VH1
VH1 (Видео Хитови Еден) е американска платена телевизиска мрежа со седиште во Њујорк, во сопственост на ViacomCBS. Првично создадена од страна на Warner-Amex Satellite Entertainment, во времето на поделбата на Warner Communications и оригиналниот сопственик на MTV. Била пуштена во етер на 1 јануари 1985 година, на честотата на Cable Music Channel, на Тurner Broadcasting System.
VH1 | |
---|---|
Отпочната | јануари 1, 1985 |
Сопственик | ViacomCBS Domestic Media Networks |
Формат на слика | 1080i HDTV (downscaled to letterboxed 480i for the SDTV feed) |
Слоган | We complete you |
Држава | САД |
Јазик | Англиски |
Област на емитување | На национално ниво |
Седиште | Њујорк, САД |
Претходно име | VH-1/VH-1: Video Hits One |
Заменета | Cable Music Channel |
Сестрински канал(и) | |
Веб-страна | vh1.com |
Достапност | |
Сателитска телевизија | |
Orby TV | Channel 287 |
Dish Network | Channel 162 |
DirecTV | Channel 335 |
DirecTV Caribbean | Channel 262 |
IPTV | |
Verizon FiOS | Channel 217 (SD) Channel 717 (HD) |
AT&T U-verse | Канал 518 (SD) Канал 1518 (HD) |
Семрежно емитување | |
Sling TV | Internet Protocol television |
Philo (company) | Internet Protocol television |
Каналот првично бил замислен со цел да го постигне успехот на сестринскиот канал MTV со емитирање музички видеа, но наменети за повозрасна публика од онаа на MTV. Фокусот требал да се стави на полеснa популарна музика.[1] Слично на MTV, и VH1 на крајот сепак од музички видеа се преориентира на риеилити програми, со фокусирање на славни личности и музички ѕвезди, наменета за женска целна публика.
Во јануари 2016 година, речиси 90,2 милиони домаќинства во САД биле приклучени на VH1.
Историја
уредиФормат и VJs (1985-89)
уредиПрвичната идеја за VH1 била пласирање на лесна поп-музика, вклучувајќи музичари како Оливија Њутн-Џон, Кени Роџерс, Карли Сајмон, Тина Тарнер, Елтон Џон, Били Џоел, Ерик Клептон, Стинг, Дона Самер, Род Стјуарт, Кени Џи, Мајкл Болтон, Анита Бејкер, Чикаго и Флитвуд Мек. Каналот требал да привлече публика на возраст од 18 до 35 години, па дури и постари. На почетокот често биле емитирани видеа од концертите и снимените изведби од Мотаун и други музички нумери од 1960-тите. На 1 јануари 1985, каналот дебатирал со снимката на The Star-Spangled Banner на Марвин Геј, кој умрел една година пред каналот да биде пуштен во етер.
Од самиот почеток, VH1 бил брендиран како урбана верзија на својот сестрински/родителски канал. На каналот повеќе била пуштана џез и Р&Б музика отколку на MTV.
Првите водители биле радио ветераните: Дон Имус (од WNBC), Френки Крокер (од WHTZ), Џон Бауман (од Sha Na Na), Боби Риверс и Рита Кулиџ.
VH1 во раните денови емитувал програма насловена "Нови Визии", серија на студиски настапи на smooth jazz, класични и new-age бендови и изведувачи, вклучувајќи ги Спирогира, Енди Нарел, Марк Ишам, Филип Глас, и Џани. На почеток програмата ја воделе повеќе различни музичари, но на крајот музичарот и кант-авторот Бен Сидран станал постојан водител.
"New Age" музичките видеа продолжиле да се емитуваат на каналот и во 1990-тите години, со термин во неделата наутро, во музички блок од два часа со наслов "Sunday Brunch."
Почетоци (1989-1994)
уредиVH1 по неколку години од основањето главен фокус ставал врз класичниот рок и поп нумерите од 1980-тите години. Во еден период се емитирале и музички видеа со кантри-музика во едночасовен блок во попладневните часови.
Во тој период се емитувала и друга програма. Освен музичката, имало и емисија со комичарката Рози О'Донел, во која учествувале и други комичари, аматери и ветерани, под име "Stand Up Spotlight ".
Во тој период најпопуларни биле долгите тематски музички блокови, распределни според изведувачите, годината кога се изведувани, или видот на музиката. Една од најпопуларните викенд програми од овој серијал била "Премотај ја лентата", во која се пуштале блокови со музички нумери од 1980-тите години.
Исто така, во 1991 година, голема популарност стекнала утринската програма наречена "Хитови, вести & времето" што се давала од 7 до 9 часот наутро (подоцна била продолжена до 10 часот). Таа била составена од емитување на стари и нови музички видеа, заедно со 90 секунди вести и временска прогноза. Оваа идеја згаснала во пролетта 1994 година, една недела пред каналот да се ребрендира.
