Љубљаница (словенечки: Ljubljanica) — река во Словенија која тече низ главниот град Љубљана. Се издига на југ сè до населеното место Врхника и се влева во реката Сава околу 10 км низводно од Љубљана. Нејзината најголема притока е каналот Мали Грабен.[3] Вклучувајќи го нејзиниот извор блиску до Мала Љубљаница словенечки: Mala Ljubljanica, реката е во должина од 41 км.[1] Малата Љубљаница се приклучува кон Голема Љубљаница (словенечки: Velika Ljubljanica) после 1,300 м и реката го продолжува својот тек како Љубљаница.

Љубљаница
Љубљаница во Љубљана
Местоположба
ДржаваСловенија
Физички особености
Извор 
 • местоРетовје45°57′5″N 14°17′41″E / 45.95139° СГШ; 14.29472° ИГД / 45.95139; 14.29472, Љубија45°57′11″N 14°18′0″E / 45.95306° СГШ; 14.30000° ИГД / 45.95306; 14.30000, Бистра
 • координати45°56′51″N 14°20′3″E / 45.94750° СГШ; 14.33417° ИГД / 45.94750; 14.33417
 • надм. вис.300 м [1]
Устие 
 • место
Подград
 • координати
46°4′11″N 14°38′20″E / 46.06972° СГШ; 14.63889° ИГД / 46.06972; 14.63889
 • надм. вис.
260 м [1]
Должина41 км (вклучувајќи ја Мала Љубљаница) [1]
Големина на сливот1,860 км2[2]
Проток 
 • просечен25 м3/с (кај изворот близу Врхника), 55 м3/с (кај истекот во Мосте)
Особености на сливот
ТечениеСаваДунавЦрно Море

Љубљаница претставува продолжение на неколку карстни реки што течат од Президско Поле со Врхника на површината и под земја во пештери, па на реката поетски ѝ се даваат шест имиња: Трбуховица, Обрх, Стржен, Рак, Пивка, Уница и Љубљаница.

Археолошка важност

уреди

Љуљбаница е популарно археолошко наоѓалиште како за археолозите, така и за дивите копачи кои нуркаат во неа во потрега на изгубени наоди од дамнешни времиња. Во текот на реката помеѓу Љубљана и Врхника изобилува со наоди од каменото време до ренесансата, кои припаѓаат на различни групи, од древни месни култури, па сè до попознатите како Старите Римјани и Келтите.[4] Еден од позначајните наоди е врв на копје од тиса, пронајден во 2009 година во Сиња Горица. Датирано е од околу 35.000 до 45.000 пред сегашниот, селетски период, и ги надополнува скудните податоци за присуството на ловци од камено доба во областа на Љубљанското Блато.[5]

Сè уште е спорна причината зошто старите народи ставале предмети во реката, но највеќето историчари се повикуваат на месните преданија кои од памтивек ја сметаат реката за света. Овие предмети веројатно биле дарови за реката при важни настани или обреди, за заблагодарување или за барање помош од неа.

Како таква реката Љуљбаница станала мошне популарна кај копачите по богатства. Се смета дека досега од реката се извадени 10.000-13.000 предмети со кои јавноста е сосем незапознаена. Многу вакви предмети се продадени на приватни лица, или пак се скриени кај трагачите. Како мерка, словенечкото Собрание во 2003 година ја изгласала реката за национално богатство и го забранила нуркањето без дозвола.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas, Statistical Office of the Republic of Slovenia
  2. „Sava River Basin Analysis Report“ (PDF). International Sava River Basin Commission. September 2009. стр. 13. Архивирано од изворникот (PDF, 9.98 МБ) на 17 јули 2010.
  3. „Občinski program varnosti občine Brezovica“ [Municipal programme of the Municipality of Brezovica] (словенечки). 2010. стр. 35. Архивирано од изворникот на 19 јули 2011. Посетено на 14 февруари 2023.
  4. Kaufmann, Carol (јан 2007). "A River's Gifts". National Geographic Magazine. 150-7.
  5. „Na Barju našli leseno ost sulice, staro 38.000 do 45.000 let“ [A 38,000 to 45,000 Year Old Wooden Spearhead Found in the Ljubljana Marsh] (словенечки). Slovenian Press Agency. 6 мај 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-25. Посетено на 14 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди