Владо Ѓорески

Македонски сликар и графичар

Владо Ѓорески – Рафик (р. 21 април 1958 во Битола) — македонски и словенечки графичар, сликар, сценограф, историчар на уметноста, ликовен критичар, дизајнер на театарски плакати. Гимназија завршил во Битола, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на одделот за Историја на уметност во 1981 година. Студирал на Меѓународниот центар за графички уметности во Љубљана, Словенија.[1][2],[3][4][5] Во 1980 година почнува да волонтира, а во 1981 година се вработува како сликар изведувач во Народен театар (Битола). Во 1982 година станува кустос по современа уметност во Заводот, музеј и галерија во Битола.

Владо Ѓорески – Рафик
Влаго Ѓорески во 2000 г.
Роден(а)21 април 1958(1958-04-21)(66 г.)
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
Познат(а) пографика, сликарство, сценографија, театарски плакати, историја на уметноста

Својата прва самостојна изложба ја имал во 1981 година и оттогаш постојано изложува како самостојно, така и колективно, во земјава и во странство. На полето на ликовната критика е присутен пред сè во делот на графиката, не запоставувајќи ги и сликарството и вајарството,. Неговата уметничка афирмација се реализира и во меѓународни рамки како член на меѓународни жирија, селектор за повеќе ликовни центри во странство и стручни консултацијии:член е на Меѓународното жири на Графичкото биенале во Варна, Бугарија.[6] член на Меѓународното жири на Светската галерија на цртежи во Скопје, Република Македонија.[7], член на меѓународни жирија во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија...

Бил селектор на автори на македонски графичари на на Графичкото триенале во Шамалиер (Chamalières), Франција.[8] Исто така на ова триенале тој претставува и уметници од други земји.[9], на проектот - „Огледало- лице в лице “ во Виченца (покраина) и Венеција во Италија[10],[11] Канада низ 7 универзитетски центри.Стручна консултација и учество во организирање на 2 то Меѓународно биенале на графиката, Чачак, Србија, Екс- Либрис, Русе, Бугарија, Клуж-Напока, Романија, Фире Арт-Солун и Атина, Грција ААмА, Кина[12]... Исто така во областа на театарската уметност, има реализирано над 110 театарски сцениграфии по повее театарски центри во Македонија и странство.[13]

Работа

уреди

Владо Ѓорески е уметнички директор на Меѓународно графичко триенале Битола, Република Македонија [14],[15][16] како и уметнички директор на Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи Битола ИБМБ-Битола

Творештво

уреди

„Владо Ѓорески е графички творец со исклучителен графички опус. Тој, подолго време создава во графички циклуси, комбинирајќи ги традиционалните графички техники со специфични графички постапки, вклучувајќи ги и со современиот графичи изрази и технологии. Со таа негова разновидност, постигнува уникатност и исклучителна ликовна енергичност и живототворност. Неговите дела се во слава на Графиката (Magnifikat). Toa е воспевање на линијата во сите нејзини пројавни форми, од поентилистички прапочетоци до карактерно најразновидни линиски системи и универзуми. Всушност, линијата му е темелно изразно средство, со која црта, раскажува, се исповеда, размислува и истражува низ нејзините нови и нови пројавни форми, преку кои стигнува до уметнички сериозни влогови и откритија со специфичен колорит. Тоа се моќни, интензивни и симболични дела. Во корелација со црната линиска структура, се претвораат во хармонична и компактна целина. Во класичните теники, создава диптиси кои се своевидна ликовна алузија на словенечкиот и германскиот експресионизам од пред Втората светска војна, со одредени постмодернистички асоцијации на поранешната доцно - средновековна уметнича апокалипса ( Јероним Бос, Питер Бројгел Постариот) целосно одразуваји го времето во кое живееме“... - Анамарија Стибиљ Шајн, - каталог : XII Likovni dnevi, Žužemberk, Словенија[17].

Сликарство и графика

уреди

Галерија

уреди

Како сликар и графичар имал над дваесет самостојни изложби, а учествувал и на над двесте колективни изложби во земјава и странство: Словенија[18],[19],[20], Хрватска[21], Франција[22], Англија[23], Италија[24], Мексико[25], Полска - Графичко триенале Краков - Келце[26],[27], Биенале на минијатурна графика во Лоѓ[28],[29], Русија[30], Јапонија[31], Молдавија[32], Унгарија[33], Австралија[34], Турција[35], Бразил[36], Аргентина[37], Србија[38], Ерменија[39], Романија[40]... Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница“, 2014/2015, Коњских, Радомиу, Келце, Буску-Здроју, Полска[41]; Музеј на графиката, Пиза (со Паоло Чампини) (Pisa, Museo de la grafica, Italy, et Paolo Ciampini)[42]; 9 Светско триенале на графика, 2014, Шамалиер, Франција (9 Trienniale Mondiale de petit format Chamalières, France, 2014)[43];Трибина на графиката, 2014, Музеј на уметноста Клуж (Tribuna Graphic, 2014, Museum of Art Cluj) [44]; Оган, вода, земја, 2014, Шумен , Бугарија [45]; Оган, вода, земја, 2013, Гурен, Франција [46]; Седмо меѓународно графичко триенале Битола, 2012[47]; Меѓународни уметнички проекти, 2012, Шумен, Бугарија[48]; Шесто меѓународно графичко триенале Битола, 2009[49]; Светска галерија на уметност на хартија - Остен, 2009 [50]; Четврто меѓународно графичко триенале Битола, 2003 (група Сибелиус)[51]; Второ меѓународно биенале на мала графика, 2003, Тетово (група Сибелиус)[52]; Самостојна изложба, Прилеп, 2002, 37 МТФ „Војдан Чернодрински“[53]; Самостојна изложба, Скопје, 2001, Млад отворен театар; Ла Белон, Брисел, 2000 (La Bellone, Bruxelles, 2000); Графичка уметност, Дебрецин , 2000 (Grafikusmuveszek, Debrecen, Hungary, 2000); Графичко биенале, Сеул , 2000 (Print Biennial, Seul, 2000, 12); Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (група Сибелиус)[54];Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (Владо – Миса на ангелите)[55]; Балканска изложба на графика, Суботица и Нови Сад , 1999[56]; Норвешко меѓународно графичко триенале, Фредерикстад, 1997 (Norwegian international print triennale, Fredrikstad,1997); Самостојна изложба, Битола, 1981[57].

Сценографија

уреди

Галерија

уреди

Владо Ѓорески долги години е присутен на театарската сцена и за неговите сценографии има добиено бројни награди и позитивни критики.[58][59][60][61]. Неговите сценографии се присутни во многу театарски куќи како во земјава така и во странство: Драмски театар Скопје- Хамлет (1997 и 2012)[62][63]; Јона Даб [64]; Сите лица на Петре М. Андреевски [65]; Архелаос или Еврипид се враќа дома [66];Турски театар Скопје-Ромео и Јулија [67]; Гилгамеш [68]; Тартиф [69]; И јас сум Орхан [70]; Македонски народен театар-Делириум за двајца[71]; Животот е сон [72]; Народен театар Струмица-Досие Стриндберг [73]; Последниот ден на Крсте Петков Мисирков[74]; Народен театар Прилеп -Роберто Зуко[75];Полковникот птица; Жена за полковникот [76]; Светилник [77]; Крпен живот[78]; Народен театар Битола -Браќата Карамазови [79]; Мајсторот и Маргарита [61] ; Подземна република[80]; Бегалка; Домот на Бернарда Алба; Notre femme de Paris[81];Родопски драмски театар „Николај Хајтов“ (Родопски драматичен театър „Николай Хайтов“), Смолен , М м е... кој прв почна; Градски театар „Марин Држиќ “ (Gradsko kazalište Marina Držića), Дубровник , Браќата Карамазови [82]

Ликовна критика

уреди

Објавил бројни критички осврти, есеи, прикази и предговори за каталози како и историски прегледи особено за уметноста во Македонија. Особено се истакнуваат неговите прилози за:Агата Герчен (Agatha Gertchen), Полска[83][84][85]; Миодраг Дадо Ѓуриќ - Душан Џамоња[86]; Леонардо Готлиб (Leonardo Gotleyb), Аргентина [87]; Марк Фризинг (Marc Frising), Белгија[88][89]; Морис Пастернак (Maurice Pasternak), Белгија[90]; Паоло Чампини (Paolo Ciampini), Италија[91]; Слободан Јевтиќ (Slobodan Jevtic), Франција[92]; Валерија Бертесина (Valeria Bertesina)[93]; Виктор Ернандес Кастило, (Victor Manuel Hernandez Castillo)[94].

Дизајн на театарски плакати

уреди

Владо Ѓорески е автор на голем број театарски плакати за кои добивал и бројни награди. Меѓу другите ги изработил плакатите за следниве театарски претстави: „Мајсторот и Маргарита“-Михаил Булгаков, Народен театар Битола; „Опера за три гроша“ - Бертолт Брехт , Народен театар Прилеп; „Дон Кихот“ – Сервантес, Народен театар Штип; „Полицајци“ - Славомир Мрожек , Народен театар Охрид; „Браќа Карамазови“ – Достоевски, Градски театар „Марин Држиќ“ Дубровник, Хрватска;„М м е... кој прв почна“ - Дејан Дуковски, Родопски театар Смолен, Р. Бугарија, итн.