VH1 Наградна игра - Шевролет корвети за гледачите
уредиЗа да стигнат до поширока и помлада публика, VH1 во 1990 година организирал голема наградна игра. Премија биле 36 автомобили од колекцијата „Chevrolet Corvettes“, сите модели почнувајќи од 1953 година. Колекцијата во тоа време била проценета на над 1 милион американски долари. Гледачите се квалификувале за учество со јавување на телефон, по цена од 2 долари по повик. Во натпреварот учествувале над 4 милиони гледачи. Наградата ја добил маж од Лонг Ајленд, Њујорк, кој веднаш ја продал целата колекција на уметникот Питер Макс за 500.000 долари. Макс имал намера да ги искористи автомобилите за уметнички проект, но тоа никогаш не се случило и целата колекција завршила заборавена на подземен паркинг во Њујорк, повеќе од 20 години, речиси целосно уништена.
VH1: Прво музика (1994-2003)
уредиВо Мај 1994 година, поради опаѓање на рејтингот, VH1 се ребрендирал во VH1: Музика Прво (англ. VH1: Music First). Во периодот од 1994-1998 година стартувал серијалот „Историја на музички видеа од А до Ш“. Во овој блок се емитирале мини маратони на видеа поделени според изведувачите. Во 1996 година, VH1 почнал сè повеќе да наликува на сестринскиот канал MTV. На плејлистата сè повеќе се вклучувале рок нумери. Полека, но сигурно, рејтингот повторно почнал да опаѓа.
Видео Одбројување
уредиКако дел од ребрендирањето на VH-1 во 1994 година, каналот започнал нова серија, "VH1 Топ 10 Одбројување". На топ листата се наоѓаат 10 музички видеа одбрани во текот на една недела. Изборот се прави според: продажбата на плочите, радио емитирањата, барањата на гледачите. Шоуто, во 2015 година, било преименувано во "Топ 20 Одбројување", а кон крајот на истата година било откажано.
Pop-Up Видео
уредиЕсента 1996 година, VH1 премиерно ја емитувал емисијата Pop-Up Видео, во кое музички видеа се илутрирани со "pop-ups" (познати како "меурчиња") во кои се појавувале информации и интересни факти за групите и пејачите, нивните кариери, цитати и анегдоти. Во тој период ова било најгледано шоу на VH1 .
VH1 Storytellers
уредиВо февруари 1996 година, VH1 повторно имал голем пробив со емисијата, VH1 Storytellers. Шоуто почнало со приказната на Реј Дејвис. Во секоја од епизодите кои траеле по еден час, уметниците се појавувале пред публика (главно мала и интимна), и во живо ги коментирале музичките изведби, кажувајќи анегдоти за песните, како тие настанале, како биле напишани, како реагирала на нив публиката. Заедно со Дејвис, во серијата емисија зеле учество голем број музичари меѓу кои: Калчр Клаб, Вили Нелсон, Џони Кеш, Кени Вест, Том Вејтс, Деф Лепард и Мит Лоф.
Зад Музиката
уредиВо август 1997 година, VH1 направил уште една хит емисија насловена Зад Музиката (Behind the Music).
Во ова шоу биле емитувани интервјуа и биографии на некои од најголемите музички ѕвезди..Премиерната епизода била посветена на Milli Vanilli. Во наредниот период биле прикажани интервјуа и биографии на Queen, Meat Loaf, Тори Ејмос, MC Hammer, Шер, Оасис, Steppenwolf, Флитвуд Мек, TLC, Откачениот Ал Јанковиќ, Megadeth, Бритни Спирс, Селена, Petra, Pantera, Еминем и други.
При крајот на 1990-тите години, шоуто почнало да згаснува.
Легенди
уредиНабргу потоа, VH1 создал слична серија, "Легенди " (првично спонзорирана од страна на AT&T), во која се профилирале музичари со значителен придонес за музичката историја, кои можеле да се оквалификуваат како вистински легенди.
Ова шоу ги опфатило: Aerosmith, Bee Gees, Дејвид Боуви, Џони Кеш, Ерик Клептон, The Clash, Џорџ Клинтон, Сем Кук; Crosby, Stills, Nash & Young; The Doors, Џон Фогерти; Арета Френклин; Марвин Геј; The Grateful Dead; Guns N' Roses; Џими Хендрикс; Мајкл Џексон; Еминем; Елтон Џон; Џенис Џоплин; Би Би Кинг; Лед Цепелин; Џон Ленон; Куртис Мејфилд; Нирвана; Пинк Флојд; The Pretenders; Red Hot Chili Peppers; Queen; Брус Спрингстин; Тина Тарнер; U2; Stevie Ray Vaughan; The Who и Нил Јанг.
VH1 Дива концерти
уредиВо 1998 година, VH1 започнал со емитување на првиот годишен VH1 Дива концерт, со "дивите": Арета Френклин, Мараја Кери, Шанаја Твејн, Глорија Естефан, Селин Дион[2] и специјалната гостинка Керол Кинг. Втората серија на шоуто на "Дивите" била продуцирана во 1999 година со: Витни Хјустон, Тина Тарнер, Шер, LeAnn Rimes, Mary J. Blige, Billy Joel, Chaka Khan, Brandy, и специјалната "дива" Елтон Џон.[3]
Тоа беше огромен успех. Наредните години следеа: Дајана Рос, Дона Самер, Destiny's Child, Kelly Clarkson, Jordin Sparks, Мајли Сајрус, Џенифер Хадсон, Шакира, Дебора Хери, Anastacia, Dixie Chicks, Gladys Knight, Patti LaBelle, Џесика Симпсон.
