ФК Хофенхајм 1899

(Пренасочено од ФК Хофенхајм)

ТШГ 1899 Хофенхајм е германски фудбалски клуб од градот Зинсхајм. Во 2007, клубот одлучил да го усвои користењето на своето име во пократок облик Хофенхајм 1899 наместо традиционалното име ТШГ Хофенхајм.

Хофенхајм
Logo
Целосно имеТШГ Хофенхајм 1899
ПрекарХофе
Основан1 јануари 1899
СтадионРајн Некар-Арена
Зинсхајм, Германија
Капацитет30,150
ПретседателГерманија Јохен Ротаус
ТренерГерманија Јулијан Нагелсман
ЛигаБундеслига
2021/22Бундеслига, 9-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Историја уреди

Клубот е основан во 1945 година, со спојување на гимнастичкиот клуб Турнверајн Хофенхајм (основан на 1 јуни 1899) и фудбалскиот клуб Фудбалверајн Хофенхајм (основан во 1921). Во почетокот на 1990-тите, Хофнхајм бил само локален аматерски клуб кој настапувал во осмата лига, Баден-Вуртемберг А-Лига. Маѓутоа, полека напредувале и во 1996-тата започнале да се натпреваруваат во Verbandsliga Nordbaden.

Околу 1990, со-основачот на софтвер компанијата SAP, Дитмар Хоп, уложува значајни парични средства во својот поранешен клуб. Неговите вложувања речиси веднаш донеле резултати: па во 2000-тата година Хофенхајм завршува како прв во Verbandsliga и се квалификува за Оберлигата, четвртото ниво на германскиот фудбал. Со уште едно освоено прво место, клубот дошол до Регионалнатта лига-Југ во сезоната 2001-02. Во својата прва сезона во Регионалната лига завршуваат на 13. место, но значајно се поправиле наредната сезона, кога завршиле на петто место.

Во наредните две сезони, Хофенхајм завршил на седмо и петто место, па и на четврто место во сезоната 2005-06. Сезоната 2003-04, клубот за првпат во својата историјата настапувал во германскиот куп во кое стигнале до четвртфиналето, во кое ги запира клубот од 2. Бундеслига, Либек. На тој пат до четвртфиналето ги исфрлиле Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, и бундеслигашот Баер Леверкузен.

Во 2006 година, раководството на клубот донело неколку искусни играчи кој претходно играле во Бундеслигата, како што се Јохен Зајц и Томислав Мариќ, како и поранешниот тренер на бундеслигашите Штутгарт, Хановер и Шалке, Ралф Рагник, кој потпишал петгодишен договор. Тие вложувања во клубот се исплатиле во сезоната 2006-07, кога избориле промоција во 2. Бундеслига, откако завршиле на 2. место во Регионалната лига. Веќе следната сезона, Хофенхајм изборил промоција во Бундеслигата, откако завршуваат уште една сезона на второ место, и така клубот од село со 3,000 жители во сезоната 2008-09 за првпат заиграл во највисоката фудбалска лига во Германија.

Стадион уреди

 
Хофенхајм против Борусија Дортмунд во август 2011

Пред да избори промоција во 1. Бундеслига во 2008 година, клубот настапувал на Стадион Дитмар-Хоп, кој бил изграден во 1999 година со капацитет од 5000 (1620 седечки места). Повишените амбиции на Хофенхајм станале јасни во 2006 година, кога раководството на клубот одлучило да изгради нов стадион со 30.150 седишта, а новиот нивен дом го добил името Рајн Некар-Арена, погодна за угостување на квалитетните тимови од Бундеслигата. Првично стадионот бил во план да се гради во Хајделберг пред изборот на едно место во Зинсхајм.

Тие ја отвориле својата прва сезона во 1. Бундеслига на стадионот Карл-Бенц во Манхајм со капацитет од 26.022, и го одиграле тука својот прв натпревар додека нивниот нов стадион не бил отворен-на 31 јануари 2009 година.[1]

Играчи уреди

Моментален Состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Тим Визе
2   ОД Андреас Бек
3   ОД Матијас Јисле
4   ОД Штефан Тескер
6   СР Себастијан Руди
7   СР Борис Вукчевиќ
8   СР Филип Малбашиќ
9   НП Свен Шиплок
10   НП Игор де Камарго
11   НП Ерен Дердијок
12   ОД Давид Абрахам
13   СР Даниел Вилијамс
14   ОД Крис
15   ОД Матје Делпјер
16   ОД Фабијан Џонсон
17   СР Тобијас Вајс
18   НП Хоселу
19   ГМ Јенс Грал
20   СР Ахмед Саси
21   ОД Патрик Окс
Бр. Позиција Играч
22   СР Роберто Фирмино
23   СР Сејад Салиховиќ (К)
24   НП Михаел Грегорич
25   СР Луис Адвинкула
27   СР Сандро Вајзер
28   НП Пеле Јансен
29   ОД Јаник Вестергор
30   ОД Коен Кастелс
31   НП Кевин Фоланд
32   СР Винченцо Грифо
33   СР Такаши Усами
34   ГМ Еурељо Гомеш
36   ОД Жереми Тољан
39   НП Андреас Лудвиг
40   ОД Стефан Шрок
41   СР Афри Аква
42   СР Еуген Полански
43   СР Робин Шарка
44   ОД Патрик Шор
45   ОД Никлас Шуле

Познати поранешни играчи уреди

Последни тренери уреди

Последни тренери на клубот:[2]

Започнал Завршил Тренер
1979 1982   Хелмут Зубер
1982 1982   Мејнард Стаделбауер
1982 1984   Руди Ебел
1984 1985   Клаус Келер
1986 1989   Хелмут Једеле
1989 1990   Герхард Бол
1990 1992   Егон Лудвиг
1992 1994   Ханс Шрајнер
1994 1998   Роланд Шмит
1998 1998   Алфред Шон
1998 14 март 1999   Рајмунд Лицау
15 март 1999 30 сеп 1999   Гинтер Хиленбранд
31 авг 1999 12 март 2000   Рико Вејганд
2000 30 јуни 2000   Алфред Шон
1 јули 2000 19 ноем 2005   Ханс-Дитер Флик
19 ноем 2005 23 дек 2005   Роланд Дикгицер*
10 јан 2006 21 мај 2006   Лорен-Гинтер Кјостнер
24 мај 2006 30 јуни 2006   Алферд Шон*
1 јули 2006 1 јан 2011   Ралф Рагник
2 јан 2011 30 јуни 2011   Марко Пецауоли
1 јули 2011 9 фев 2012   Холгер Станиславски
10 фев 2012 3 дек 2012   Маркус Бабел
3 дек 2012 31 дек 2012   Франк Крамер*
1 јан 2013 2 април 2013   Марко Курц
2 април 2013 денес   Маркус Гисдол*
* Тренери на привремена должност.

Титули уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Wirsol Rhein-Neckar-Arena Архивирано на 8 март 2012 г. (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011
  2. 1899 Hoffenheim .:. Trainer von A-Z (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011