КК Работнички сезона 2018/19

Сезоната 2018/19 на КК Работнички - 27. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 73. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил првак во Купот, додека во Првенството бил вицепрвак.

Сезона на КК Работнички 2018/19
Лига Прва лига мажи
Спорт кошарка
Прва лига мажи 2018/19
Сезони на КК Работнички

← 2017/18

2019/20 →

Преглед на сезоната

уреди

Претсезонски подготовки и промени

уреди

Во средината на јули, Бобан Стајиќ потпишал за Работнички, кој ланската сезона настапувал во Куманово 2009.[1] Неколку дена подоцна, исто поранешен играч на Куманово, Марјан Јанески одлучил да игра за Работнички.[2][3][4]

Потоа, поради ангажирањето на Стајиќ, разигрувачот Петар Николиќ продолжил во Блокотехна.[5]

Во екипата од ланската сезона, останале Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Димитар Мираковски, Димитар Караџовски и Чавдар Костов.[2][5][6]

Центарот од ланската сезона, Шон Еванс ја продолжил својата кариера во грчкиот Ифаистос Лимну.[7] Во септември, Расел Робинсон, потпишал за бугарскиот Левски.[8] Неколку дена подоцна, Маркус Гинјард потпишал и заминал во романска Орадеа.[9]

Октомври

уреди

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на АВ Охрид и го победил со 44:94. Кирил Николовски имал 16 бода, Бојан Крстевски остварил десет скокови, додека Чавдар Костов завршил со пет асистенции.[10]

Во второто коло Работнички дома го победил Пелистер со 95:56. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 22 бода, најуспешен скокач бил Кирил Николовски со осум скокови, а Виктор Ефремовски и Чавдар Костов имале по четири асистенции.[11]

Во третото коло Работнички на домашен терен го победил Кожув со 102:75. Чавдар Костов постигнал 29 бода, Кирил Николовски остварил шест скокови, а Димитар Караџовски завршил со седум асистенции.[12]

Во четвртото коло Работнички на гости го победил Куманово 2009 со резултат 70:82. Кирил Николовски бил најдобар бодтер со 18 бода. Бојан Крстевски, Чавдар Костов и Николовски, како најдобри скокачи, завршиле со по седум скокови. Најмногу додавања имале Димитар Мираковски и Димитар Караџовски, односно четири.[13]

Ноември

уреди

Во петтото коло Работнички бил слободен.

На 7 ноември бил организиран хуманитарен натпревар помеѓу актуелниот состав на Работнички и ветерани односно поранешни истакнати играчи на клубот. Во составот на ветераните биле: Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Перо Блажевски, Ристе Стефанов, Марјан Србиновски, Александар Димитровски, Енес Хаџибулиќ, Борис Нешовиќ, Александар Јончевски. Тренер на екипата на ветераните бил Лазар Лекиќ.[14][15]

Во шестото коло Работнички на гости го совладал МЗТ Аеродром со 88:90. Марјан Јанески натпреварот го завршил со 30 бода, Чавдар Костов остварил девет скокови, а Димитар Караџовски стигнал до шест асистенции.[16]

На 14 ноември, во Градски Парк, Работнички одиграл пријателски натпревар со ЈБА-екипата, односно кошаркари од младинската кошаркарска лига на САД. Работнички победил со 127:122.[17][18]

Во седмото коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 92:87. Кирил Николовски и Чавдар Костов биле најдобри стрелци со 18 бода. Николовски завршил и со девет скокови, а Димитар Караџовски остварил шест асистенции.[19]

Во осмото коло Работнички како гостин загубил од Блокотехна НБ со 75:61. Чавдар Костов постигнал 16 бода, Бојан Крстевски остварил 7 скокови, додека Марјан Јанески завршил со четири додавања.[20]

Декември

уреди

Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил Шкупи со 96:58. Истакнати играчи биле Виктор Ефремовски со 21 бод, Славчо Темелковски со девет скокови, и Димитар Мираковски со девет додавања.[21]

Во десеттото коло Работнички како гостин го победил Вардар со 89:107. Бојан Крстевски бил најуспешен стрелец со 22 бода, Марјан Јанески завршил со 7 скокови и Бобан Стајиќ остварил пет додавања.[22]

Во единаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 89:78. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 30 бода, Бојан Крстевски со девет скокови и Димитар Мираковски со шест додавања.[23]

На крајот на декември, помошникот-тренер, Александар Јончевски, го напуштил Работнички и станал главен тренер на Кожув.[24][25]

