Отвори го главното мени

Венда (самон. чивенда или лувенда) е банту-јазик со статус на службен јазик во ЈАР. Највеќето говорници на јазикот живеат во северниот дел на покраината Лимпопо во ЈАР, а 10% живеат во Зимбабве. Венда е сроден со јазикот каланга (западен шона) што се говори во Боцвана и Зимбабве. За време на апартхејдот е создаден бантустанот Венда како дом на говорниците на овој јазик во ЈАР.

Венда
Tshivenḓa
Застапен воЈАР, Зимбабве
Подрачјепокраина Лимпопо
Говорници980.000 во ЈАР  (2006)[1]
84.000 во Зимбабве (1989)[1]
Јазично семејство
Писмолатиница
Статус
Службен во ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1ve
ISO 639-2ven
ISO 639-3ven
Linguasphere99-AUT-b вклуч. варијанти
99-AUT-baa до 99-AUT-bad
Гатриев кодS.20 (S.21)[2]
{{{mapalt}}}
Географска распространетост на јазикот венда во ЈАР: дел од населението што говори венда во домот.

АзбукаУреди

Јазикот венда ја користи латиницата со пет посебни акцентирани букви. Четирите забни согласки се означени со подредни ченгелчиња (ḓ, ḽ, ṋ, ṱ), а заднонепченото е означено со надредна точка. Постојат пет самогласни букви, а со нив се претставуваат седум самогласки. Буквите C, J и Q се користат само во странски зборови.

Вендската азбука
A a B b (C c) D d Ḓ ḓ E e F f G g
H h I i (J j) K k L l Ḽ ḽ M m N n
Ṋ ṋ Ṅ ṅ O o P p (Q q) R r S s T t
Ṱ ṱ U u V v W w X x Y y Z z

Јазикот венда ги разликува забните ṱ, ṱh, ḓ, ṋ, ḽ од венечните t, th, d, n, l, како и усненозабните f, v од двоуснените fh, vh (овие малку заоблени), што е одлика и на еве. Не постојат чкрапави согласки; x го претставува гласот „х“. Како и кај другите јужноафрикански јазици како зулу, ph, ṱh, th, kh се приздивни, а p, ṱ, t, k се исфрлени.

t̪ʰ kʷʰ
t̪ʼ pʷʼ
b d ɡ
pfʰ tsʰ tsʷʰ tʃʰ
bv dz dzʷ
ɸ f s ʃ x h
β v z ʒ
m n ɲ ŋ ŋʷ
l
r
j w

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Венда - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online

Надворешни врскиУреди

Издание на Википедија — слободната енциклопедија на венда (јазик)