Елена Исинбаева
Елена Гаџиевна Исинбаева (руски: Елена Гаджиевна Исинбаева, 3 јуни 1981 во Волгоград) — руска атлетичарка која се натпреварува во техничката дисциплина скок со стап. Таа е трикратна светска и олимписка првенка од светските првенства во 2005 и 2007 година и Олимписките игри во 2004 и 2008 година. Од Меѓународната атлетска федерација беше избрана за атлетичарка на годината во 2004 и 2005, а според Лауреј беше избрана за спортистка на 2006. На 22 јули 2005 на атлетскиот митинг во Кристал Палас, Исинбаева стана првата жена која што прескокнала 5.00 м.
Медали | ||
---|---|---|
Елена Исинбаева | ||
Натпреварувач за Русија | ||
Женска Атлетика | ||
Олимписки игри | ||
Атина 2004 | ||
Пекинг 2008 | ||
Лондон 2012 | ||
Светски првенства | ||
Париз 2003 | ||
Хелсинки 2005 | ||
Осака 2007 | ||
Москва 2013 | ||
Светски првенства на затворено | ||
Бирмингам 2003 | ||
Будимпешта 2004 | ||
Москва 2006 | ||
Валенсија 2008 | ||
Истанбул 2012 | ||
Европски првенства | ||
Минхен 2002 | ||
Гетеборг 2006 | ||
Европски првенства на затворено | ||
Мадрид 2005 |
На само 25 години за Елена се сметаше дека е најдобрата натпреварувачка во скок со стaп во историјата. Таа има освоено 8 златни медали на големите натпреварувања.
Нејзините лични рекорди се 5,06 м на отворено поставен на 28 август 2009 на петтиот митинг од Златната лига во Цирих и 5,01 м во сала поставен во февруари 2012.
Нејзината мајка е Русинка, додека нејзиниот татко е Табасаранец.
Кариера
уредиДо 2002
уредиОд својата петта, па сè до петнаесетта година, Елена тренирала гимнастика во својот роден град Волгоград. Но, поради нејзината висина од 1,74 m, Елена морала да се откаже од гимнастиката Со атлетика започанала да се занимава на 15 години.
Првото големо натпреварување на кое настапи беше Светското јуниорско првенство во 1998 одржано во Анси, Франција каде што прескокна 4,00m, но за 10 cm недоволно да освои медал.
Наредната 1999, на Светското јуниорско првенство во Бидгос, Полска, Елена доволно напредна, па со својата покава и скок од 4,10m го освои својот прв златен медал. Наредната 2000, Елена со прескокнати 4,20m успеа да го одбрани златото освоено една година пред тоа.
Елена Исинбаева дебитираше на Олимписките игри, со својот настап на игрите во Сиднеј во 2000.
На Европското јуниорско првенство во 2001, Исинбаева го освои златниот медрал со прескокнати 4,40 m.
Во 2002, на Европското првенство во атлетика, таа заврши веднаш зад нејзината голема конкурентка Светлана Феофанова, со прескокнати 4,55 m, само за 5 cm недоволно за златниот медал.
2003
уредиВо 2003, Исинбаева напредуваше со што се појави при самиот врв на светската атлетска сцена. На Европското првенство во атлетика за натпреварувачи до 23 години, Елена го освои златниот медал со прескокнати 4,65m. На 13 јули, на митингот одржан во Гејтшед, таа го сруши и светскиот рекорд, поставувајќи нов во висина од 4,82 m. Истата 2003, Елена Исинбаева се појави и на Светското првенство во Париз каде што го освои бронзениот медал.
2004
уредиВо 2004, Исинбаева започна во силно темпо, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство во атлетика во сала со прескокнати 4,86m, победувајќи ги најголемите конкурентки:Стејси Драгила и Светлана Феофанова.
На 27 јуни во Гејтштад, Елена постави нов светски рекорд со прескокнати 4,87m. Но ,тој рекорд беше срушен од страна на Светлана Феофанова, на митингот во Ираклион веќе наредната седмица.
На 25 јули, во Бирмингем, Елена прескокна 4,89m поставувајќи нов светски рекорд, кој го подобри за еден сантиметар во Кристал Палас, само 5 дена подоцна.
На Летните олимписки игри во Атина, Елена Исинбаева го освои златниот медал, поставувајќи нов светски рекорд со прескокнати 4,91m.
Сјајната 2004, Елена ја заврши со уште еден светски рекорд , поставен на меморијалот ван Даме во Брисел со прескокнати 4,92m.
