Петерхоф (руски: Петерго́ф, од германски: Peterhof, „Петров двор“), 1944-1997 г. Петродворецград во Петродворечкиот реон, под надлежност на федералниот град Санкт Петербург, сместен на јужниот брег на Финскиот Залив. Населението брои 73,199 жители (2010);[1]

Петерхоф
Петергоф
Поглед на Петерхоф навечер
Поглед на Петерхоф навечер
Знаме на ПетерхофГрб на Петерхоф
Местоположба на Петерхоф во Санкт Петербург
Местоположба на Петерхоф во Санкт Петербург
ДржаваРусија
Федерален субјектСанкт Петербург
Основан во1711Уреди википодатоци
Површина
 • Вкупна48,30 км2 (1,860 ми2)
Население (попис 2010)[1]
 • Вкупно73.199
 • Густина15/км2 (39/ми2)
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[2] (UTC+3)
Поштенски бр.[3]198510, 198516, 198517
Повик. број.+7 +7 812
Мреж. местоstr_index/getchar - непознат код „*www.м*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо*“-str_index/getchar - непознат код „*www.мо-п*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-пе*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-пет*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-пете*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петер*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петерг*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петерго*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петергоф*“.str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петергоф.р*“str_index/getchar - непознат код „*www.мо-петергоф.рф*“
Дворецот Петерхоф со каскадните водоскоци.
„Колибата“ (1829) во паркот „Александрија“ — летна резиденција на царот Николај I.

Во градот е сместен еден од двата кампуса на Санктпетербуршкиот државен универзитет, како и погоните на Петродворечкиот часовнички завод — водечкиот производител на часовници во земјата. Најзначајна знаменитост на градот е истоимениот дворец „Петерхоф“ со своите градини, изградени од архитектот Бартоломео Растрели (1700-1771) по наредба на царот Петар Велики и го носат прекарот „Рускиот Версај“. Овој збир од дворски градби, заедно со градскиот центар на Санкт Петербург е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Дворци, фонтани и градини

уреди

Дворецот Петерхоф е изграден на 16-метарска спила, стотина метри од морскиот брег. Помеѓу карпестите воздишенија и брегот е сместена Долната градина (Нижни сад), која е распослана на површина од 1,02 км2 и зафаќа најголем дел од дворскиот комплекс, протегајќи се од исток кон запад во должина од 200 м. Тука се поставени највеќето фонтани, како и неколку помали дворци и помошни објекти. Источно од Долната градина е сместен паркот „Александрија“ украсен со неоготски градби од XIX век како Готската кепела, дело на прочуениот германски архитект Карл Фридрих Шинкел (1781-1841).

Над карпите, кај средината на Долната градина се протега Големиот дворец. Јужно од него е релативно малата Горна градина (Верхни сад). По падината на спилата под дворецот е изградена Големата каскада — главната атракција на целиот комлекс. Под неа почнува Морскиот Канал, кој се вбројува меѓу најкрупните хидротехнички зафати на барокниот период, и ја дели Долната градина на две полоовини.

Петродворечки часовнички завод

уреди

Во Петерхоф се наоѓа најстарата фабрика во Русија, основана во 1721 г. од Петар Велики, најпрвин како леарско-каменорезачки завод за изградба на дворецот Петерхоф, но и други дворци во Санкт Петербург. Во 1920-тите отпочнало производството на делови за часовници, а по Втората светска војна заводот почнал со производство на целосни часовници со марка „Победа“, во 1961 г. преименувана во „Ракета“. Во 1985 г. заводот имал дури 7.500 вработени, произвесдувајќи 5 милиони рачни часовници годишно. Денес останува последната часовничка фабрика во Русија со целосно самостојна изработка на механизми, иако обемот на производство е значително помал.[4][5]

Сообраќај

уреди
 
Источната капела, едно од двете крилни зданија на средишните згради.

Градот го опслужуваат три железнички станици: Нов Петерхоф, Стар Петерхоф и Универзитет. До дворците се стигнува и со хидроглисери кои поаѓаат кај Зимскиот дворец во Санкт Петербург, но лесно се достапни и преку автопат. Меѓу Санкт Петербург и Петерхоф редовно сообраќаат јавни превозни средства и поединечни такси-возила.

Горната градина е пристапна бесплатно, а влезот во Долната градина се наплаќа. Дворците и гротото можат да се посетат само со водич.

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  2. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  3. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
  4. Документарец за историјата на Петродворечкиот часовнички завод „Ракета“ на руски со англиски превод.
  5. Факти и написи за историјата на Петродворечкиот часовнички завод „Ракета“ (руски) (англиски)

Литература

уреди
  • Vernova, N (2004). Peterhof: The Fountains. St. Petersburg: Abris.
  • Vernova, N (2004). Peterhof: The Grand Palace. St. Petersburg: Abris.

Надворешни врски

уреди

59°53′N 29°54′E / 59.883° СГШ; 29.900° ИГД / 59.883; 29.900{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница