Меѓународно здружение за воздушен превоз
Меѓународно здружениое за воздушен превоз (англиски: International Air Transport Association, IATA) — меѓународна група на авиопревозници се седиште во Монтреал, Канада, каде што исто така е сместена и централата на меѓународната цивилна организација за воздухопловство. Главната цел на оваа организација е да им помага на авиопревозниците да ја усогласуваат нивната ценовна програма со другите авиопревозници. Генерален директор на организацијата е Џовани Бисињани.
Основана | април 1945 |
---|---|
Седиште | Монтреал, Канада |
Членство | 240 авиопревозници |
Клучни лица | Џовани Бизињани, генерален и извршен директор |
Мреж. место | http://www.iata.org |
Здружението е основано во април 1945 г., во Хавана, Куба, како замена за Меѓународно здружениа за воздушен сообраќај, основано во 1919 г. во Хаг, Холандија. Кога беше формирана IATA имаше 57 членови од 31 нација, најголемиот дел од Европа и Северна Америка. Денеска има повеќе од 240 членови од повеќе од 140 држави од целиот свет.
За пресметување на цената IATA го има поделено светот во три региони:
- Јужна, Средна и Северна Америка.
- Европа, Близок Исток и Африка. IATA Европа ги вклучува и државите како Турција, Израел, Мароко, Алжир и Тунис.
- Австралија, Азија, Нов Зеланд и островите во Тихиот Океан.
Со оваа распределба, на авиопревозниците им се дало право да се консултираат за висината на цените ако се членови од ист регион. Но, здружението исто така била обвинета дека работи како картел, и со тоа многу нискобуџетни авиопревозници не се членови на IATA. Во 2005 година, Нили Крос, европскиот комесар за конкурентност на пазарот дал предлог за отстранување на усогласувањата на цените. Во јули 2006 година, американскиот оддел за превоз исто така се изјаснил за отстранување на усогласувањето на цените. IATA одредува повикувачки кодови од 3 букви за обележување на аеродроми и повикувачки кодови од 2 букви за повикување на авиопревозници кои се користат низ целиот свет. IATA е водечка во светот во акредитација на туристички агенции со исклучок на САД. Дозвола за продажба на авионски билети е дозволена преку IATA на национално ниво.
IATA исто така ја одржува Timatic базата со податоци која содржи информации за патниците кои патуваат од една држава до друга по авионски пат. Користена е од авиопревозниците за да одредат дали на патникот му е дозволен пристап до саканата држава.
Во 2004 година, IATA го претставила пакетот „Поедноставување на бизнисот“ - пакет од пет иницијативи со кои со планира да се заштедат околу 6,5 билиони американски долари секоја година од авиопревозниците низ целиот свет.