Оригинални проекти

уреди

Награди

уреди

Добитник е на повеќе од дваесет национални и меѓународни награди за ликовни достигања: Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2012 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Полицаци“ (Охридски театар) [101]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп; 2011 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Хамлет“ (Драмски театар Скопје) [102]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп; 2010 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Браќа Карамазови“ (Народен театар Битола) [103]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2009 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Последниот ден на Мисирков“ (Народен театар „Антон Панов“ - Струмица) [104]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [105]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобра сценографија во претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [105]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2007 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Тартиф“ (Народен театар Штип) [106]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2006 – Награда за сценографија во претставата „Роберто Зуко“ (Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп)[107]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2003 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „На дното“, (Народен театар Битола)[108]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за сценографија во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за најдобар рекламен материјал во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1996 – Награда за сценографија во претставата „Мајсторот и Маргарита“ (Народен театар Битола)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1994 – Награда за сценографија во претставата „Notre femme de Paris“ (Народен театар Битола)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1991 – Награда за сценографија во претставата „Подземна република“ (Народен театар Битола)[109]; Награда - Премија на Биеналето за современа меѓународна графичка уметност, Јаш, Молдавија [110]; Награда - Премија на Меѓународното графичко биенале во Букурешт, Романија[111]...

Библиографија

уреди
  • Владо Горески - „Ноктурно“ II, 2019[112]
  • Владо Горески - „Сува игла“II[113]
  • Владо Горески - „Сува игла“I[114]
  • Владо Горески - „Сува игла“IV - Катедрала[115]
  • Владо Горески - „Ноктурно“I[116]
  • Владо Горески - „Сува игла“III[117]
  • Владо Горески - „Сува игла“IV[118]
  • Владо Горески - „Минијатурни графики“[119]
  • Владо Горески - „Минијатурни графики“[120]
  • Владо Горески - „Екс Либрис - Екс Литера“[121]
  • Владо Горески - „Графики од голем формат“[122]

