Душан Џамоња
Душан Џамоња (Струмица , Македонија на 31 јануари 1928 - Загреб, 14 јануари 2009) — хрватски вајар и автор на архитектурни проекти за музеи, споменици на културата, галерии, висококатници и џамии.
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1940-тите години, живеел и работел во Брисел, Врсар и Загреб. Првата изложба ја имал во 1954. година. Добитник е на многубројни признанија за својата работа.
Главно работел со бронза, железо, челик и алуминиум. Неговите монументални и главно апстрактни скулптури се изложувани на Плас Вандом во Париз, Праса де Комерсио во Лисабон, пред Палатата на правдата во Брисел и во Лондонскиот Риџентс парк.
За неговата меѓународна кариера особено значаен бил настапот на 30. Венецијанско биенале (1960. год.) кога бил номиниран за Големата награда на биеналето и со тоа го освоил вниманието на меѓународната критика.
Бил избран за член на Српската академија за науки и уметности во 1988., а во 2004 и на Хрватската академија за науки и уметности.
Надворешни врски
уреди- Парк на скулптури на Душан Џамоња во Врсар Архивирано на 14 септември 2008 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |