Карл Фаберже (30 мај 184624 септември 1920) бил руски златар и филигран, добро познат по своите прекрасни „фаберже-јајца“, направени во стилот на вистински велигденски јајца, но со користење на скапоцени метали и драги камења.

Петар Карл Фаберже на својата работна маса
„Фаберже“-јајце по повод крунисувањето на царот Николај II

Фаберже е роден во Санкт Петербург во семејството на јувелирот Густав Фаберже и неговата жена Шарлота Јунгштед која била данка. Татко му на Густав и неговото семејство биле хугеноти кој пребегнале од Франција по отповикувањето Нантскиот указ, првобитно во Германија, а потоа, во 1800 год. во балтичката покраина Ливонија, тогаш дел од Русија.

Во 1860 семејството повторно се преселило, сега во Дрезден и накратко подоцна Карл, тогаш младич, отишол да го учи јувелирскиот занает во Куќата на Фридман во Франкфурт. Во 1864 год. тој се враќа во Санкт Петербург и му се придружува на татка си во фирмата. Во 1872 Карл го преземал управителството на истата.

Карл и неговиот помлад брат Агатон биле сензација на Серуската изложба во Москва во 1882. По три години, царот Александар III го назначува Карла за Официјален дворски снабдувач, како награда за тоа што му направил прекрасно велигденско јајце наменето за царицата. Од тогаш, па натаму Фаберже секоја година правел по едно вакво јајце за царот како подарок за царицата Марија. Цар Николај II порачувал по две јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата жена, Александра, обичај кој се одржал од 1895 до 1916. Фаберже не правел само јајца, туку и многу повеќе; во 1896 фирмата ги произвела сите подароци за крунисувањето на Николај II.

Во 1897 шведскиот двор го назначил Фаберже за Дворски јувелир, а во 1900 неговите дела ја претставувале Русија на Светската изложба во 1900 во Париз. Исто така Фаберже станал Дворски јувелир на дворот на царот во 1910. Неговата фирма била најголемата во Русија со 500 вработени, со филијали во Санкт Петербург, Москва, Одеса, Киев и Лондон. Најголемит дел од вработените во петербуршката филијала кои ги изработувале Фаберже-јајцата биле Финци. Таа филијала произвела 150,000 предмети помеѓу 1882 и 1917 г.

Но во 1917, во хаосот на Октомвриската револуција, Фаберже ги продал своите акции на вработените и избегал од Русија. Најпрвин отишол во Финска, со помош на британската амбасада, а подоцна се преселил во Вајсбаден, Германија. Неколку години подоцна Фаберже умира во Лозана, Швајцарија и бил погребан крај неговата жена Августа во гробницата Симетиер ду Гран Жа во Кан, Франција.

Неговите синови Евгениј Фаберже и Александар Фаберже ја основале фирмата наследничка; денес (по податок од 2003) истата е во сопственост на јувелирот Виктор Мајер.

Еден друг потомок, Тео (внук на П. К. Фаберже) и неговата ќерка Сара, развиле нови дизајни. Нивната цел е да бидат достојни за името Фаберже и да произведуваат прекрасни предмети со висок квалитет. Тие отвориле мал бутик во Санкт Петербург во 2003. Во октомври 2005, вториот ваков бутик бил отворен на Црвениот плоштад во Москва.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди