Андре Ширле
Андре Хорст Ширле (роден на 6 ноември 1990) — германски фудбалер, напаѓач или крило на Борусија Дортмунд во Бундеслигата и на германската репрезентација.
Андре Ширле | |||
---|---|---|---|
Ширле со Германија во 2012. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Андре Хорст Ширле[1] | ||
Роден на | 6 ноември 1990 | ||
Роден во | Лудвигсхафен, Германија | ||
Висина | м[2] | 1,83||
Позиција | Напаѓач / Крилен напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фулам | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
1996–2006 | Лудвигсхафенер | ||
2006–2009 | Мајнц 05 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2011 | Мајнц 05 | 66 | (20) |
2011–2013 | Бајер Леверкузен | 65 | (18) |
2013–2015 | Челси | 44 | (11) |
2015-2016 | Волфсбург | 43 | (10) |
2016-2018 | Борусија Дортмунд | 33 | (3) |
2018- | Фулам | 19 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2008–2009 | Германија 19 | 11 | (4) |
2009 | Германија 20 | 1 | (1) |
2009–2010 | Германија 21 | 4 | (3) |
2010– | Германија | 57 | (22) |
* Ажурирано на: 11 мај 2014 ** Ажурирано на: 23:02, 13 јули 2014 (UTC) |
Тој ја започнал својата кариера во Мајнц 05 во 2009, поминувајќи две години во клубот пред да направи трансфер од 6.5 милиони фунти во Бајер Леверкузен. По одличните настапи во Леверкузен, во 2013 година, Ширле потпишал договор со Челзи кој изнесувал 18 милиони фунти.
Ширле е постојан репрезентативец на Германија од 2010, и за репрезентацијата на Германија има одиграно преку 30 натпревари и има постигнато 16 голови. Тој бил дел од германскиот состав кој стигнал до полуфиналето на Европското првенство 2012 како и од златниот состав на германија на Светското првенство 2014. Во продолженијата на финалниот натпревар во Бразил, тој бил асистент на победничкиот гол на Марио Геце во победата против Аргентина.
Технички одлики
уредиШирле за Челзи вообиачаено игра како крилен напаѓач иако неговата природна позиција е втор напаѓач.[3] Најдобар дел во играта на Ширле се неговите "долги противнапад спринтови."[3] Ширле исто така поседува одлично ниво на фитнес, издржливост и брзина.[3] Тој е познат како "добар завршувач на напади" и има "способност за делотворно изведување на противнапади."[3]
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиШирле ја започнал својата кариера во локалниот фудбалски клуб Лудвигсхафенер, а во 2006 се приклучил на младинскиот тим на Мајнц 05. Тој три години бил дел од младинскиот тим на клубот, со кој ја освоил Бундеслигата до 19 години во 2009.
Мајнц 05
уредиВо Август 2009, Ширле го одиграл својот прв натпревар во Бундеслигата во ремито 2-2 против Баер Леверкузен во првото коло од сезоната 2009-10.[4] Следниот месец, на 19 септември 2009, Ширле ги постигнал своите први два гола во победата од 3–2 на гостински терен против Бохум, а потоа кон крајот на неделата потпишал и професионален договор со клубот.[5]
Во септември 2010, Мајнц 05 објавил дека Ширле потпишал петгодишен договор со Баер Леверкузен, и ќе му се приклучи на новиот клуб на крајот на престојната сезона. Договорената трансфер сума помеѓу двата клуба се верува дека изнесува околу 8 милиони евра.[4]
Баер Леверкузен
уредиШирле му се приклучил на Баер Леверкузен во 2011,[6] потпишувајќи петгодишен договор со клубот до летото 2016.[7] Тој постигнал гол уште на првиот натпревар за клубот, во германскиот куп против Динамо Дрезден. Тој морал да почека до 15 октомври 2011 за да може да настапува во Бундеслигата за Баер Леверкузен, а својот прв гол го постигнал против Борусија Менхенгладбах, со што го израмнил резултатот на 2–2 и му обезбедил бод на своот тим.[8] Ширле својот прв гол во европските натпреварувања го запишал во Лигата на шампионите во домашната победа над Валенсија.[9]
