Браќа Рајт
Браќата Вилбур и Орвил Рајт се едни од најзначајните личности на 20 век и едни од најзаслужните за развојот на воздухопловството во последниве 100 години, а со тоа и напредокот на целата економија и технологија во денешниот свет. На 17 декември 1903 година, со леталото „Флаер - 1“, Орвил го извршил првиот лет со машина потешка од воздухот (дотогаш летањето единствено било можно се балон на топол воздух). Првиот лет бил долг 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри, и траел само 12 секунди.[1] Иако летот бил мошне кус, со ова тие ги крунисале бројните напори од тоа време за изработка на летачки машини, и со тоа влегле во историјата на воздухопловството.
Орвил Рајт | ||
Роден | 19 август 1871 Дејтона, Охајо | |
---|---|---|
Починал | 30 јануари 1948 (на 76 г.) Дејтона, Охајо | |
Занимање | печатар/издавач, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање | |
Сопружник | нема |
Вилбур Рајт | ||
Роден | 30 јануари 1867 Милвил, Индијана | |
---|---|---|
Починал | 30 мај 1912 (на 45 г.) Дејтона, Охајо | |
Занимање | печатар/уредник, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање | |
Сопружник | нема |
Биографски податоци
уредиРодени се во семејството на бискупот Милтон Рајт,[1] и се двајца од четворицата синови на Сузан Катрин Рајт. Во нивната фамилија постои и едно женско дете Катерина. Вилбур, третородениот, е роден на мала фарма во близина на Миливил, Индијана на 16 април 1867 година, додека Орвил (1871-1948) и подоцна Катерина се родени во Дејтона. Нивниот татко константно ги менувал работните места, така што целата фамилија менувала живеалишта, иако куќата во Дејтона останала долго време во сопственост на семејството.
Нивното домаќинство било место каде што децата постојано биле стимулирани за својот ментален напредок. Орвил за своето детство пишува: „Ние ја имавме среќата да живееме во оклина во којашто постојано бевме охрабрувани да ги гониме своите интелектуални интереси; да истражуваме и прнаоѓаме сѐ што ќе нѝ паднеше на памет“. Куќата поседувала две библиотеки: книгите за теологија биле чувани во канцеларијата на бискупот, додека на подолниот кат се чувала голема и разновидна колекција. Иако бискупот Рајт бил строг човек, двата родители биле грижливи кон своите деца.
Семејството се преселува од Ричмонд, Индијана, назад во Дејтона во јуни 1884 година истиот месец кога Вилбур требало да дипломира. За несреќа, тој го напушта Ричмонд без да ја подигне својата диплома и наредната година се враќа во Централната Гимназија за понатамошни студии по старогрчки јазик и тригонометрија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Telegram from Orville Wright in Kitty Hawk, North Carolina, to His Father Announcing Four Successful Flights, 1903 December 17“. World Digital Library. 1903-12-17. Посетено на 2013-07-22.