Отвори го главното мени

Милисекундата (од мили- и секунда; скрат. мс или ms) претставува илјадити дел (1/1000) од секундата.[1] Една милисекунда во однос на една секунда е сразмерна на секундата во однос на времетраење од 16,67 минути.

10 милисекунди (стоти дел од секундата) се нарекуваат стотинка или сантисекунда.

100 милисекунди (десетти дел од секундата) се нарекуваат десетинка или децисекунда.[2]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „милисекунда“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
  2. Големини и единици мерки во биомеханиката - портал „Биомеханика“ (македонски)