Јануари

уреди

На почетокот на 2019 година, на местото помошник-тренер, во Работнички пристигнал Игор Михајловски.[26]

Во средината на јануари, резервниот центар Славчо Темелковски се преселил во Вардар.[27][28][29]

Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против АВ Охрид со 96:54. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 24 бода, со десет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски, и Димитар Мираковски заедно со Бобан Стајиќ завршиле како најдобри додавачи со седум додавања.[30]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Пелистер со 63:110. Најистакнати кошаркари биле Чавдар Костов со 40 бода и шест скокови, и Бобан Стајиќ со седум додавања.[31]

Февруари

уреди

Во четиринаесеттото коло Работнички на гостински терен го поразил Кожув со 73:84. Чавдар Костов остварил 24 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски завршил со пет додавања.[32]

Во петнаесеттото коло Работнички дома го победил Куманово 2009 со 88:79. Димитар Мираковски и Чавдар Костов оствариле по 19 бода, Бобан Стајиќ имал пет скокови и 11 додавања, исто скокови како и Бојан Крстевски.[33]

Март

уреди

Во шестнаесеттото коло Работнички бил слободен.

Во седумнаесеттото коло Работнички на домашен терен бил поразен од МЗТ Аеродром со 70:74. Науспешен бодтер бил Бојан Крстевски со 19 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 11 скокови, и Димитар Мираковски завршил со десет додавања.[34]

Во осумнаесеттото коло Работнички на гости го победил Фени Индустри со 66:72. Димитар Караџовски имал постигнато 20 бода и пет додавања, додека Чавдар Костов остварил девет скокови.[35]

Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против Блокотехна НБ со 94:77. Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 27 бода и осум скокови, додека Бобан Стајиќ имал пет додавања.[36]

Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил Шкупи со резултат 77:120. Најдобар бодтер бил Виктор Ефремовски со 23 бода, Марјан Јанески и Бојан Крстевски имале седум скокови, а најуспешни додавачи биле Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски со седум додавања.[37]

Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Вардар со 84:61. Чавдар Костов имал 17 бода, Бојан Крстевски заедно со Марјан Јанески и Димитар Мираковски кој остварил седум додавања, завршиле со четири скокови.[38]

Во дваесет и второто коло Работнички го победил Гостивар на гостински терен со 61:85. Најдобар играч бил Бобан Стајиќ со 16 бода и 8 додавања, исто толку бодови како и Бојан Крстевски, додека најдобри скокачи биле Димитар Караџовски и Чавдар Костов со седум скокови.[39]

Април

уреди

На 4 април, на Работнички, му истекла суспензијата за странски играчи како засилувања, дадена од ФИБА. Причина за суспензијата била долг на Дарко Чохадаревиќ, играч од ланската сезона.[40]

Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнале Србинот со македонски пасош Стефан Младеновиќ кој се преселил од АВ Охрид,[41] и Ксавиер Џонсон кој од екипата на Тексас Леџендс, клуб од Г-Лигата односно развојната лига на НБА.[42][43] Но според МКФ, Џонсон имал несоответна документација, и Работнички упатил жалба и кривична пријава кон Федерацијата.[44][45] Исто така, во екипата пристигнал кошаркарот од САД со македонски пасош Дариус Вашингтон кој последен пат играл за Тим ДРЦ во САД.[46][47]

Поради повреда на Кирил Николовски уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.[42][43]

Во меѓувреме, младинците Андреја Деолски и Дамјан Крстевски се преселиле во Шкупи односно Вардар.[29][48]

Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил Куманово 2009 со 57:75. Бојан Крстевски имал 22 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со седум, додека Димитар Мираковски завршил со девет додавања.[49]

Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата 26 Април во Гевгелија го победил Куманово 2009 со резултат 104:80. Бојан Крстевски остварил 24 бода, со најмногу скокови (шест) бил Ѓорѓи Чековски, а најдобри додавачи биле Димитар Мираковски и Димитар Караџовски со шест додавања.[50]

Во полуфиналето Работнички, по две продолженија, го победил МЗТ Аеродром со резултат 93:89, откако по 40 минути било 72:72. Чавдар Костов остварил 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал десет скокови, а Бобан Стајиќ завршил со шест додавања.[51]

Во финалето Работнички ја победил Блокотехна НБ со 71:85, и ја освоил десеттата Куп титула. Чавдар Костов постигнал 25 бода и 11 скокови, а Бобан Стајиќ завршил со осум додавања.[52]

