Аеродром Никола Тесла


Аеродромот Никола Тесла во Белград (IATA: BEG, ICAO: LYBE) — најпрометен аеродром во Србија, исто така познат и како Аеродром Сурчин, по името на населбата во близина на аеродромот. Именуван по Никола Тесла, аеродромот е сместен на некои 12 км од центарот на Белград. Националниот авиопревозник Ер Србија го користи аеродромот како своја база.

Аеродром Никола Тесла
Logo of Belgrade Nikola Tesla Airport.svg
BAM-68-Kompleks AB-JAT-MVB.jpg
Општо
СопственикВлада на Србија
ОператорVINCI Airports Србија
Служи заБелград
МестоположбаСрбија
Јазол за
Надм. височина336 ст / 102 м
Мрежно местоbeg.aero
Карта
BEG is located in Србија
BEG
BEG
Местоположба во Србија
Писта
Правец Должина Површина
ст м
12/30 11.155 3.400 асфалт
Статистика (2020)
Патници1.904.000 69,08%
Товар (тони)20.064 1,6%
Движења на авиони70.356

ИсторијаУреди

Првиот меѓународен аеродром во Белград беше отворен во 1927 година на територијата на Нов Белград. Од февруари 1928 година, првата Југословенски авиопревозник „Аеропут“ започна со превоз на патници од аеродромот. Покрај Аеропут, Air France, Луфтханза, KLM и British Airways го користеле аеродромот сè до почетокот на Втората светска војна. За време на војната, аеродромот беше заземен од германските сили.

Аеродромот по втората светска војнаУреди

Аеродромот беше реновиран во октомври 1944 година и до крајот на војната беше користен од Советскиот Сојуз и Југославија. Цивилниот транспорт беше започнат одново на крајот на 1945 година. На почетокот на 1947 година Jat Airways и JUSTA го презедоа домашниот и меѓународниот сообраќај, и од 1948 година, авиокомпании од други земји започнаа да го користат повторно аеродромот. Сообраќајот се зголемуваше постепено и со доаѓањето на ерата на аеродроми на млазен погон. Во меѓувреме се дојде со план за изградба на нов аеродром на територијата на Нов Белград.

Изградбата на новиот аеродромУреди

По завршувањето на втората светска војна, конструкцијата на модерен аеродром стана приоритет на Југословенските власти. Новата локација избрана за изградба на аеродромот беше во близина на населбата Сурчин. Благодарение на визијата на одговорните лица за изградба на аеродромот, два важни услови беа исполнети: одлична локација која ги исполнува сите навигациски, метереолошки, градежни, технички и сообраќакни услови и специјална птотреба од план за развој на аеродромот на долги патеки. Експертите од бирото за планирање на град Белград, на чело со архитектот Никола Добрович ги направија прелиминарните планови за новиот аеродром. Развојот и реализацијата на идејата беше преземена од планот на одделот за цивилно воздухопловство од 1953 година. Изградбата на аеродромот започна во април 1953 гоаин и заврши на 28 април 1962 година, кога официјално беше отворен од Претседателот Јосип Броз Тито.

ТерминалиУреди

Аеродромот Никола Тесла во Белград има два терминали, со реконструиран Терминал 2 од 14 мај 2006 година.

Терминал 1Уреди

 
Терминал 1 од надвор

Терминалот 1(Т1), беше првиот терминал уште од стартот на работење на аеродромот. По завршувањето на унијата меѓу Србија и Црна Гора во 2006 година, портите на терминалот започнаа да се користат за меѓународни летови. Сите патници сега се чекираат на Терминалот 2, иако по завршувањето на процедурата, патниците повторно се враќаат на терминалот 1. Терминалот има 8 парти, А1 - А8.

Терминал 2Уреди

Терминалот 2 беше конструиран за време на 80-тите години од минатиот век. По 2 години на реновирање, терминалот беше отворен повторно во МАј 2006 година. Терминалот има капацитет од 5 милиони патници ан годишно ниво. Исто така, терминалот има 6 порти, Ц1 - Ц6.

Превозници и одредиштаУреди

Товарни превозницџиУреди