Боцванска пула
Пулата е официјалната валута во Боцвана. Кодот ISO 4217 за валутата е BWP и е поделена на 100 тебе. Пула во превод значи „дожд“ на цвана. Дождот во државата е редок поради пустината Калахари и затоа е ценет. Пула исто така е национално гесло на државата, а „тебе“ значи „штит“. Зборот „пула“ исто така значи благослов.
Боцванска пула | |
---|---|
ISO 4217 | |
Код | BWP |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | тебе |
Симбол | P |
Банкноти | 10, 20, 50, 100 и 200 пули[1] |
Монети | 5, 10, 25, 50 тебе, 1, 2, 5 пули |
Демографија | |
Офиц. корисници | Боцвана |
Неофиц. корисник/ци | Зимбабве[2] |
Издавач | |
Централна банка | Банка на Боцвана |
Мреж. место | www.bankofbotswana.bw |
Вредност | |
Инфлација | 8,4%,12,5% (CIA World Factbook, 2008 est.) |
Извор | Банка на Боцвана, 19 февруари 2008 |
Начин | CPI |
Историја
уредиПулата била воведена во 1976 година и го заменила јужноафриканскиот ранд. Иако во мај 2005 година се забележала девалвација од 12%, пулата сепак е една од најјаките валути во Африка.
Зимбабве
уредиПоради големата хиперинфлација во Зимбабве во 2006 и 2008 година, владата на Зимбабве одлучила да го повлече зимбабвеанскиот долар од оптек. Со тоа се овозможило пулата и рандот да циркулираат во државата, а покрај нив дозволени се и американскиот долар, фунтата и еврото.
Тековен девизен курс на BWP | |
---|---|
Од Google Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR |
Од Yahoo! Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR |
Од XE.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR |
Од OANDA.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR |
Наводи
уреди- ↑ „Accessed 2009-09-02“. Banknotenews.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-19. Посетено на 2011-11-28.
- ↑ Покрај зимбавеанскиот долар, кој е суспендиран од употреба на 12 април 2009, еврото, американскиот долар, фунтата, пулата и јужноафриканскиот ранд се користат во државата. Владините трансакции се одвиваат во американски долари.
- Schön, Günter und Gerhard, Weltmünzkatalog 1900–2010, 39. Auflage, 2011, Battenberg Gietl Verlag, ISBN 978-3-86646-057-7
„Боцванска пула“ на Ризницата ? |
Поврзано
уредиПретходник: Јужноафрикански ранд Причина: основање на нова валута |
Валута на Боцвана 1976 – |
Следбеник: Моментална |