Наводи

уреди
  1. „Academia. edu“. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 2020-02-24.
  2. „vlado goresk“. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 2020-02-24.
  3. catalogue
  4. „Goreski - Littera“. Архивирано од изворникот на 2020-07-30. Посетено на 2020-02-24.
  5. „Gallery DLUL, Ljubljana“. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 2020-02-24.
  6. 16th International Print Biennial Varna 2011
  7. „Се отвора Светска галерија на цртежи“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  8. „Neuvième triennale mondiale de l'estampe“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  9. „Impressioni dalla 8a Triennale di Chamalières“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  10. Mirror - face to face Italia Macedonia Exhibition catalogue
  11. Artisti edizione 2022 - Macedonia
  12. 18ª exposición de la AAmA 2021
  13. Vlado Goreski... Сценографот... Владо Ѓорески-Рафик
  14. INTERNATIONAL TRIENNIAL OF GRAPHIC ART o BITOLA
  15. Triennial of Graphic Art Bitola, 2018
  16. International Triennial of Graphic Art, Bitola
  17. XII. Dvorski likovni dnevi
  18. Slovenija Open to Art
  19. Valvasorjevi mednarodni grafični dnevi
  20. [://www.dlul-drustvo.si/2019/06/15/avanti-grafika-drugic/ AVANTI GRAFIKA!]
  21. „Vlado Goreski (Makedonija/Macedonia)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 2020-02-24.
  22. „Trienniale mondiale“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 2020-02-24.
  23. Dialogue with Nature/ Dialogue
  24. „MIRROR – face to face 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 2020-02-24.
  25. Prints for Peace-Grabados por la Paz México /
  26. Litho
  27. WYSTAWA
  28. Vlado Goreski
  29. Ex DIGITALIS Salon 2019
  30. Владо Горески
  31. TOKYO INTERNATIONAL
  32. Holocaustului
  33. Holocaust
  34. announce finalists of our 2020
  35. „mailartexhibition“. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-02-24.
  36. Museo de Artes Visuales
  37. X Salón Anual del Bicentenario
  38. 4. medjunarodno trijenale grafike
  39. "Second International Print Biennale Yerevan 2019". Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-02-24.
  40. BUCHAREST INTERNATIONAL PRINT BIENNALE – BIPB 2019
  41. „/ Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница". Архивирано од изворникот на 2015-02-04. Посетено на 2015-02-04.
  42. [Каталог Museo de la grafica]
  43. Каталог Trienniale Mondiale de petit format Chamolières 2014
  44. Каталог Tribuna Graphic ISBN 978-973-1878-02-8
  45. „FIRE, WATER, EARTH – BULGARIA“. Архивирано од изворникот на 2015-02-23. Посетено на 2014-08-24.
  46. INTERNATIONAL ART PROJECTS - GOURIN
  47. Каталог Седмо меѓународно графичко триенале Битола ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4, COBISS. MK- ID 91928330 стр. 332
  48. INTERNATIONAL ART PROJECTS - SHUMEN
  49. Каталог Шесто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 18451777 стр. 151
  50. „ОСТЕН СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА ЦРТЕЖ СКОПЈЕ 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  51. Каталог Четврто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 17058113 стр. 128
  52. Каталог Второ меѓународно биенале на мала графика
  53. Каталог на 37 Македонски театарски фестивал
  54. Каталог ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр. 112
  55. Каталог Трето меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр. 161
  56. Каталог Балканска изложба на графика
  57. Студентски збор, Љубен Пауноски, мај 1981
  58. Ристо Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978 - 608 - 65513 - 0 - 8, COBISS. MK- ID 92827914, стр. 401, 405, 451
  59. Актерството и режијата во македонскиот театар, Зборник на трудови, Приредила: д-р Јелена Лужина ISBN 9989 - 9945 - 2 - - 5, COBISS - ID 0
  60. Иван Ивановски, „Потпелистерски талиини вечери“, Народен театар Битола, 1995, COBISS. MK- ID 20718346
  61. 61,0 61,1 Иван Ивановски, „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS. MK- ID 16678465
  62. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  63. „Хамлет” на Скопския Драмски театър
  64. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  65. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  66. Премиера на драмскиот текст „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот" на Јордан Плевнеш
  67. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-08-24.
  68. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  69. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  70. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  71. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-08-24.
  72. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-08-24.
  73. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  74. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  75. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  76. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  77. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  78. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  79. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  80. Ристе Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978-608-65513-0-8, COBISS.MK-ID 92827914, стр. 401 - 405
  81. Иван Ивановски „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS.MK-ID 16678465
  82. U SVIJETU TEATRA...
  83. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 9-10
  84. Agata Gertchen: grafika, ISBN 8361424296, 9788361424291, Akademia Sztuk Pięknych. Wydział Artystyczny, 2011
  85. Agata Gertchen texts
  86. „БАЛКАНСКИ ПАРАЛЕЛИ - ДАДО ЃУРИЌ, БАЛКАНСКИОТ ПРОРОК И МОНУМЕНТАЛНОСТА КАЈ ДУШАН ЏАМОЊА“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  87. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 200
  88. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 21
  89. Marc Frising
  90. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 206
  91. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 212
  92. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 16
  93. Valeria Bertesina, Solo Exhibition, Catalog
  94. Savremena grafička scena proteklih decenija
  95. „Списание за книжевност и култура АРТ, стр. 40“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2014-08-24.
  96. „Нарастваща фестивалност“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  97. „И ЈАС СУМ ОРХАН - МУЗЕЈ НА СПОМЕНИТЕ“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2014-08-24.
  98. „Премиера на Досие Стриндберг“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2014-08-24.
  99. Театарски гласник
  100. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  101. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2012“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-08-24.
  102. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2011“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  103. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2010“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  104. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2009“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-24.
  105. 105,0 105,1 „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2008“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-08-24.
  106. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2007“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  107. „Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", награди, 2006“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-08-24.
  108. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-06. Посетено на 2014-08-24.
  109. 109,0 109,1 109,2 109,3 109,4 Енциклопедија „Театарот на македонската почва“, издание на Факултетот за драмски уметности во Скопје - Институт за театрологија, 2002 година, CD-ROM
  110. Premiu Special - Vlado Goreski, Macedonia
  111. BIENALA INTERNAŢIONALĂ DE GRAVURĂ
  112. Vlado Goreski ,Nocturne II, 2019
  113. Vlado Goreski ,Drypoint II
  114. Vlado Goreski ,Drypoint I
  115. Vlado Goreski ,Drypoint VI, Cathedral - 2
  116. Vlado Goreski - Nocturne I, variations
  117. Vlado Goreski ,Drypoint III
  118. Vlado Goreski ,Drypoint IV
  119. Vlado Goreski „ Miniature Graphic Works„ 2018
  120. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-22. Посетено на 2020-02-24.
  121. Vlado Goreski Ex Libris Ex Littera
  122. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-24. Посетено на 2020-02-24.

Надворешни врски

уреди