Метал, алтернативен рок, латино, рап
уредиВо доцните 1990-ти години, VH1 продолжил со трендот на разновидни музички правци, со емисии посветени на алтернативниот рок и метал. Меѓу нив се најдоа и: Red Hot Chili Peppers, Foo Fighters, Stone Temple Pilots, Metallica и други.
На крајот на 2002 година, VH1 на своите топ листи ги стави и раперите.[4] Најновите видеа на Еминем, Nelly, Jay-Z, Snoop Dogg, Busta Rhymes, Missy Elliott и Eve се најдоа на Топ 20.
Каналот им даде простор и на латино-музичарите: Рики Мартин, Марк Ентони, Енрике Иглезиас, Thalía, Шакира.
Ново лого- кутивче (2003-2013)
уредиВо август 2003 година, телевизиската мрежа повторно го смени фокусот, наместо "Музика прво" стави box лого. Настрана се ставија риелити програмите, а фокусот се стави врз поп-носталгијата.
Сакам... серии (2002-2014)
уредиВо 2002 година, VH1 емитувал серијал од десет делови насловен "Ги сакам 80-тите". Серијата била адаптација на серија која во 2000 година се емитувала на Би-би-си. Успехот на овој носталгичен серијал ја поттикнал мрежата да создаде цела серија слични тематски програми, поделени по музички декади.
Најголемите
уредиСеријалот насловен "Најголемите" е стара идеја на топ листи, но овојпат VH1 ги прави тематски. Најпознати се: "100-те најголеми бендови на рок-музиката", "50-те најсекси видео моменти", "100 најдобри песни во последниве 25 години" и др. Во декември 2009 година, истиот серијал продолжил со "100 најшокантни музички моменти".
40 Најлоши
уредиВо 2004 година, VH1 почнал мини-серија насловена "50 најлоши песни, кога и да е". Потоа следуваа: "40 најлоши љубовни песни, кога и да е", "40 најлоши метал песни, кога и да е" итн.
Celebreality
уредиВо јануари 2005 година, VH1 го промовираше својот блок од риелити шоуа под име Celebreality.
Серијалот траел до 2010, со завршното шоу на Џесика Симпсон.
Сегашност (2013 година–денес)
уредиНа 5 јануари 2013, VH1 воведе ново лого кое наликува на првото. Логото има знак "плус" во него, со кое се сугерираат дополнителните содржини во програмата.
Од 2014 година, VH1 се фокусира на афроамериканските музичари.
Во првиот квартал на 2016 година, VH1 објави дека бележи највисок рејтинг во претходниот период од шест години, а во исто време рапидно се зголемува и бројот на претплатници. За тоа се залужни емисиите: Love & Hip Hop, Stevie J & Joseline Go Hollywood, K. Michelle: My Life, Mob Wives.
Исто така, во 2016 година, VH1 ja вратил и поранешната риелити серија America's Next Top Model.
VH1 продолжува со менување на програмата, во согласност со реструктурирање на програмската шема на ViacomCBS од 2017 година.
Сестрински канали во САД
уреди- VH1 Classic: Музички спотови првенствено од 1970-тите и 1980-тите години, но исто така и 1960-тите и 1990-тите, концертни снимки, програма фокусирана на класични хитови и класична рок-музика. Ребрендирана како MTV Classic на 01.08. 2016 година во чест на 35-тата годишнина на MTV.
- VH1 MegaHits: Музички спотови од 1980-тите до почетокот на 2000-те. Поради малата публика, програмата била прекината. Сателитскиот простор го презеде MTV мрежата за емитување на ЛГБТ каналот Лого.
- VH1 Soul: Соул музика, од минатото и денес. Ребрендиран е каналот во Bet Soul на 28 декември 2015 година.
- VH1 UNO: Канал на шпански јазик, со музички видеа на латино поп, рок и класични балади, салса музика.
- VH1 Country: Кантри-музика
Интернет
уредиМрежното место на VH1 е поставен на крајот на 1990-тите години.
Наводи
уреди- ↑ Sherwood, Rick (October 5, 1984). „VH-1 wants adult video viewers“. Spokane Chronicle. (Washington). (New York Times). стр. 11.
- ↑ Pareles, Jon (16 April 1998). „There Are Divas, and There Are Divas“. The New York Times. Посетено на 3 May 2008.
- ↑ Freydkin, Donna (16 April 1999). „VH1's dueling divas belt it out for a good cause“. CNN.com. Посетено на 3 May 2008.
- ↑ Becker, Anne (May 3, 2009). „VH1 Hits a New High Note“. Broadcasting & Cable. Посетено на May 3, 2008.