Кондензација (од лат. condensatio = „згуснување, збивање“) — промена во физичката агрегатна состојба на гасна состојба во течна[1] и како појава е обратна на испарувањето.[2] Кога состојбата на една материја преоѓа од гасна право во цврста, промената се нарекува десублимација (депозиција). Течноста настаната со кондензација се нарекува кондензат.[3]

Влагата од воздухот се кондензира во течни капки при допир со студеното шише.
Кондензација на прозорец на врнежлив ден.
Кондензирана роса на гранчиња

Настанок

уреди

Процесот на кондензација започнува со образуввањето на атомски/молекулски грстови од еден вид во рамките на неговата гасовита зафатнина, како што се образуваат дождовните капки или снегулките во облаците, или пак со контакт помеѓу таквата гасна состојба и (растворлива) течна или цврста површина.

Повратност

уреди

Во зависност од каратерот на површината, постојат неколку можности за повраток на агрегатната состојба.

  • впивање во површината на една течност (од ист вид или друга течност што ја раствора) - се повраќа со испарување.[2]
  • адсорпција (како капки роса) на цврста површина при притисок и температура повисоки од тројната точка на тој вид — исто така се повраќа со испарување.
  • адсорпција во цврста површина (како додатни слоеви на цврста материја) при притисок и температура пониски од тројната точка на видот — се повраќа со сублимација.

Најчести случаи

уреди

Кондензацијата најчесто се јавува при ладењето и/или набивањето на пареата до крајна презаситеност, кога молекуларната густина во гасната состојба ја достигнува максималната граница. Направата што лади и набива пареа и ја собира кондензираната течност се нарекува „кондензатор“.

Мерење

уреди

Стапката на кондензација во воздухот и испарувањето на водата од истиот при разни атмосферски притисоци и температури се мери со влагомер.

Кај живите организми

уреди

Постојат разни организми што црпат вода по пат на кондензација. Такви се австралискиот гуштер молох, инсектите брашнари од брегот на Намибија и дрвата секвои од Западното крајбрежје на САД.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „кондензација“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "кондензација во атмосферската хемија". doi:10.1351/goldbook.C01235
  3. „кондензат“ — Лексикон на македонскиот јазик
  • „Принципи на кондензацијата (слика)“. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2012-09-11. (англиски)