Во сезоната 2012-13, Ширле својот прв лигашки гол го постигнал против Аугсбург во победата од 3–1.[10] Во натпреварот против Баерн Минхен на 28 октомври 2012, Ширле бил асистент на голот на Штефан Кислинг во победата од 2–1 на Алијанц Арената. Овој пораз за Баерн Минхен бил прв во сезоната, додека пак Баер Леверкузен успеал да победи во Минхен првпат по октомври 1989.[11] На 30 март 2013, Ширле бил стрелец на два гола во победата од 4–1 над Фортуна Диселдорф.[12] На 20 април 2013, Ширле запишал два гола и асистенција во одличната домашна победа од 5–0 над Хофенхајм.[13] Оваа сезона ширле ја завршил со 14 голови и 9 асистенции во 43 натпревари во сите конкуренции.[14]
Челзи
уредиНа 18 април 2013, било потврдено дека спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер, отпатувал во Лондон да преговара со Челзи за трансфер на Ширле, иако ниту една сума сè уште не била договорена.[15] На 13 јуни 2013, Челзи преку офцијалното мрежно место потврдил дека постигнал договор со Баер Леверкузен за трансферот на Ширле,[16] за сума од 21 милиони евра (18 милиони фунти).[17][18] Ширле потпишал петгодишен договор со клубот од Лондон, и го добил бројот 14.[19] На 4 август Ширле го постигнал првиот гол во дресот на челзи во претсезонскиот пријателски натпревар против Милан на турнејата во САД.[20]
На 18 август 2013, Ширле го одиграл својот прв првенствен натпревар за Челзи, влегувајќи од клупата во игра во 67. минута заменувајќи го Кевин Де Брајне во победата од 2–0 против Хал Сити на Стамфорд Бриџ.[21] Првиот гол за клубот Ширле го постигнал во домашната победа од 2–1 против конкурентот за титулата Манчестер Сити на 27 октомври 2013, постигнувајќи гол по асистенцијата на Фернандо Торес.[22] На 7 декември 2013, тој бил стрелец на двата гола на Челзи во поразот од 3–2 против Стоук Сити.[23] На 1 март 2014, Ширле го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата, против Фулам во победата од 3–1 на гостински терен во дербито на западен Лондон.[24] На 22 март 2014, Ширле најпрво бил асистент на голот на Самуел Ето во 5. минута а две минути подоцна самиот го погодил голот за предност од 2-0 на сините против Арсенал, во победата од 6–0, во која Ширле бил прогласен за играч на натпреварот.[25]
На 8 април 2014, Ширле бил стрелец на гол во вториот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ со што Челзи успеал да го надомести поразот од 3–1 во првиот натпревар, добивајќи го натпреварот со 2–0 и пласирајќи се во полуфиналето поради повеќе постигнати голови на гостински терен.[26] Тој првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 8 голови во 30 натпревари.
Репрезентативна кариера
уредиМладински тим
уредиСвојот прв настап за репрезентацијата до 19 години, Ширле го остварил во европските квалификации против Луксембург, натпревар кој Германија го добила со 3–0. По одличните настапи во Мајнц 05 во Бундеслигата, тој бил повикан во германскиот состав до 21 година во 2009.
Сениорски тим
уредиВо ноември 2010, Ширле добил повик за настап во сениорскиот тим.[27] Својот прв натпревар во германскиот дрес, Ширле го одиграл против Шведска, влегувајќи во игра 79. минута од натпреварот. Ширле и Марио Геце, кој влегол во игра истовремено, биле првите двајца германски репрезентатици кои биле родени во обединета Германија.[28] На 29 мај 2011, Ширле го постигнал својот прв гол за сениорскиот тим, во победата од 2–1 на пријателскиот натпревар против Уругвај.[29]
Ширле бил избран во составот на Германија за квалификациите за Европското првенство 2012. Тој бил стрелец на гол против Азербејџан во победата од 3–1, на 7 јуни 2011.[30] На 2 септември 2011, тој повторно дал гол во победата од 6–2 против Австрија.[31] Во следниот квалификациски натпревар против Белгија, Ширле за првпат во квалификациите започнал од почетокот на натпреварот, и во 33. минута успеал да го совлада Симон Мињоле.[32] Откако успеал трипати да ги затресе противничките мрежи, а Германија ги добила сите натпревари во квалификациската група, Ширле бил именуван во списокот од 23 играчи за Европското првенство 2012 и му бил доделен дресот со број девет.[31] На 17 јуни, тој го остварил својот прв настап на првенството, заменувајќи го Лукас Подолски во 64. минута, во победата од 2–1 против Данска.[33]
