Цонга (јазик)
Цонга (самон. шицонга или поточно шангана) — јужноафрикански банту-јазик што го говори народот Цонга (Вацонга).
Цонга | |
---|---|
Шангана Xitsonga | |
Застапен во | Мозамбик, ЈАР, Свазиленд, Зимбабве |
Подрачје | Лимпопо, Мпумаланга |
Говорници | 3,7 милиони (2006) |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | ЈАР |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ts |
ISO 639-2 | tso |
ISO 639-3 | tso |
Linguasphere | 99-AUT-dc вкл. varieties 99-AUT-dca... -dcg |
Гатриев код | S.53 (S.52)[1] |
Име на јазикот
уредиПоимот „цонга“ се однесува на јазиците цонга, цва и ронга. Затоа, самиот јазик цонга во потесна смисла се нарекува „шангана“, наречен по неговиот главен дијалект. Други дијалекти се шилулеке, нвалунгу, хлаве, кнука, гвамба, нлангану, џонга и била.
Географска распространетост
уреди 0–20% 20–40% 40–60% | 60–80% 80–100% |
Јазикот цонга го говорат околу 1.972.000 жители[2] на покраините Лимпопо, Гаутенг и Мпумаланга во ЈАР, како и 1,5 милиони луѓе во Мозамбик и 19.000 луѓе во Свазиленд. Покрај ова, постојат и 100.000 говорници што живеат во Зимбабве.
Во ЈАР, највеќето припадници на народот Цонга (Вацонга) се сконцентрирани во мееста како Нкованкова, Гијани, Маламулеле, Нвамитва, Мухлава, Хланганани (Бунгени) во Лимпопо и Бушбакбриџ, како и други во Мпумаланга. Постои и бројно население во покраините Северозападна, Квазулу-Натал и Гаутенг, што во основа значи насекаде на територијата на стариот Трансвал.
Фонологија
уредиЦонга прави разлика помеѓу модални и мрморни варијанти на согласките: /bʱ, bvʱ, vʱ, dʱ, ɖʐʱ, dʒʱ, ɡʱ/ наспроти /b, bv, v, d, ɖʐ, dʒ, ɡ/ кај препречните (со исклучок на /ɮ/), како и помеѓу /m̤, n̤, ŋ̈, r̤, ȷ̈, w̤/ наспроти /m, n, ŋ, r, j, w/ кај сонантите (со исклучок на /ɲ/).
За разлика од некои нгунски јазици, цонга има мошне малку зборови со чкрапки. По место тие можат да бидат од забни до задновенечни.
Граматика
уредиГраматиката е типична за банту-јазик, со збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
- ↑ Попис 2001: Најважни резултати - Статистика Јужна Африка (англиски)
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на цонга (јазик) |
- Цонга - Ethnologue (англиски)