Австралиски долар

Долар или австралиски долар (ISO 4217: AUD, бројчен код: 036) е официјална валута и средство за плаќање во Австралија воведена во 1966 година.[1] Оваа валута исто така се користи и на Божиќниот Остров, Кокосовите Острови, Островот Норфолк, како во независните држави во Тихиот Океан - Кирибати, Науру и Тувалу. Се обележува со симболот за долар $, но често се додада АU или А за да се разликува од другите долари. Се дели на 100 центи. Меѓународниот код на валутата е AUD.

Австралиски долар
Australian dollar  (англиски)
Банкнота од 20 австралиски долари
ISO 4217
КодAUD
Број036
Показател2
Составници
Подединица
 1/100цент
Симбол$, A$ или AUD
центc
Банкноти$5, $10, $20, $50, $100
Монети5c, 10c, 20c, 50c, $1, $2
Демографија
Воведена14 февруари 1966
Корисник/ци Австралија
Издавач
Централна банкаРезервна банка на Австралија
 Мреж. местоrba.gov.au
ПечатарNote Printing Australia
 Мреж. местоnoteprinting.com
КовачницаКралска австралиска нане
 Мреж. местоramint.gov.au
Вредност
Инфлација3.3% (само Австралија)
 ИзворReserve Bank of Australia, март 2011.
Врзувачтувалуанскиот и кирибатскиот долар

Австралискиот долар во моментов е шеста валута според обемот на тргување во светот, после американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и швајцарскиот франк.

Доларите ги издава Банката за парични резерви на Австралија (Reserve Bank of Australia). Инфлацијата во 2006 година изнесувала 3.3%.

Банкнотите се издаваат во апоени од 5, 10, 20, 50 и 100 долари, а монетите во апоени од 1 и 2 долари, како и 5, 10, 20 и 50 центи.

Една од специфичностите на австралискиот долар е што не се печати на хартија, туку се произведува од посебна пластика. Така банкнотите се поиздржливи и подолго можат да се употребуваат, а значително е намалена опасноста од фалсификување.

Наводи

уреди
  1. „Museum of Australian Currency Notes“. Архивирано од изворникот на 2010-03-28. Посетено на 2011-05-22.

Надворешни врски

уреди