Мехриски јазиксемитски јазик, дел од групата на современи јужноарапски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Мехријците кои пак се населени во изолирани области во источниот дел на Јемен и западен Оман.

Мехриски јазик
Изговор[mɛhri]
Застапен воЈемен, Оман
НародМехријци
Говорници165,900  (2011-2015)e19
Јазично семејство
Писмоарапско писмо
Јазични кодови
ISO 639-3gdq
{{{mapalt}}}

Мехрискиот, заедно со останатите јужноарапски јазици, се зборувале на територијата на цела Јужна Арабија пред да навлезе исламот и арапскиот јазик во 7 век. Поради силното влијание на арапскиот и забележливиот билингвализам на Мехријците, јазикот е во опасност од исчезнување. Јазикот е воглавно говорен со мала книжевност и скоро и да нема писменост на јазикот помеѓу Мехријците.

Дијалекти

уреди

Мехрискиот јазик денес е составен од два главни дијалекта, јеменски мехриски (или јужномехриски) и омански мехриски (или дофарски мехриски). Оманскиот дијалект се зборува од мал број луѓе и нема голема внатрешна варијација, но јеменскиот е поделен на западни и источни дијалекти.[1]

Морфологија

уреди

Во прилог се личните заменки во мехрискиот:

м.р.
едина двоина множина
1 hōh kīh nḥah
2 hēt tīh tām
3 hēh hīh hām
ж.р.
единина двоина множина
1 hōh kīh nḥah
2 hīt tīh tān
3 sēh hīh sān

Писмо

уреди

Мехрискиот, како и останатите јужноарапски јазици, имаат богата усна традиција, но немаат писмена традиција.[2][3] Денес постојат три системи за пишување на јазикот: арапско писмо, изменето латинско писмо и изменето арапско писмо. Изменетото арапско писмо има дополнителни букви за звуци кои се уникатни за мехрискиот[4].

Наводи

уреди
  1. Rubin, Aaron (2010). The Mehri Language of Oman. BRILL. стр. 1–2. ISBN 9789004182639. Посетено на 24 March 2015.
  2. SIMEONE-SENELLE, Marie-Claude (November 2013). „Mehri and Hobyot Spoken in Oman and Yemen“. LLACAN - Langage, LAngues et Cultures d'Afrique Noire: 1 – преку HALSHS.
  3. Rubin, Aaron (2010-05-17). The Mehri Language of Oman (англиски). BRILL. стр. 12. ISBN 9004182632.
  4. OBEID ABDULLA ALFADLY, HASSAN. „The Morphology of Mehri Qishn dialect in Yemen“ (PDF).

Литература

уреди
  • Rubin, Aaron. 2010. The Mehri Language of Oman. Leiden: Brill.
  • Rubin, Aaron, 2018. Omani Mehri: A New Grammar with Texts. Leiden: Brill.

Надворешни врски

уреди