2005
уредиВо јули 2005, Исинбаева го сруши светскиот рекорд 4 пати на 3 различни метинзи. Најпрвин, таа тоа го стори на митингот во Лозана (4,93m), Мадрид единаесет дена подовна (4,95m) и на 22 јули во Кристал Палас каде што постави 2 светски рекорди. Понесена од својата тактика на рушење на светски рекорди сантиметар по сантиметар, Исинбаева прескокна 4,96m. Но, публиката бараше скок на висина од 5,00m, на што Исинбаева се согласи и со тој светски рекорд стана првата жена којашто прескокнала 5,00m.
На Светското првенство одржано во Хелсинки, Елена прескокна 5,01m со што го освои златниот медал поставувајќи нов светски рекорд.
2006
уредиНа 12 февруари 2006 во Донецк, Елена постави нов светски рекорд во сала прескокнувајќи 4,91m. Таа го освои и златниот медал на Европското првенство во Гетеборг, а од Лауреј беше прогласена за спортистка на 2006.
2007
уредиНа 10 февруари 2007 во Донецк, Исинбаева го сруши светскиот рекорд во сала , прескокнувајќи 4,93m со што го постави својот 20. светски рекорд.[1]
На 28 август 2007, таа ја одбрани светската титула, победувајќи на Светското првенство во Осака со прескокнати 4,93m и со неуспешен обид за соборување на светскиот рекорд на висина од 5,02m.
2008
уредиНа 16 февруари 2008 во Донецк, Елена го постави својот 21. светски рекорд, прескокнувајќи 4,95m во сала. Неколку седмици подоцна, Исинбаева победи и на Светското првенство во сала одржано во Валенсија.[2]
На 11 јули во Рим, Исинбаева по двегодишен неуспех успеа да ја помести гранивата на светскиот рекорд од 5,01m на 5,03m. неколку денови потоа, таа го сруши и овој рекорд, поставувајќи нова граница од 5,04m на митингот во Монако одржан на 29 јули.[3]
На 18 август 2008, Елена го освои своето второ злато на Олимписките игри, прескокнувајќи нов светски рекорд од 5,05m во Пекинг.
2009
уредиВо 2009, Исинбаева ја започна годината со тоа што стана првата жена којашто прескокна 5 m во сала. Таа најпрвин го подобри светскиот рекорд со скокот од 4.97 m, а потоа имаше успешен обид и на 5.00 m. И двата скока, Исинбаева ги имаше на натпреварувањето „Скок со стап на ѕвездите“ одржано на 15 февруари во Донецк. Со тоа, Елена шеста година по ред го сруши светскиот рекорд во дисциплината скок соп стап во сала.[4] Сепак, и покрај разочарувачкото издание на светското првенство, на 28 август, на митингот од Златната лигга во Цирих, таа победи, поставувајќи нов светски рекор, со прескокнати 5,06m.
2010
уредиНа светското првенство во сала, кое во 2010 година се одржа во Доха, Исинбаева го зазеде само четвртото место, по што се одлучи да направи прекин во својата кариера, со цел да се подготви за претстојните големи натпреварувања.
2011
уредиВо 2011, Исинбаева се врати на големите натпреварувања, настапувајќи на светското првенство во Тегу, на коешто го освои шестото место со прескокнати 4,65 m.
2012
уредиНа Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Исинбаева го освои третото место и бронзениот медал со прескокнати 4,65 m.
2013
уредиВо 2013 година, Исинбаева го освои златниот медал на светското првенство во Москва со прескокнати 4,89 m. Со тоа, таа го освои своето трето златно на светските првенства и прво по пауза од шест години.
Тактика
уредиЕлена Исинбаева за свој идол го има големиот шампион во скок со стап Сергеј Бубка. Нејзината тактика за уривање на светскиот рекорд е слична како и неговта, сантиметар по дентиметар.
Пред почетокот на секој свој обид, Елена со неколку зборови ја одржува својата концентрација. Таа изјави дека никогаш нема да открие кои се тие збоирови, но многумина сметаат дека таа му се обраќа на стапот. На светското првенство во Берлин, Исинбаева загуби по вторпат во годината, неуспевајќи да прескокне еднаш на 4.75m и двапати на 4.80m. Таа загуби од Ана Роговска, која претходно ја победи на Гран при митингот во Лондон во мај.[5]
Наводи
уреди- ↑ Sports Illustrated 2007[мртва врска]
- ↑ „IAAF World Indoor Championships, Valencia, 08-Mar-2008“. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ Isinbayeva 5.04m World record; another four season leads in Monaco
- ↑ Исинбаева започна со светски рекорд со прескокнати 5.00 m во Донецк! Архивирано на 23 јуни 2009 г. - Објавено
- ↑ Cherry, Gene (2009-08-17). „Poland's Rogowska ends Isinbayeva's streak“. Посетено на 2009-08-17.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на Елена Исинбаева Архивирано на 18 декември 2014 г. (англиски)
- Елена Исинбаева - НеОфицијална страница Архивирано на 22 февруари 2007 г. (англиски)
- Слики со Елена Исинбаева (англиски)