На 15 октомври 2013, Ширле постигнал хет-трик во гостинската победа од 5–3 против Шведска во квалификациите за Светското првенство 2014.[34]
Ширле бил именуван во германскиот состав за Светското првенство 2014.[35] Својот прв настап на светските првенства Ширле го забележал влегувајќи од клупата на натпреварот против Португалија кој завршил со убедлива победа на Германија од 4-0.[36] Во победата од 2–1 против Алжир во осминафиналето, Ширле го заменил Геце на почетокот на второто полувреме и го постигнал првиот гол на натпреварот во втората минута од продолженијата.[37] На 8 јули, тој ги постигнал последните два гола на Германија во неверојатната полуфинална победа над Бразил од 7-1 откако влегол во игра заменувајќи го Мирослав Клозе во 58. минута.[38]
Во финалето против Аргентина, Ширле повторно натпреварот го започнал од клупата за резервни играчи, но набргу влегол во игра по повредата на Кристоф Крамер. Во 113. минута од натпреварот, тој бил асистент на победничкиот гол на Германија, кој го постигнал Марио Геце.[39]
Репрезентативни голови
уредиГол | Датум | Место | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 29 мај 2011 | Зинсхајм, Германија | Уругвај | 2–0 | 2–1 | Пријателски натпревар |
2. | 7 јуни 2011 | Баку, Азербејџан | Азербејџан | 3–1 | 3–1 | Квалификации за ЕУРО 2012 |
3. | 10 август 2011 | Штутгарт, Германија | Бразил | 3–1 | 3–2 | Пријателски натпревар |
4. | 2 септември 2011 | Гелзенкирхен, Германија | Австрија | 5–2 | 6–2 | Квалификации за ЕУРО 2012 |
5. | 11 октомври 2011 | Диселдорф, Германија | Белгија | 2–0 | 3–1 | Квалификации за ЕУРО 2012 |
6. | 26 мај 2012 | Базел, Швајцарија | Швајцарија | 2–3 | 3–5 | Пријателски натпревар |
7. | 31 мај 2012 | Лајпциг, Германија | Израел | 2–0 | 2–0 | Пријателски натпревар |
8. | 11 октомври 2013 | Келн, Германија | Ирска | 2–0 | 3–0 | Квалификации за Светско првенство 2014 |
9. | 15 октомври 2013 | Солна, Шведска | Шведска | 3–2 | 5–3 | Квалификации за Светско првенство 2014 |
10. | 4–2 | |||||
11. | 5–3 | |||||
12. | 1 јуни 2014 | Менхенгладбах, Германија | Камерун | 2–1 | 2–2 | Пријателски натпревар |
13. | 6 јуни 2014 | Мајнц, Германија | Ерменија | 1–0 | 6–1 | Пријателски натпревар |
14. | 30 јуни 2014 | Порто Алегре, Бразил | Алжир | 1–0 | 2–1 | Светско првенство 2014 |
15. | 8 јули 2014 | Бело Хоризонте, Бразил | Бразил | 6–0 | 7–1 | Светско првенство 2014 |
16. | 7–0 |
Успеси
уредиЧелзи
уреди- УЕФА Супер Куп Финалист: 2013
Германија
уредиНаводи
уреди- ↑ „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 11 June 2014.
- ↑ „Player Profile: André Schürrle“. chelseafc.com.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Dunbar, Ross (1 May 2013). „Chelsea target Andre Schürrle scouting report: All you need to know about the Germany star“. The Mirror. Посетено на 6 May 2013.
- ↑ 4,0 4,1 „Schürrle opts for Leverkusen“. UEFA.com. 16 September 2010. Посетено на 20 May 2011.
- ↑ „Kurzpässe: Auslosungsmodus der WM-Playoffs unklar, Kuranyi krank“ (германски). Spiegel Online. 23 September 2009. Посетено на 19 May 2011.
- ↑ „Chelsea Transfer Rumours: Who Is Andre Schurrle?“. Bleacher Report. 5 May 2012. Посетено на 4 July 2013.
- ↑ „Andre Schurrle: Chelsea hold transfer talks, say Leverkusen“. BBC Sport. 19 April 2013. Посетено на 4 July 2013.
- ↑ „Schürrle rettet Bayer einen Zähler“ (германски). Kicker. 15 October 2011. Посетено на 4 July 2013.
- ↑ „Andre Schurrle delighted with Bayer Leverkusen's second-half performance against Valencia in Champions League“. Goal.com. 20 октомври 2011. Посетено на 9 август 2014.
- ↑ „FC Augsburg 1–3 Bayer Leverkusen“. ESPN FC. 26 September 2012. Посетено на 26 September 2012.
- ↑ „Leverkusen shock Bayern“. ESPN FC. 28 October 2012. Посетено на 28 October 2012.
- ↑ „Leverkusen beat Düsseldorf“. ESPN FC. 30 March 2013. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „Schurrle bags brace“. ESPN FC. 20 April 2013. Посетено на 20 April 2013.