Откако МКФ одлучила дека салата Градски Парк нема доволно услови за одржување на кошаркарски натпревари во Супер лигата, решила да го суспендира теренот.[53] Како алтернативен домашен терен, Работнички го одбрал спортскиот центар Борис Трајковски - Вип арена.[54][55]

Во второто коло од Супер лигата, поради зафатеност на Вип арената, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Младост во Гостивар.[56] Во тој натпревар, Работнички остварил победа против Кожув со 88:56. Бобан Стајиќ имал 18 бода и шест додавања, додека Бојан Крстевски дошол до девет скокови.[57]

Во третото коло Работнички загубил на гости од Гостивар со 80:70. Најдобри поединци биле Чавдар Костов со 16 бода и осум скокови, и Димитар Караџовски со пет додавања.[58]

Арбитражната комисија при Македонската кошаркарска федерација одбила да го регистрира Ксавиер Џонсон како играч на Работнички.[59]

Во четвртото коло од Супер лигата, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Негорски Бањи во Гевгелија. Работнички загубил против Блокотехна НБ со 63:82. Дариус Вашингтон имал 25 бода, Димитар Караџовски завршил со седум скокови и пет додавања, исто скокови како и Ѓорѓи Чековски.[60]

Во петтото коло Работнички на гости загубил од МЗТ Аеродром со 85:63. Чавдар Костов имал 18 бода и шест скокови, исто скокови како и Марјан Јанески, а Димитар Караџовски бил со три додавања.[61]

По поразот од МЗТ Аеродром, Работнички и Дариус Вашингтон ја прекинале соработката.

Во шестото коло Работнички во салата Младост, како дома, го победил Куманово 2009 со резултат 97:71. Најистакнати кошаркари биле Бобан Стајиќ со 24 бода, 12 додавања и четири скокови, ист број на скокови како и Чавдар Костов, Димитар Караџовски и Марјан Јанески.[62]

Во седмото коло Работнички на гости победил против Кожув со 79:85. Најистакнат стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 22 бода и осум скокови, а Бобан Стајиќ имал по пет додавања.[63]

Во осмото коло Работнички, како домаќин во салата Перо Наков во Куманово,[64] го поразил Гостивар со 99:70. Чавдар Костов имал 28 бода, најдобар скокач и додавач бил Бобан Стајиќ со седум скокови и пет додавања.[65]

Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од Блокотехна НБ со 90:89. Најдобри стрелци биле Димитар Караџовски, забележал и шест додавања, и Чавдар Костов со 20 бода. Марјан Јанески и Костов завршиле со шест скокови.[66]

Во десеттото коло Работнички дома, во салата Перо Наков,[67] победил против МЗТ Аеродром со 88:84. Наистакнат бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 24 бода и 12 скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до осум додавања.[68]

Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички како домаќин во Вип арената ја победил Блокотехна НБ со 87:79. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 25 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 15 скокови, а Димитар Караџовски остварил 11 додавања.[69]

Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен загубил од Блокотехна НБ со 85:58. Најдобар бодтер бил Димитар Мираковски со 11 бода, најистакнат скокач бил Ѓорѓи Чековски со девет скокови, а најуспешен додавач бил Бобан Стајиќ со четири асистенции.[70]

Во третиот натпревар од полуфиналето, Работнички во Вип арената ја поразил Блокотехна НБ со 91:73. Најдобар стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 19 бода и 12 скокови, а Димитар Караџовски завршил со девет додавања.[71]

Јуни

уреди

Во четвртиот натпревар, Работнички на гости загубил од Блокотехна НБ со 93:79. Најистакнати играчи биле Чавдар Костов со 18 бода, Бојан Крстевски и Стефан Младеновиќ со по пет скокови, и Ѓорѓи Чековски со шест додавања.[72]

Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 88:78, повторно победил дома и со 3:2 во победи ја елиминирал Блокотехна НБ. Најдобри стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 27 бода и 11 скокови, додека најистакнати додавачи, со шест додавања, биле Марјан Јанески, Бобан Стајиќ и Димитар Караџовски.[73]

Во првиот натпревар од финалето, Работнички како гостин бил поразен од МЗТ Аеродром со 80:44. Марјан Јанески имал 13 бода и пет скокови, исто скокови како и соиграчите Ѓорѓи Чековски и Димитар Караџовски кој па остварил пет додавања.[74]

