Орхан Памук
Орхан Памук (турски: Orhan Pamuk) (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) — турски писател,[1] добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година.[2]
Орхан Памук Orhan Pamuk | |
---|---|
Орхан Памук, 2009 година | |
Занимање | Романописец, Професор и писател |
Период | 1974 – денес |
Книжевно движење | Постмодерна литература |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 2006 |
мрежно место | |
http://www.orhanpamuk.net/ |
Животопис
уредиОрхан Памук учел на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура[3] на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство[3] на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.
Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации, Памук бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30.000 Курди од страна на турските власти. Сепак, тој бил ослободен од обвинението во 2006 година.
Творештво
уредиДенес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот,[4] кој има родадено над седум милиони копии од неговите книги, преведени на педесет јазици,[5] што го прави најпродаваниот писател во неговата земја.[6] Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ (New York Times) го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.[3]
Дела
уредиОрхан Памук ги објавил следниве дела:[3]
- Џевдет-бег и неговите синови (1982)
- Куќа на тишината (1983)
- Белата тврдина (1985)
- Црната книга (1990)
- Нов живот (1994)
- Моето име е Црвен (2000)
- Снег (2002)
- Музеј на невиноста (2008)
Награди и признанија
уредиПамук е добитник на повеќе турски и меѓународни награди, меѓу кои најзначајна е Нобеловата награда што ја добил во 2006 година. На 25 декември 2013 година, во новата зграда на МНТ, на Орхан Памук му била врачена меѓународната книжевна награда на скопската издавачка куќа „Табернакул“.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Nobel in literature goes to Pamuk“. MSNBC. Associated Press. 2006-10-13. Посетено на 2008-07-29.
- ↑ „The Nobel Prize in Literature 2006“. Посетено на 2006-10-12.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Orhan Pamuk, Bela tvrđava. Beograd: Geopoetika, 2008.
- ↑ Kinzer, Stephen (1998-12-15). „A Novelist Sees Dishonor in an Honor From the State“. New York Times. Посетено на 2008-08-30.
- ↑ „Masumiyet Müzesi açıldı“. Radikal. Anadolu Agency. 2008-08-30. Посетено на 2008-08-30.
Romanları dünyada 58 dile çevrilen ve 7 milyondan fazla satan Orhan Pamuk...
|section=
е занемарено (help) - ↑ „En çok kazanan yazar kim?“. Sabah (турски). 2008-09-01. Посетено на 2008-09-02.
- ↑ „Стотици чекаа за посвета до Памук и Ерофеев“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 24.