29. „Кире Николовски за Работнички ќе дебитира против „својот" МЗТ Аеродром“. sportmedia.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 22 ноември 2017.
  30. „МЗТ Аеродром-Работнички 71:76“. fibalivestats.com. 6 декември 2017. Посетено на 6 декември 2017.
  31. „Работнички-АВ Охрид 95:75“. fibalivestats.com. 9 декември 2017. Посетено на 9 декември 2017.
  32. „Карпош Соколи 2000-Работнички 61:99“. fibalivestats.com. 16 декември 2017. Посетено на 16 декември 2017.
  33. „Работнички-Струмица 108:57“. fibalivestats.com. 22 декември 2017. Посетено на 23 декември 2017.
  34. „Работнички-Куманово 2009 81:77“. fibalivestats.com. 13 јануари 2018. Посетено на 13 јануари 2018.
  35. „Фени Индустри-Работнички 55:74“. fibalivestats.com. 17 јануари 2018. Посетено на 18 јануари 2018.
  36. „Работнички-Кожув 76:64“. fibalivestats.com. 27 јануари 2018. Посетено на 28 јануари 2018.
  37. „Пелистер-Работнички 57:106“. fibalivestats.com. 3 февруари 2018. Посетено на 4 февруари 2018.
  38. „Работнички-Шкупи 113:62“. fibalivestats.com. 7 февруари 2018. Посетено на 7 февруари 2018.
  39. „Ангел Тасевски ќе биде новиот извршен директор на Работнички“. sportmedia.mk. 13 февруари 2018. Посетено на 2 март 2018.
  40. „Работнички-Карпош Соколи 2000 103:49“. fibalivestats.com. 16 февруари 2018. Посетено на 17 февруари 2018.
  41. „Работнички-Куманово 2009 77:68“. fibalivestats.com. 17 февруари 2018. Посетено на 23 февруари 2018.
  42. „Работнички-МЗТ Аеродром 67:76“. fibalivestats.com. 18 февруари 2018. Посетено на 23 февруари 2018.
  43. „Блокотехна-Работнички 67:73“. fibalivestats.com. 3 март 2018. Посетено на 3 март 2018.
  44. „Работнички-Гостивар 74:49“. fibalivestats.com. 10 март 2018. Посетено на 11 март 2018.
  45. „Толку од дербито – ќе се доигра утре пред празни трибини“. ekipa.mk. 17 март 2018. Посетено на 18 март 2018.
  46. „Работнички-МЗТ Аеродром 100:84“. fibalivestats.com. 18 март 2018. Посетено на 18 март 2018.
  47. „АВ Охрид-Работнички 69:100“. fibalivestats.com. 23 март 2018. Посетено на 24 март 2018.
  48. „Работнички-Карпош Соколи 2000 96:59“. fibalivestats.com. 24 март 2018. Посетено на 24 март 2018.
  49. „Работнички го договори Димитар Караџовски од Куманово“. gol.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  50. „КАРАЏОВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Си заминувам од Куманово – изборот е Работнички!“. sportmedia.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  51. „МКФ одлучи: Работнички останува во „Градски парк". ekipa.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  52. „Управниот одбор одлучи: Работнички ќе игра во „Градски парк", без промени во Првата лига“. sportmedia.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  53. „Струмица-Работнички 77:103“. fibalivestats.com. 28 март 2018. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 28 март 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  54. „Шон Еванс последното парче од мозаикот на Работнички“. ekipa.mk. 30 март 2018. Посетено на 7 април 2018.
  55. „Шон Еванс од Аргентина пристигна во Работнички“. gol.mk. 30 март 2018. Посетено на 7 април 2018.
  56. „АВ Охрид-Работнички 55:85“. fibalivestats.com. 1 април 2018. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 1 април 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  57. „Работнички-Гостивар 71:57“. fibalivestats.com. 5 април 2018. Посетено на 7 април 2018.
  58. „Куманово 2009-Работнички 83:82“. fibalivestats.com. 11 април 2018. Посетено на 15 април 2018.
  59. „И тоа ќе го видиме – вечно дерби во Гостивар“. ekipa.mk. 16 април 2018. Посетено на 16 април 2018.
  60. „Зошто Работнички избега дури до Гостивар? Без публика може да игра во „Кале"...“. sportmedia.mk. 16 април 2018. Посетено на 16 април 2018.
  61. „Работнички-МЗТ Аеродром 92:74“. fibalivestats.com. 16 април 2018. Посетено на 16 април 2018.
  62. „Блокотехна НБ-Работнички 86:93“. fibalivestats.com. 19 април 2018. Посетено на 19 април 2018.
  63. „Работнички-АВ Охрид 100:64“. fibalivestats.com. 21 април 2018. Посетено на 22 април 2018.
  64. „Гостивар-Работнички 69:74“. fibalivestats.com. 25 април 2018. Посетено на 28 април 2018.
  65. „Работнички-Куманово 2009 109:76“. fibalivestats.com. 28 април 2018. Посетено на 29 април 2018.
  66. „МЗТ Аеродром-Работнички 80:76“. fibalivestats.com. 3 мај 2018. Посетено на 5 мај 2018.
  67. „Работнички-Блокотехна НБ 78:65“. fibalivestats.com. 5 мај 2018. Посетено на 5 мај 2018.
  68. „Работнички-Куманово 2009 101:72“. fibalivestats.com. 9 мај 2018. Посетено на 11 мај 2018.
  69. „Куманово 2009-Работнички 68:82“. fibalivestats.com. 12 мај 2018. Посетено на 14 мај 2018.
  70. „Работнички-Куманово 2009 81:65“. fibalivestats.com. 14 мај 2018. Посетено на 15 мај 2018.
  71. „Работнички-МЗТ Аеродром 86:77“. fibalivestats.com. 20 мај 2018. Посетено на 20 мај 2018.
  72. „МЗТ Аеродром-Работнички 75:76“. fibalivestats.com. 23 мај 2018. Посетено на 23 мај 2018.
  73. „Работнички-МЗТ Аеродром 87:84“. fibalivestats.com. 25 мај 2018. Посетено на 26 мај 2018.