Во вториот натпревар од финалето, Работнички дома бил поразен од МЗТ Аеродром со 60:69. Најдобар играч бил Чавдар Костов со 19 и пет додавања, исто додавања како и Бобан Стајиќ, а најдобар скокач бил Ѓорѓи Чековски со десет скокови.[75]

Во третиот натпревар Работнички на гости бил победен од МЗТ Аеродром со 85:78 и со 3:0 во победи загубил и станал вицепрвак на Првенството. Најдобри бодтери биле Ѓорѓи Чековски и Чавдар Костов со 17 бода, Костов имал седум скокови, а Бобан Стајиќ завршил со осум додавања.[76]

Состав и стручен штаб

уреди

Играчки состав

уреди

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
20 Чавдар Костов 195 Бек 31   Бугарија 2017 Кимис  
9 Ѓорѓи Чековски 203 Крилен центар 39   Македонија 2015 Приштина  
55 Марјан Јанески 203 Крилен центар 31   Македонија 2018 Куманово 2009
6 Димитар Караџовски 190 Бек 34   Македонија 2018 Куманово 2009
4 Бобан Стајиќ 185 Разигрувач 25   Македонија 2018 Куманово 2009
0 Бојан Крстевски 206 Крилен центар
/ Центар
30   Македонија 2017 Кожув
5 Димитар Мираковски (К) 177 Разигрувач 38   Македонија 2014 Кожув
25 Виктор Ефремовски 191 Крило 20   Македонија 2015 Вардар
7 Стефан Младеновиќ 190 Бек 28   Србија
  Македонија
2019 АВ Охрид
11 Кирил Николовски
(повреден)
210 Крилен центар
/ Центар
31   Македонија 2017 Карпош Соколи
Повремени играчи од младинските погони на Работнички
33 Андреј Јордановски 183 Разигрувач 19   Македонија 2017 Вардар
10 Максим Митевски 19   Македонија 2017 Младински состав
Дамјан Бошковски 18   Македонија 2019 Младински состав

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната

уреди

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб заминал
во (година)
следен клуб
12 Славчо Темелковски 199 Центар 18   Македонија 2016 Младински состав 2019 Вардар (позајмица)
1 Андреа Деолски 188 Бек 19   Македонија 2016 Младински состав 2019 Шкупи
8 Дамјан Крстевски 193 Бек 19   Македонија 2014 Младински состав 2019 Вардар
1 Дариус Вашингтон 188 Бек 33   САД
  Македонија
2019 Тим ДРЦ   2019 /

Стручен штаб

уреди

име функција
Марин Докузовски тренер
Игор Михајловски помошник тренер
Александар Петковски технички раководител
Енес Хаџибулиќ службен претставник
Марко Докузовски службен претставник
Виктор Тевчев лекар
Михајло Маноилов физиотерапевт
Христијан Кајчевски друго

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org

Статистика

уреди
Прва лига мажи 2018/19 Куп 2019
Прва лига Супер лига Разигрување
О П З Бод Поз О П З Бод Поз О П З Поз
20 18 2 38 1. 10 6 4 16 2. 6 3 5 ВП П