- ↑ Le Miere, Jason (30 May 2013). „Chelsea Transfer News: Cavani, Bale, Hulk And Schurrle Linked To The Blues“. ESPN FC. Посетено на 30 May 2013.
- ↑ Bailey, Graeme (19 April 2013). „German side Bayer Leverkusen confirm talks in London about Andre Schurrle“. skysports.com. Посетено на 29 May 2013.
- ↑ „Agreement reached for transfer of andre schurrle“. chelseafc.com. 13 June 2013. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ Edwards, John (13 June 2013). „Mourinho makes Schurrle his first signing as German seals £18 million move to Chelsea“. DailyMail.co.uk. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ „André Schürrle is Jose Mourinho's first signing as new Chelsea manager“. NBCSports.com. 13 June 2013. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ „Schurrle signing completed“. chelseafc.com. 25 June 2013. Посетено на 25 June 2013.
- ↑ „Schurrle: really nice feeling“. chelseafc.com. 5 August 2013. Посетено на 5 August 2013.
- ↑ „Match report: chelsea 2 hull city 0“. chelseafc.com. 18 August 2013. Посетено на 18 August 2013.
- ↑ „Chelsea 2 Manchester City 1: match report“. The Telegraph. 27 October 2013. Посетено на 27 October 2013.
- ↑ „MATCH REPORT: STOKE CITY 3 CHELSEA 2 | News Article | News | Official Site | Chelsea Football Club“. Chelseafc.com. Посетено на 2013-12-08.
- ↑ „Andre Schurrle's hat-trick sees Chelsea beat Fulham 3-1“. Sky Sports News. Посетено на 1 March 2014.
- ↑ „Chelsea destroy 10-man Arsenal 6-0“. Sky Sports News. Посетено на 22 March 2014.
- ↑ „Chelsea 2-0 PSG“. Sky Sports News. Посетено на 8 April 2014.
- ↑ Plummer, David (11 November 2010). „Löw caps Germany's rising stars“. The Independent. Посетено на 19 May 2011.
- ↑ „Kazakhs seek damage limitation against Germany“. ESPN Soccernet. 26 March 2011. Посетено на 19 May 2011.
- ↑ „Germany get better of Uruguay again“. UEFA.com. 29 May 2011. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „Gomez strikes in Azerbaijan as Germany march on“. UEFA official website. 7 June 2011. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ 31,0 31,1 „Germany stroll past Austria to reach EURO 2012“. UEFA official website. 2 September 2011. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „Germany stamp out Belgium's fire“. UEFA official website. 11 October 2011. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „German joy signals despair for Denmark“. UEFA official website. 17 June 2012. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „World Cup qualifiers: Germany end campaign with 5-3 win over Sweden“. Sky Sports News. 15 October 2013. Посетено на 17 June 2014.
- ↑ „Germany World Cup 2014 squad“. The Telegraph. 2 June 2014. Посетено на 22 June 2014.
- ↑ „Germany 4-0 Portugal“. BBC. 16 June 2014. Посетено на 22 June 2014.
- ↑ Ornstein, David (30 June 2014). „Germany 2-1 Algeria“. BBC Sport. Посетено на 30 June 2014.
- ↑ „Brazil 1-7 Germany“. BBC. 8 July 2014. Посетено на 9 July 2014.
- ↑ McNulty, Phil (13 July 2014). „Germany 1-0 Argentina“. BBC Sport.
- ↑ Corradino, Rafael. „Germany's Andre Schurrle delighted with first international goal against Uruguay“. Goal.com. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ „Azerbaijan vs Germany Report“. Goal.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-18. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ Whitney, Clark. „Germany vs Brazil Report“. Goal.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-18. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ Whitney, Clark. „Germany vs Austria Report“. Goal.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ MacAree, Graham. „Germany Vs. Belgium, Euro 2012 Qualifying: Mesut Ozil, Andre Schurrle Strike In Quick Succession To Give Germany 2–0 Lead“. SB Nation. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ „Switzerland 5 – 3 Germany“. ESPN FC. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ Sinanan, Keeghann. „Germany 2–0 Israel: Gomez and Schurrle strike to round off Low's preparations for Euro 2012 with a win“. Yahoo! Sports. Архивирано од изворникот на 2013-10-13. Посетено на 13 June 2013.
Надворешни врски
уреди- Андре Ширле на Ризницата
- Матична страница (германски)
- Профил на мрежното место на Челзи
- Андре Ширле – Профил на службената страница на ФИФА
- Андре Ширле – Профил на сајтот на УЕФА
- Career stats Архивирано на 15 мај 2010 г. на ESPN FC
- Career stats на Soccerbase
- Андре Ширле на National-Football-Teams.com