Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор за овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
Ако сакате да се приклучите на проектот, слободно ставете го вашето име на Списокот на учесници!
Исто така, учесниците кои сакаат да покажат поддршка за овој проект, можат слободно да ја додадат предлошката {{Корисник ВикиПроект Јазик}} на нивните кориснички страници.
За каква било помош поврзана со статии за јазици, лингвистика или писма слободно обратете се на членовите на овој проект или пак до администраторите на македонската Википедија. Исто така достапни се неколку упатства за тоа како да се направи добра статија, како да се направи нова статија или пак како се уредува статија.
Во овој оддел се обработуваат теми и статии поврзано со јазиците, јазични семејства, јазични групи и историскиот развиток на јазиците. Голем број на статии поврзани со јазиците не се напишани или се делумно напишани. Вашата помош е добредојдена.
При создавање на секоја статија следете ги правилата зададени од Википедија. Естетскиот изглад на статијата е важен, како и граматичките, правописните и ортографските празвила на македонски јазик. Секое нестандардно пишување може да се избрише или да се предложи за бришење. Користете исклучиво македонски јазик и македонска кирилична азбука.
Лингвистиката (јазикознание, од латински lingua = јазик) е наука за јазикот со кој комуницираат луѓето, а се смета како дел на семиотиката. Таа го проучува јазикот како средство за комуникација, а во нејзините рамки, одделно се проучуваат јазичните нивоа, нивната интеракција и различните јазични стилови.прочитај повеќе
Лингвистиката како широка област опфаќа повеќе гранки меѓу кои:
Во овој оддел се обработуваат теми и статии поврзано со азбуките, сите видови системи на пишување, транслитерацијата на јазиците и романизација на азбуки.
При создавање на секоја статија следете ги правилата зададени од Википедија. Естетскиот изглад на статијата е важен, како и граматичките, правописните и ортографските празвила на македонски јазик. Секое нестандардно пишување може да се избрише или да се предложи за бришење. Користете исклучиво македонски јазик.
Македонската латиница е една варијанта на латиничната азбука за романизација и транскрипција на македонскиот јазик. Иако кирилицата е официјална азбука во Република Македонија, латиничната верзија се користи за транскрипција. Таа се учи во второ одделение во основното училиште. Оваа азбука ги содржи сите букви од стандардната латинична азбука со исклучок на буквите: W, Q, Y и X. Покрај тие се користат и други букви прилагодени на македонскиот фонетски систем. Карактеристични букви за македонската латиница се буквите: Ǵǵ, Ḱḱ и Dz dz и тие букви не се користат во ниеден друг јазик. прочитај повеќе