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загуби
  • Пое = Бодови
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Работнички го договори Бобан Стајиќ“. gol.mk. 18 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  2. 2,0 2,1 „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  3. „ДОГОВОРЕНО: И Јанески во „Градски парк". sportmedia.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  4. „Работнички пак пазари од Куманово, Јанески доаѓа во „Градски парк". gol.mk. 20 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  5. 5,0 5,1 „Се засилува и Блокотехна – две нови имиња во Гевгелија“. ekipa.mk. 21 јули 2018. Посетено на 22 јули 2018.
  6. „ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕ СЕ ОСТАВААТ КОГА СЕ ВО НЕВОЉА: Костов продолжува со Работнички!“. sportmedia.mk. 23 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  7. „Шон Еванс од Работнички замина во Грција“. gol.mk. 19 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  8. „МВП-то на Работнички од „Градски парк" се пресели во соседна Бугарија“. gol.mk. 11 септември 2018. Посетено на 14 октомври 2018.
  9. „Од првак во првак: Гинјард од Работнички продолжува во Орадеа“. gol.mk. 15 септември 2018. Посетено на 16 септември 2018.
  10. „АВ Охрид-Работнички 44:94“. fibalivestats.com. 6 октомври 2018. Посетено на 6 октомври 2018.
  11. „Работнички-Пелистер 95:56“. fibalivestats.com. 13 октомври 2018. Посетено на 14 октомври 2018.
  12. „Работнички-Кожув 102:75“. fibalivestats.com. 20 октомври 2018. Посетено на 21 октомври 2018.
  13. „Куманово 2009-Работнички 70:82“. fibalivestats.com. 28 октомври 2018. Посетено на 28 октомври 2018.
  14. „УБАВА ГЛЕТКА: Антиќ, Гечевски, Блажевски...по нотите на Лечиќ“. sportmedia.mk. 7 ноември 2018. Посетено на 9 ноември 2018.
  15. „Хуманата мисија на Работнички – Лечиќ против Докузовски, на теренот и Антиќ, Гечевски…“. ekipa.mk. 7 ноември 2018. Посетено на 9 ноември 2018.
  16. „МЗТ Аеродром-Работнички 88:90“. fibalivestats.com. 12 ноември 2018. Посетено на 12 ноември 2018.
  17. „Бол и компанија го видоа Скопје и заиграа со шампионот“. sportmedia.mk. 14 ноември 2018. Посетено на 16 ноември 2018.
  18. „Работнички во „Градски парк" го скроти тимот на Бол“. gol.mk. 14 ноември 2018. Посетено на 16 ноември 2018.
  19. „Работнички-Фени Индустри 92:87“. fibalivestats.com. 17 ноември 2018. Посетено на 18 ноември 2018.
  20. „Блокотехна НБ-Работнички 75:61“. fibalivestats.com. 24 ноември 2018. Посетено на 25 ноември 2018.
  21. „Работнички-Шкупи 96:58“. fibalivestats.com. 8 декември 2018. Посетено на 8 декември 2018.
  22. „Вардар-Работнички 89:107“. fibalivestats.com. 16 декември 2018. Посетено на 16 декември 2018.
  23. „Работнички-Гостивар 89:78“. fibalivestats.com. 22 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  24. „Јончевски седна на клупата на Кожув“. ekipa.mk. 28 декември 2018. Посетено на 28 декември 2018.
  25. „Јончевски е прв тренер, Николов ќе му асистира“. sportmedia.mk. 28 декември 2018. Посетено на 28 декември 2018.
  26. „Игор Михајловски во Работнички, на местото на Јончевски“. basketball.mk. 3 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 2019-02-06. Посетено на 23 јануари 2019.
  27. „Темелковски, Цветковски и Тарнер нови кошаркари на Вардар“. gol.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
  28. „Цветковски, Тарнер и Темелковски нови имиња во Вардар“. sportmedia.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
  29. 29,0 29,1 „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2018/19“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 5 април 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-04. Посетено на 4 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  30. „Работнички-АВ Охрид 96:54“. fibalivestats.com. 23 јануари 2019. Посетено на 23 јануари 2019.
  31. „Пелистер-Работнички 63:110“. fibalivestats.com. 26 јануари 2019. Посетено на 26 јануари 2019.
  32. „Кожув-Работнички 73:84“. fibalivestats.com. 2 февруари 2019. Посетено на 3 февруари 2019.
  33. „Работнички-Куманово 2009 88:79“. fibalivestats.com. 9 февруари 2019. Посетено на 10 февруари 2019.
  34. „Работнички-МЗТ Аеродром 70:74“. fibalivestats.com. 9 март 2019. Посетено на 10 март 2019.
  35. „Фени Индустри-Работнички 66:72“. fibalivestats.com. 16 март 2019. Посетено на 16 март 2019.
  36. „Работнички-Блокотехна НБ 94:77“. fibalivestats.com. 22 март 2019. Посетено на 22 март 2019.
  37. „Шкупи-Работнички 77:120“. fibalivestats.com. 23 март 2019. Посетено на 23 март 2019.
  38. „Работнички-Вардар 84:61“. fibalivestats.com. 27 март 2019. Посетено на 27 март 2019.
