Втора крстоносна војна

(Пренасочено од Втор крстоносен поход)


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Во XII век почнува обединувањето на муслиманските кнежевства па како резултат на тоа крстоносците започнуваат да ги губат своите владеења. Во 1144 владетелот на Мосул ја освојува од нив Едеса. Во одговор на ова е организиран вториот крстоносен поход (1147-1149). Како негов главен инспиратор истапува еден од најреакционерските дејци на католицизмот во тоа време - опатот Бернар Клервоски. На чело на походот застануваат францускиот крал Луј VII и германскиот крал Конрад III. Вториот крстоносен поход доживува потполн неуспех. Кон крајот на 1147 година германските крстоносци се разбиени до колена од Селџуците во Мала Азија. Француските крстоносци што пристигнале малку подоцна и на кои им се придржуваат остатоците од германската војска без успех се обидуваат да го освојат Дамаск. Не постигувајќи ништо крстоносците неславно се враќаат во Европа.

Турска заседа

Кон средината на XII век меѓу западноевропските држави што се стремат да ја зацврстат својата доминација на Средоземното Море, а исто така помеѓу овие држави и Византија почнуваат да се појавуваат сериозни противречности. Ова ги осудува на неуспех новите крстоносни зафати.

Наводи

уреди

Скаскин Д. и други. (1970). Историја на средниот век, том 1, Скопје (стр. 258)