Светско првенство во атлетика 2009
12. Светско првенство во атлетика (германски: 12. IAAF Leichtathletik WM Berlin 2009) било одржано во Берлин, Германија од 15-23 август. Поголемиот дел од натпреварите се одржале на Олимпискиот стадион, додека маратонот и трките во брзо одење започнале и завршиле пред Бранденбуршката порта.
Светско Првенство во Атлетика 2009 | |
---|---|
Домаќин: | Берлин, Германија |
Датум: | 15 - 23 август |
Главен стадион: | Олимписки стадион |
Број на држави: | 202 |
Број на натпреварувачи: | 2101 |
Натпревари | 47 |
Орагнизација
уредиИзбор
уредиБерлин бил избран како организатор на ова првенство на 6 декември 2009, победувајќи ги кандидатурите на Сплит (Хрватска), Валенсија (Шпанија), Бризбејн (Австралија), Брисел (Белгија), Делхи (Индија), Казабланка (Мароко) и Тегу (Јужна Кореја).[1] Градот Берлин и Германската Атлетска Асоцијација биле одговорни за организацијата на ова првенство. Комитетот за Организација Берлин 2009, корпорација создадена од DLV во 2005, ќе ја надгледувала организацијата на натпреварувањето.[2]
Финансии
уредиПоради добро организираните Светско првенство 1974 и Светско првенство 2006 во фудбал како и Светското првенство во атлетика 1993 и олимписките игри 1936 и 1972, претседателот на Меѓународната Асоцијација на Атлетски Федерации Ламин Диак бил уверен дека првенството ќе биде добро организирано. Организаторите на првенството објавиле буџет од 49,5 милиони евра за организирање на настанот, вклучувајќи ги и трошоците за патувањето и сместувањето на сите спортисти. Приходите изнесувале 17 милиони евра од продажба на билетите и 7 милиони евра од маркетингот. Градот Берлин покрил дефицит од 20 милиони евра.
Генерално, настанот бил економски успешен за главниот град на Германија. Во периодот од 9 дена, биле продадени вкупно 417,156 билети, а се проценува дека посетителите потрошиле во градот околу 120 милиони евра. Како резултат на тоа, градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт изјавил дека градот ќе размисли за организирање на друг настан во иднина, како на пример Европското првенство во атлетика 2016.
Стадион
уредиПрвенството се одржало на Олимпискиот Стадион во Берлин, кој е со капацитет од 74,845 седишта, кои бил реновиран со 242 милиони евра за Светско првенство во фудбал 2006. Маратонски трки како и трките во брзо одење, својот старт и цел го имале кај Бранденбуршката Порта, а трките се одвивале по познатиот булевар на липите, Парискиот плоштад, како и низ другите знаменитости во градот. Се проценува дека биле продадени околу 400,000 билети за првенството.
Награда од 100.000 американски долари била доделена на секој спортист што успеал да собори светски рекорд на првенството.
Резултати
уредиМажи
уредиПатека
уреди* Натпреварувачи кои се натпреварувале во преелиминациите и добиле медал.
Поле
уредиДисциплина | Злато | Сребро | Бронза | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Скок во височина подробно |
Јарослав Рибаков (РУС) | 2.32 | Киријакос Јоану (КИП) | 2.32 | Силвестер Беднарек (ПОЛ) | 2.32 |
Раул Шпанк (ГЕР) | 2.32 | |||||
Скок со стап подробно |
Стивен Хукер (АВС) | 5.90 | Ромен Меснил (ФРА) | 5.85 | Рено Лавилени (ФРА) | 5.80 |
Скок во далечина подробно |
Двајт Филипс (САД) | 8.54 | Годфри Котсо Мокоена (ЈАР) | 8.47 | Мичел Вот (АВС) | 8.37 |
Трискок подробно |
Филипс Идову (ВБР) | 17.73 WL |
Нелсон Евора (ПОР) | 17.55 | Алексис Копело (КУБ) | 17.36 |
Фрлање ѓуле подробно |
Кристијан Кантвел (САД) | 22.03 WL |
Томаш Мајевски (ПОЛ) | 21.91 | Ралф Бартелс (ГЕР) | 21.37 PB |
Фрлање диск подробно |
Роберт Хартинг (ГЕР) | 69.43 PB |
Пјотр Малаховски (ПОЛ) | 69.15 NR |
Герд Кантер (ЕСТ) | 66.88 |
Фрлање копје подробно |
Андрес Торкилдсен (НОР) | 89.59 SB |
Гуљелмо Мартинес (КУБ) | 86.41 SB |
Јукифуми Мураками (ЈАП) | 82.97 |
Фрлање кладиво подробно |
Примож Козмус (СЛО) | 80.84 SB |
Шимон Зјолковски (ПОЛ) | 79.30 SB |
Алексеј Загорњи (РУС) | 78.09 |
Десетобој подробно |
Треј Харди (САД) | 8790 WL |
Леонел Суарез (КУБ) | 8640 |
Александар Погорелов (РУС) | 8528 PB |
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд |
Жени
уредиПатека
уреди* Натпреварувачки кои се натпреварувале во преелиминациите и добиле медал.
Поле
уредиДисциплина | Злато | Сребро | Бронза | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Скок во височина подробно |
Бланка Влашиќ (ХРВ) | 2.04 | Ана Чичерова (РУС) | 2.02 | Аријане Фридрих (ГЕР) | 2.02 |
Скок со стап подробно |
Ана Роговска (ПОЛ) | 4.75 | Моника Пирек (ПОЛ) | 4.65 | ||
Челси Џонсон (САД) (SB) | ||||||
Скок во далечина подробно |
Бритни Рис (САД) | 7.10 WL |
Татјана Лебедева (РУС) | 6.97 SB |
Марин Меј Мелис (ТУР) | 6.80 |
Трискок подробно |
Јархелис Савињ (КУБ) | 14.95 | Мабел Геј (КУБ) | 14.61 SB |
Ана Пјатих (РУС) | 14.58 |
Фрлање ѓуле подробно |
Валери Вили (НЗЛ) | 20.44 | Надин Клајнерт (ГЕР) | 20.20 PB |
Гонг Лиџиао (КИН) | 19.89 PB |
Фрлање диск подробно |
Дани Самјуелс (АВС) | 65.44 PB |
Јарелис Бариос (КУБ) | 65.31 SB |
Николета Грасу (РОМ) | 65.20 SB |
Фрлање копје подробно |
Штефи Неријус (ГЕР) | 67.30 SB |
Барбора Шпотакова (ЧЕШ) | 66.42 | Марија Абакумова (РУС) | 66.06 |
Фрлање кладиво подробно |
Анита Влодарчик (ПОЛ) | 77.96 WR |
Бети Хајдлер (ГЕР) | 77.12 NR |
Мартина Храснова (СВК) | 74.49 |
Седмобој подробно |
Џесика Енис (ВБР) | 6731 WL |
Џенифер Езер (ГЕР) | 6493 PB |
Камила Худзик (ПОЛ) | 6471 SB |
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд |
Табела на медали
уредиДомаќин (Германија)
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 10 | 6 | 6 | 22 |
2 | Јамајка | 7 | 4 | 2 | 13 |
3 | Кенија | 4 | 5 | 2 | 11 |
4 | Русија | 4 | 3 | 6 | 13 |
5 | Полска | 2 | 4 | 2 | 8 |
6 | Германија | 2 | 3 | 4 | 9 |
7 | Етиопија | 2 | 2 | 4 | 8 |
8 | Обединето Кралство | 2 | 2 | 2 | 6 |
9 | ЈАР | 2 | 1 | 0 | 3 |
10 | Австралија | 2 | 0 | 2 | 4 |
11 | Бахреин | 2 | 0 | 1 | 3 |
12 | Куба | 1 | 4 | 1 | 6 |
13 | Кина | 1 | 1 | 2 | 4 |
14 | Норвешка | 1 | 1 | 0 | 2 |
15 | Шпанија | 1 | 0 | 1 | 2 |
16 | Барбадос | 1 | 0 | 0 | 1 |
16 | Хрватска | 1 | 0 | 0 | 1 |
16 | Нов Зеланд | 1 | 0 | 0 | 1 |
16 | Словенија | 1 | 0 | 0 | 1 |
20 | Франција | 0 | 1 | 2 | 3 |
20 | Тринидад и Тобаго | 0 | 1 | 2 | 3 |
22 | Бахами | 0 | 1 | 1 | 2 |
22 | Јапонија | 0 | 1 | 1 | 2 |
24 | Канада | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Кипар | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Чешка | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Еритреја | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Ирска | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Панама | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Португалија | 0 | 1 | 0 | 1 |
24 | Порторико | 0 | 1 | 0 | 1 |
32 | Естонија | 0 | 0 | 1 | 1 |
32 | Мексико | 0 | 0 | 1 | 1 |
32 | Катар | 0 | 0 | 1 | 1 |
32 | Романија | 0 | 0 | 1 | 1 |
32 | Словачка | 0 | 0 | 1 | 1 |
32 | Турција | 0 | 0 | 1 | 1 |
Вкупно | 47 | 48 | 47 | 142 |
Сите информации преземени од мрежното место на ИААФ.[3]
Наводи
уреди- ↑ IAAF News No.69. IAAF (20 јули 2004) Посетено на 14 август 2009
- ↑ Event Information - FAQ Berlin 2009 Посетено на 14 август 2009
- ↑ „2009 World Championships medal table“. Архивирано од изворникот 2009-09-08. Посетено на 16 August 2009.
„Светско првенство во атлетика 2009“ на Ризницата ? |