  39. „Гостивар-Работнички 61:85“. fibalivestats.com. 30 март 2019. Посетено на 30 март 2019.
  40. „Шампионот е слободен: ФИБА му ја симнал суспензијата на Работнички“. gol.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  41. „Ново име во „Градски Парк": Младеновиќ со потпис за Работнички“. ekipa.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  42. 42,0 42,1 „Американецот Џонсон е „џокерот" за титула на Докузовски“. ekipa.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  43. 43,0 43,1 „Работнички со американско засилување од Џи-лигата ќе ја брани домашната титула“. gol.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  44. „Работнички ќе поднесе жалба и кривични пријави за врвот на МКФ“. gol.mk. 11 април 2019. Посетено на 16 април 2019.
  45. „Работнички се заканува со кривични пријави и бара суспензии за клубовите – неплаќачи“. ekipa.mk. 11 април 2019. Посетено на 16 април 2019.
  46. „Работнички не запира – потпис и со Македонецот Вашингтон“. ekipa.mk. 5 април 2019. Посетено на 6 април 2019.
  47. „Титула се брани, Куп треба да се освојува: Трето засилување во редовите на Работнички“. sportmedia.mk. 5 април 2019. Посетено на 6 април 2019.
  48. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2018/19“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 5 април 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-04. Посетено на 4 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  49. „Куманово 2009-Работнички 57:75“. fibalivestats.com. 7 април 2019. Посетено на 7 април 2019.
  50. „Работнички-Куманово 2009 104:80“. fibalivestats.com. 12 април 2019. Посетено на 12 април 2019.
  51. „Работнички-МЗТ Аеродром 93:89“. fibalivestats.com. 13 април 2019. Посетено на 13 април 2019.
  52. „Блокотехна НБ-Работнички 71:85“. fibalivestats.com. 14 април 2019. Посетено на 14 април 2019.
  53. „МКФ го суспендираше „Градски Парк" за Суперлигата“. ekipa.mk. 15 април 2019. Посетено на 16 април 2019.
  54. „Работнички најде нов „дом", ќе игра во СЦ „Борис Трајковски"!“. gol.mk. 16 април 2019. Посетено на 16 април 2019.
  55. „Работнички ќе го замени „Градски парк" со „ВИП арена". ekipa.mk. 16 април 2019. Посетено на 16 април 2019.
  56. „Работнички наместо во „Борис Трајковски", ќе биде домаќин во Гостивар“. gol.mk. 18 април 2019. Посетено на 18 април 2019.
  57. „Работнички-Кожув 88:56“. fibalivestats.com. 20 април 2018. Посетено на 20 април 2018.
  58. „Гостивар-Работнички 80:70“. fibalivestats.com. 24 април 2019. Посетено на 24 април 2019.
  59. „Работнички без најголемото засилување: Арбитража со „стоп" за Џонсон“. gol.mk. 24 април 2019. Посетено на 25 април 2019.
  60. „Работнички-Блокотехна НБ 63:82“. fibalivestats.com. 1 мај 2019. Посетено на 1 мај 2019.
  61. „МЗТ Аеродром-Работнички 85:63“. fibalivestats.com. 6 мај 2019. Посетено на 7 мај 2019.
  62. „Работнички-Куманово 2009 97:71“. fibalivestats.com. 9 мај 2019. Посетено на 10 мај 2019.
  63. „Кожув-Работнички 79:85“. fibalivestats.com. 12 мај 2019. Посетено на 12 мај 2019.
  64. „Термини и делегирање Супер лига мажи - Коло 8“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 13 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-14. Посетено на 15 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  65. „Работнички-Гостивар 99:70“. fibalivestats.com. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
  66. „Блокотехна НБ-Работнички 90:89“. fibalivestats.com. 18 мај 2019. Посетено на 18 мај 2019.
  67. „Термини и делегирање - Коло 10“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 21 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 23 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  68. „Работнички-МЗТ Аеродром 88:84“. fibalivestats.com. 22 мај 2019. Посетено на 23 мај 2019.
  69. „Работнички-Блокотехна НБ 87:79“. fibalivestats.com. 26 мај 2019. Посетено на 27 мај 2019.
  70. „Блокотехна НБ-Работнички 85:58“. fibalivestats.com. 28 мај 2019. Посетено на 28 мај 2019.
  71. „Работнички-Блокотехна НБ 91:73“. fibalivestats.com. 31 мај 2019. Посетено на 31 мај 2019.
  72. „Блокотехна НБ-Работнички 93:79“. fibalivestats.com. 2 јуни 2019. Посетено на 2 јуни 2019.
  73. „Работнички-Блокотехна НБ 88:78“. fibalivestats.com. 4 јуни 2019. Посетено на 4 јуни 2019.
  74. „МЗТ Аеродром-Работнички 80:44“. fibalivestats.com. 8 јуни 2019. Посетено на 8 јуни 2019.
  75. „Работнички-МЗТ Аеродром 60:69“. fibalivestats.com. 11 јуни 2019. Посетено на 13 јуни 2019.
  76. „МЗТ Аеродром-Работнички 85:78“. fibalivestats.com. 13 јуни 2019. Посетено на 13 јуни 2019.